Дојдоа од Романија, Бугарија и Турција, ученици и нивните ментори, како гости на учениците од угостителско – туристичката струка на СОУ Наум Наумоски Борче – Крушево, како дел од заедничкиот проект за Бизнис креативност( Business creativity“ ), насловен „ INTERCOOL COOKING” во рамките на Еразмос плус (Erasmus+) програмата. Целта е да се поттикне креативноста на младите во образованиот систем и да се разменат идеи и искуства, но и можност да ја вкусите романската, бугарската и турската кујна. И, започнаа ….
Гостите пристигнаа попладнево, и заедно со домаќините, веднаш се фатија со работа. Се ставија престилките и куварските капи, печките се запалија, намирниците пристигнаа, тавите и приборот за готвење се распосла во просторот каде што учениците од СОУ Наум Наумоски Борче, ја обавуваат секојдневно праксата во туристичко – угостителската струка. Со тоа „БИТКАТА„ ВО ГОТВЕЊЕ ЗАПОЧНА!
Секоја група ќе готви и презентира јадења од својата традиционална кујна, ќе се готви и печи до вечер (ПЕТОК). Веќе утре, (САБОТА) се продолжува со „финиширање„ на јадењата, кои ќе треба да бидат добро аранжирани, а ќе содржат предјадење, главно јадење, десерт (торти и слатки), салати и други традиционални додатоци, кои ќе ги подготват вредните и умешни „готвачи- креативци“ , учениците со своите ментори од државите кои доаѓаат. Но, ќе се „РАБОТИ „ и ќе се проба и домашната, македонско – влашката кујна, која ќе биде посебно изненадување за дегустаторите!
ДЕГУСТАЦИЈАТА, е закажана за утре, во 18,оо часот, во Крушево на плоштад, каде ќе бидат изложени сите јадења и каде како дегустатори се поканети сите крушевчани, сите добронамерници, посетители и гастрономи, за да се ужива во вкуснте традиционални кујни од Турција, Бугарија, Романија и Македонија изработени од младите кувари и нивните ментори.
„ Целта е заедничко дружење, запознавање со куварските вештини и традиционалната храна од различните кујни, размена на искуства за подобрување на угостителско -туристичката дејност, како и меѓусебна соработка и квалитетна имплементација на проектот кој ги спојува децата од различни држави„ – изјави директорот на СОУ Наум Наумоски Борче, Снежана Миленковска која ги запозна гостите со училиштето, активностите и тековните проекти во училиштето и за целосниот секојдневен процес на одржување на наставата во ова училиште!