В сабота, на 24 септември, ( 2022 г.) во големата сала на Н.У. Центарот за култура “Марко Цепенков”, со почеток од 12:00 часот, премиерно ќе биде изведена новата хит претстава за деца и млади со наслов ПЕПЕЛАШКА. Танцовото студио за современи изведувачки уметности “Зодијак” од Прилеп во партнерска соработка со Н.У.Ц.К. Марко Цепенков од Прилеп како матична сцена е организатор на овој музичко-сценски спектакал за деца и млади.
Бајката е проткаена со безброј случки, емоции и убави певливи песнички на македонски јазик, од вообичаената Дизниева практика, убави разиграни кореографии и мизасценски решенија, колоритни костими, кои се уредно спакувани пополнувајќи ги сите дупчиња во една детска магична сложувалка”. Преводот на текстот е на Благојче Николоски, драматизацијата и адаптацијата на македонски е на Кире Миладиноски, режија, костимографија, сценографија, кореографија, кукли и сонговите на Кире Миладиноски, музика Алан Менкен и Томе Темелкоски, дизајн на рекламен материјал е на Петар Николоски, светло мајстор и сценски ефекти Бобан Смилкоски, автор на видео рекламен материјал Љупчо Атанасоски, автор на аудио рекламен материјал Томе Темелкоски, гласовите ги позајмија: Лилјана Јованоска, Мирјанка Селчанец, Даниела Иваноска, Димитар Ѓорѓиевски и Благојче Николоски. Играат: Бисера Гаралоска, Матеја Грујоска, Кристина Миноска, Анастасија Митревска, Теодора Велкоска, Михаил Јорданоски, Марта Шаркоска и Елена Џајковска. Оваа продукција е потпомогната од Министерството за култура на Република С. Македонија-со национална програма 2022 преку нацрт-програмата на Н.У.Ц.К. Марко Цепенков од Прилеп и Локалната самоуправа на Општина Прилеп, а како копродуцент партнер е Н.У.Ц.К. Марко Цепенков од Прилеп што воедно е матична сцена каде работи танц студиото ЗОДИЈАК.