30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Во Прилеп повторно пронајдена дрога, приведени двајца

Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Прилеп – СВР Битола, вчера во Прилеп го лишиле од слобода прилепчанецот Е.Д.(35). При претрес во неговиот во дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.Како што денеска соопшти МВР, во текот на вчерашниот ден, полициски службеници го лишиле од слобода и Д.Џ.(35) од Прилеп затоа што при преглед во патничко возило „форд фиеста”, кое го управувал, бил пронајден и одземен амфетамин.Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Казнети 11 мотоциклисти во Прилеп

Тешка сообраќајка на патот Битола – Прилеп

Пронајдена дрога, приведени дилери во Прилеп и Битола

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе