7.8 C
Прилеп
среда, 2 април, 2025
Пела Радио

ПОБЕДА „ИЗВАДЕ„ НЕРЕШЕНО СО АЛБАНСКИОТ СУПЕРЛИГАШ НА ГРАДСКИ

Во Прилеп, Победа одигра 2:2 против албанскиот суперлигаш Егнатиа. Головите за прилепчани ги постигнаа Марио Наумоски и Џејмс.

Мечот кој се одигра попладнево беше пријателски и е прв во поготвителниот дел кои се игран на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ . Воедно ова беше и прва можност за фудбалските љубители да се вратат на саканото место, на трибините, и да навиват за својот тим.

Љубопитноста беше голема за да се види новиот тим на Победа, кадарот на кој смета тренерот Бобан Бабунски. Вниманието особено беше свртено кон новодојдените, играчот за врска Хамза Рамани од Беласица, бранителите Методија Делов од Тиквеш, Игор Паноски од Воска и Огнен Ѓурковиќ од Будуќност Добановци, левите странични Христијан Коцев од Македонија ЃП и Агон Хани од Струга.

Денешниот меч беше четврти пријателски натпревар на Победа, по дуелите со Брегалница во Штип, Работнички во Скопје и кај Струга, пред претстојната сезона.

Би можело да ве интересира

ПОБЕДА ПОКАЖА ДЕКА Е ЗРЕЛА ЗА ТИТУЛА

Прво засилување во РК Прилеп – подготовките за новата сезона започнаа

Елизабета Филипоска

Прва победа по пауза од 7 години за женската фудбалска репрезентација до 17 години

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе