23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Приведен прилепчанец – предизвикал пожар на автомобил

Полицијата привела денеска  прилепчанец, кој по семејна расправија предизвикал пожар на автомобилот од неговиот син.

Денеска (22.07.2022) полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп го лишиле од слобода Г.К.(47) од Прилеп. Имено, постапувајќи по пријава дадена во 16.47 часот според која на улица ,,Бистра Планина” во Прилеп настанал пожар во патничко возило “бмв”, без регистарски ознаки, сопственост на М.К.(26) од Прилеп, преземени се мерки и активности, пожарот е изгаснат од територијалната противпожарна единица, извршен е увид и е констатирано дека пожарот на возилото го предизвикал приведениот, татко на оштетеното лице, по претходна меѓусебна семејна расправија. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за ,,Предизвикување општа опасност” по чл.288 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Бројот на случени сообраќаjни незгоди загружувачки

Пела Редакција

Полициска хроника: Опажарено возило и нападнато лице од повеќмина на ул. „Мице Козар„

Тројца повредени во сообраќајна незгода кај с.Лагово

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе