5.6 C
Прилеп
недела, 23 февруари, 2025
Пела Радио

Тројца малолетници во запрежно возило повредени во верижен судар со автомобили

Вчера во 19.00 часот во Полициската станица Битола било пријавено дека на патот Битола-Прилеп се случила сообраќајна несреќа во која учествувале запрежно возило управувано од 15 – годишник од Битола, патничко возило „опел астра”, со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј.(50) од Битола и товарно возило „цитроен” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Р.(60) од с.Беровци, прилепско.

Во несреќата малолетникот кој го управувал запрежното возило и неговиот малолетен сопатник се здобиле со тешки телесни повреди, додека другиот малолетен сопатник се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

Би можело да ве интересира

Масовна тепачка меѓу млади, опожарен мотоцикл, физички напад…

Кај с. Новоселани во сообрајќајка загина 14 годишен моторциклист од с.Заполжани

Елизабета Филипоска

Поправал трактор и тешко се повредил

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе