11.1 C
Прилеп
среда, 16 октомври, 2024
Пела Радио

ВО ПРИЛЕП НЕМА ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ (4)

Пишува Зоран Момироски

  • ПРИЛЕПСКИОТ ПОЛИТИЧКИ ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ ЗАПОЧНА. ГО ОТВОРИ ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ-ЦАКИО. ПОРАНО БЕШЕ ВЛЕЗЕН ВО ФИЛМОТ „ДОЛИНА НА ВОЛЦИТЕ“, ПА ПАРТИСКИТЕ ДРУГАРИ ГО НАРЕКУВАА МАМАТИ. ЦАКИО СО СВОЈАТА ДРУЖИНА ЗАЛЕПИЛ ПОТЕРНИЦА ОД ВРЕМЕТО НА ДИВИОТ ЗАПАД СО ,,КАУБОЕЦОТ“ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ПРЕД ЛОКАЛНА САМОУПРАВА. ГИ ВАДИ ,,ПИШТОЛИТЕ“ ПУКА ЗА ДА ПРЕДУПРЕДИ ДЕКА ПОЧНУВА ПОТЕРАТА И ГО БАРА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД ГЛУВЧИНАТА ДУПКА. ДА НЕ СЕ КРИЕ И ДА И’ КАЖЕ НА ЈАВНОСТА ШТО СРАБОТИЛ ВО ИЗМИНАТИВЕ 10 МЕСЕЦИ…ЈАС ИСКРЕНО ОСВЕН ВЕЌЕ ПОЗНАТАТА РЕТОРИКА ОЧЕКУВАВ ДА ПРАША КОНКРЕТНО –  ЗА ТОА СО НАЈАВЕНИТЕ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ПРОТИВ МИНАТАТА ЛОКАЛНА ВЛАСТ?! ЗА ТОА, ДАЛИ Е ЛЕГАЛИЗИРАНА НАЈГОЛЕМАТА ЕКО БОМБА ВО РЕГИОНОВ  НАД БОРОВОТА ШУМА КАЈ ВЕШТАЧКОТО ЕЗЕРО, КАДЕ ШТО ОД РУДНИКОТ СИВЕЦ СЕ СКЛАДИРАА ОСТАТОЦИТЕ?! ИЛИ ЌЕ ГО ПРАША ДАЛИ Е ЛЕГАЛИЗИРАНА ,,ОМИЛЕНАТА“ СТАНБЕНА ЗГРАДА ЗА ВМРО-ДПМНЕ  НАСПРОТИ СОЛИДНОСТ. АМА, ЗА ОВИЕ ПРАШАЊА НА ЦАКИО МУ ЛЕПИ МУЦЕТО. НА КРАЈ, ОДЛУКАТА ШТО ЌЕ ПРАША Е  ПРАВО НА СДСМ.  И ТОА НЕ Е ПРОБЛЕМ, ТУКУ  ПРОБЛЕМ Е ШТО ВО ОВАА ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА  ПАЧЕШКОСКИ НЕ ЗНАЕ КАДЕ Е, И НЕ ГО ВИДЕЛ ГРАДСКИОТ ТАТКО. А ЈОВЧЕСКИ РАБОТИ И ГО ИМА НАСЕКАДЕ. ГО ИМА НА СИТЕ ПРОСЛАВИ НА ЗНАЧАЈНИ ДАТУМИ И ЛИЧНОСТИ. ГО ИМА НА СИТЕ ГОЛЕМИ ВЕРСКИ И МАНАСТИРСКИ ПРОСЛАВИ.ТОЈ Е МЕЃУ ГРАЃАНИТЕ. ЧОВЕКОТ ВО СВОЈОТ КАБИНЕТ ПОСТОЈАНО ПРИМА УМЕТНИЦИ, МУЗИЧАРИ, СПОРТИСТИ И ПОЗНАТИ НОВИНАРИ ОД НАЈПОЗНАТИТЕ И НА ДАЛЕКУ ПОЗНАТИ ПРИЛЕПСКИ САЈТОВИ, ЗА КОИ, ИСКРЕН ДА БИДАМ, ПРВ ПАТ СЛУШАМ.

 

  • НА ПРИЛЕПСКИОТ ШЕФ НА ОПОЗИЦИЈАТА НЕ МУ РЕПЛИЦИРА  НЕГОВИОТ КОЛЕГА ОД ВМРО ДПМНЕ, А НЕ МУ РЕПЛИЦИРА НИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ, АМИ ПОРТПАРОЛОТ НА ОПШТИНАТА.. ПА МУ ОПНА ЕДНА КОНТРА, СО ПРАШАЊЕ – ШТО СРАБОТИЛ ПРЕТХОДНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ОД СДСМ?! АМА И ТОЈ ВО ОДГОВОРОТ НЕ ЗНАЕ ДАЛИ E ВЛАСТ, ДАЛИ Е ОПОЗИЦИЈА! ОТИ И НЕГО МУ ЛЕПИ МУЦЕТО ДА КАЖЕ KAДE СЕ НАЈАВЕНИТЕ ДЕСТИНА КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ПРОТИВ ПРЕТХОДНИКОТ НА ЈОВЧЕСКИ!!! ПО ОВА, ВО ОДБРАНА НА ГРАДСКИОТ ТАТКО ИЗЛЕЗЕ И ПАРТИЈАТА. ИЗЈАВА ДАВА  КУТРО ДЕВОЈЧЕ СО ИСТА РЕТОРИКА КАКО ПОТПАРОЛОТ ВЛАТКО. ЗБОРУВААТ ЗА МОВЧЕТО КАЈ СТОЧЕН ПАЗАР, ЗА НАБАВКАТА НА ЧЕТИРИТЕ АВТОБУСИ НА МЕТАН. АМА НИ ТОЈ, НИ ТАА, НЕ КАЖУВААТ ЗОШТО САМО ЕДЕН АВТОБУС ОД ГРАДСКИОТ СООБРАЌАЈ СО НЕДЕЛИ ВРТИ НИЗ ГРАДОТ?! НЕ КАЖУВААТ ДЕКА ВОЗАЧИТЕ НА АВТОБУСИТЕ СЕ ВО ШТРАЈК! И НЕ КАЖУВААТ ДЕКА ШОФЕРИТЕ СИ БАРААТ ПОВИСОКИ ПЛАТИ! ДЕВОЈКАВА ОД ВМРО-ДПМНЕ ШТО ЈА ДАВА ИЗЈАВАТА ГО СПОМНУВА И УЧИЛИШНИОТ ОБЈЕКТ СТОЧЕН ПАЗАР. ПА ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ОРТОПЕДОТ ДОКТОРОТ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ, ТОГАШ РЕЧЕ ДЕКА ЛОКАЦИЈАТА Е ОПАСНА ПО ЗДРАВЈЕТО НА ДЕЦАТА. ПРАШАЊЕ Е – ДАЛИ СЕГАШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ОРТОПЕД ДОКТОР БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ЌЕ ГО ДЕМАНТИРА СВОЈОТ КОЛЕГА?! НО КАКО И ДА Е,  ЛЕГИТИМНО ПРАВО Е СПРОТИВСТАВЕНИТЕ СТРАНИ КАКО ЌЕ РЕПЛИЦИРААТ И ЌЕ ГИ БРАНАТ СВОИТЕ ЛИЧНИ И ПАРТИСКИ ИНТЕРЕСИ.

 

  • ЗАПОЧНА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА. ЗА СЕКОЕ ПРВАЧЕ ОПШТИНАТА ПРИЛЕП ОБЕЗБЕДИ ПАКЕТЧИЊА СО УЧИЛИШЕН ПРИБОР. РОДИТЕЛИТЕ ВЕЛАТ ВРЕДЕЛЕ 300 ДЕНАРИ. Е ОВА Е ПРИМЕР ЗА ДОМАЌИНСКО РАБОТЕЊЕ ?!? НО И ТОА НЕ Е ПРОБЛЕМ. ПРОБЛЕМОТ Е ШТО ОПШТИНА НОВАЦИ ЗА СЕКОЕ ПРВАЧЕ КАКО ПОМОШ ЗА РОДИТЕЛИТЕ ИМ ДОДЕЛИ ПАКЕТЧИЊА ВО ВРЕДНОСТ ОД 6000 ДЕНАРИ. ДА НЕ ЗАБОРАВИМЕ  ОД ПРИЛЕП ЗА ВРЕМЕ НА ПОРАНЕШНИОТ  ГРАДОНАЧАЛНИК МАРЈАН РИСТЕСКИ ПРИМЕР ЗЕМАА БИТОЛА, КАВАДАРЦИ, ОХРИД И МНОГУ ДРУГИ ГРАДОВИ.

 

  • КОГА ГО СПОМНАВ МАЦИО, ТОЈ ПАК, ДЕНОВИВЕ НА СВОЈОТ ФБ  ПРОФИЛ ГО ПОФАЛИ АХИЛ ЈАКОВ ДИРЕКТОР НА О.У. „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ КАКО ГИ НАПРАВИЛ САНИТАРНИТЕ БЛОКОВИ НА УЧИЛИШТЕТО. ЗА ВОЛЈА НА ВИСТИНАТА УБАВИ СОВРЕМЕНИ ИНТЕРЕСНИ  И НЕСЕКОЈДНЕВНИ. МУ ОДГОВОРИВ ДЕКА ТОА НЕ Е САМО ДО ДИРЕКТОРОТ, ТУКУ Е ДО ДОМАШНОТО ГРАДСКОТО И ЕСНАВСКОТО ВОСПИТУВАЊЕ НА АХИЛ. МАЦИО РАЗБРА ШТО МУ ПИШУВАМ, И МУДРО МОЛЧИ НЕ ВЛЕГУВА ВО ПОЛЕМИКА И ЧЕКА. СЕ НАДЕВА НА ПРОМЕНА НА ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАСТ И ЗАМЕНИЧКО МЕСТО ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА.

СЕКОЈ СО СВОИ ЦЕЛИ И ЛИЧНИ ИНТЕРЕСИ ЈА ИГРА ИГРАТА – КОЈ ЌЕ НАБИЕ, ТОЈ ЌЕ ДОБИЕ !!!      

Би можело да ве интересира

Во најава невреме со пороен дожд, грмотевици и ветер

Гордана Цветаноска

( ГАЛЕРИЈА и ВИДЕО ) Радио Пела во посета на Мала Преспа Р. Албанија, на Денот на македонската револуционерна борба 23 Октомври

Елизабета Филипоска

Во чест на Тоше: Стружанецот Стефан Спироски со прекрасен ковер на песната „Усни на усни“ (ВИДЕО+ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе