7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Стерјоска Локвенец: Прилеп веќе подолг период е претворен во град на насилството

Прес конференција во врска со безбедносната состојба во Прилеп денеска,а по повод вчерашниот инцидент со опожарувањето на автомобилот на Рубин Абрашоски, директорот на ЈКП Комуналец Прилеп, денеска одржа Ирена Стерјоска Локвенец од ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп. Ја објавуваме во целост:

„Покрај апелите на градоначалникот и заложбите на Советот на Општина Прилеп и барањето
одговорност на највисоките лица при ПС Прилеп, да бидат преземени посериозни чекори во
борба против секојдневниот криминал во нашата Општина, за жал сведоци сме на уште
поголем хаос.
Овој пат, мета на вандализам беше директорот на Јавното комунално претпријатие
“Koмуналец” – Прилеп, Рубин Абрашоски , чиј автомобил беше опожарен во текот на
вчерашниот ден. ЈКП Комуналец Прилеп, после смена на локалната власт, важи за едно од
водечките претпријатија, преку чија работа, успешно се враќа стариот лик на Прилеп, кој со
претходната локална власт предводена од СДСМ, беше претворен во една огромна дива
депонија, со нечисти улици и запустени парковски површини.
Дали полицијата ќе реагира експресно во конкретниот случај, како што знаела да реагира
експресно во минатото, кога мета на напад биле високи функционери од редовите на СДСМ?!
Или и овој настан ќе остане само обичен настан заведен во билтенот, без никаква одговорност
за сторителот само затоа што оштетен во конкретниот случај е функционер од редот на
ВМРО-ДПМНЕ?!
Прилеп веќе подолг период е претворен во град на насилството, со секојдневни тепачки,
физички напади, грабежи сред бел ден, опожарени возила, град кој турка рекорди во црната
статистика. Што ли треба уште да се случи за Оливер Спасовски, како прв човек на МВР,
преземе конкретни дејствија за надминување на ваквата состојба? Дали ќе се охрабри да
изврши смена на првите луѓе во полициската станица во Прилеп како еден од првите чекори
кон успешно сузбивање на криминалот?
Почитувани,
Новата локална власт продолжува со реализација на ветените проекти во интерес на граѓаните.
Ваквите вандалски чинови ниту ќе заплашат некого, ниту пак ќе го одвратат од намерата да
работи успешно, чесно и домаќински. Прилепчани ги гледаат секојдневните позитивни
промени и наша примарна цел останува да си го вратиме градот на вистинскиот пат“, рече Ирена Стерјоска Локвенец од ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп.

Би можело да ве интересира

За бесправно градење кривична пријава ќе поднесе ОК на ВМРО ДПМНЕ

Елизабета Филипоска

Пачешкоски: градоначалникот на ДПМНЕ е единствениот “татко“ на градот кому му успеало за 24 месеци да не реализира ниту еден единствен проект

Пела Редакција

ОК ВМРО ДПМНЕ: Прилеп и прилепчани, отсекогаш знаеле да ја изберат вистинската страна!

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе