29.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО) „ Ултиматум, не благодарам“ блокада кај Прилеп

Од 13 до 14 часот денеска како што беше најавено, се одржа блокада на магистралниот пат прилеп Градско кај Заполшки мост во знак на протест против францускиот предлог. Под мотото: „ Ултиматум, не благодарам“ во организација на политичката партија ВМРО ДПМНЕ, голема група граѓани од Прилеп и Битола, го искажаа својот револт од францускиот предлог.

„Владата со проследување на предлогот до Собранието прави замка кон Собранието и граѓаните“ посочи генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Ѓорѓи Сајкоски, бидејќи како што рече – за овој предлог упатен од Владата до македонскиот парламент потребно е просто мнозинство, а не двотретинско мнозинство.

Блокадата на магистралниот пат Прилеп – Градско се одржа во предведениот едночасовен термин со присуство на полицијата, без инциденти.

Би можело да ве интересира

Прилеп добива Центар за E-услуги

Пела Редакција

ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп: Посетата на Тренчевска го потврдува поразот во социјалната политика на СДСМ

Пела Редакција

Трипуновски: Откупот привршува, следуваат подготовки за измени во Законот за тутун

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе