7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

30 денари од наплатата за паркинг простор за ПИВО ФЕСТ-от ќе биде наменет за хуманитарни цели одлучија советниците

На денешната седница советниците ја усвоија Одлуката за проширување на средствата на Буџетот на ЕЛС Општина Прилеп за 2022 година ,а по однос на втората точката од дневниот ред, Одлуката за утврдување на цената за паркирање на патнички моторни возила за време на одржување на ПИВО ФЕСТ 2022

која едногласно беше усвоена, советниците донесоа  заклучок со кој се предвиува 30 денари од предложената сума од 80 денари да биде наменета за хуманитарни цели и тоа за лекување на деца со здравствени проблеми.

Советниците дадоа зелено светло и на Предлог – Оперативната програма за организирање и функционирање на зимската служба на подрачјето на Општина Прилеп за сезона 2022/2023.

На седницата се усвои тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП Пазари – Прилеп за периодот од 01.01.2022 година до 31.03.2022 година,  Одлука за давање согласност на Статутарна одлука за измена на Статутот на ЈКП Пазари-Прилеп и Решението за разрешување и именување на член во Управниот одбор на ЈКП Пазари Прилеп.

На почетокот на денешната Седница советниците, поради односот на пратениците на говорница на предходната  седница, побара на оваа седница да се почитува деловникот „Советот е место каде треба да се аргументира , да се изнесуваат ставови,  место за демократска атмосфера и  ред , а не место за дискредитација и навреди „ рече координаторот на советничката група на СДСМ, Моника Илиоска  и побара да се врати мониторот каде што се мери времето на говорење на седницата по деловник „ за да нема злоупотреба на говорницата„ додаде таа .

Претседателот на Совето , Дејан Проданоски укажа дека во иднана ќе ги прекинува дискусија кои се надвор од точите на дневен ред  и за да нема нарушување на текот на седницата одлучи во иднина на крајот на седницата советниците да поставуваат советничко прашање, а не во текот на седницата .

Советниците на оваа седница своите советнички прашања главно ги упатија до градоначалникот, па прашаа како по кои критериуми е изборот на организатор на годинашниот Пивофест; кога ќе се направи канализационата мрежа во с. Канатларци;  дали ќе се изврши проширување на патот во тој реон, бидјеќи  е тесен, а фреквентени; како да се заштитат синдикалните интереси на работниците во ЈКП Водовод и Канализација Прилеп кога првиот „синдикалец„ е во менаџерскиот тим на јавното претпријатеие; по кој основ се наградуваат вработените во ЈКП Водовод и Канализација; дали градежниот инспекторат  ќе се пстапи по жалба за издадено решение за градба на ул.Кузман Јосифоски -Питу итн..

Би можело да ве интересира

Во Прилеп повеќе улици без напојување со електрична енергија

Пела Редакција

Општина Прилеп организира јавна трибина за издавање општинска обврзница

Пела Редакција

Изложба „Али Фети Окјар – сомислител и соработник на Ататурк“ во ЦК Марко Цепенков

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе