9.9 C
Прилеп
недела, 20 април, 2025
Пела Радио

Коњаниците за учество на Илинден во Крушево да се пријават

Општина Крушево и организаторот на манифестацијата Научно културни средби „Десет дена Крушевска Република“ ги повикуваат учесниците – коњаници да се пријават за овогодинешното одбележување на Илинден, најдоцна до 24 ти јули. Според повикот објавен од Општината пријавувањето е со цел на поефикасна организација и пречек  во рамките на манифестацијата.

„Во пресрет на одбележување на големиот празник Илинден и одржување на Манифестацијата научно културни средби „Десет дена Крушевска Република“ општина Крушево и Манифестацијата ги повикуваат сите заинтересирани претставници и учесници во коњаници да го пријават своето учество.

Во насока на ефикасна организација и пригоден пречек на коњаниците, здруженијата кои ќе учествуваат во коњаниците ги повикуваме да го пријават своето учество најдоцна до 24.07.2022г. на следната електронска пошта: [email protected]m“, стои во повикот од Општината и организаторот на манифестацијата Научно културни средби „Десет дена Крушевска Република“.

Традиционално, на чествувањето на најголемиот национален празник Илинден – втори август, групи коњаници од битолско, кичевско, од неколку скопски општини, гостиварско и од други места учествуваат на илинденскиот марш. Подготовките за учество во маршот како што велат учесниците траат неколку месеци претходно. Маршот на коњаниците попатно до Крушево се одбележува со свечен пречек низ градовите и селата каде поминуваат групите во комитска облека, специфична за периодот од Илинденското востание.

Би можело да ве интересира

Младите крушевчани во еко акција за чистење на својата околината собраа 30 вреќи отпад

Елизабета Филипоска

Расте посетеноста на Фестивалот „Вен ин Крушево“

Гордана Цветаноска

Крушево затрупано со снег

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе