5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Тутунарите добија одговор од ресорното министерство за анекси на договорите за откупната цена!

Тутунарите од петте новоформирани тутунски здруженија, а кои не влегуваат во Сојузот на земјоделски здруженија (официјална организација претставник на тутунопроизводителите), добија одговор од ресорното министерство (МЗШВ) во врска со нивното барање за вклучување на Министерството по примерот на оризопроизводството за корекција на цените со дополнување на договорите за актуелната реколта. Соопштението за јавност од тутунарите го пренесуваме во целост  :

Почитувани тутунопроизводители, Сакаме да ве информираме дека конечно добивме одговор од страна на МЗШВ во врска со нашето испратено барање за склучување на АНЕКС на договорите за тутун за оваа реколта. Барањето беше за покачување на цените по класи кои реално ќе ги отсликаат трошоците за производство на тутун и животните трошоци на тутунопроизводителите. Според добиениот одговор, МЗШВ не чуствува никаква вина а ниту желба да разговара со откупувачите за покачување на цените на тутунот. Во нивниот одговор, за се што се случува со цените на тутунот по класи јавно го посочија како единствен виновник Менде Стомнароски претседател на сојузот на земјоделски здруженија кој го имал овластувањето од министерството за земјоделство за “легитимен” застапник на тутунопроизводителите и само тој бил човекот кој преговарал и ги договарал овие цени на класи. А единствена нивна обврска била исплатата на субвенциите ,притоа заборавајќи да кажат дека сумата на тие субвенции ги изеде инфлацијата и МОРА да има нивно корегирање,а го изоставија и фактот што тутунарите и сточарите се исклучени од мерката ЗЕЛЕНА НАФТА па најверојатно мислат дека тракторите на овие земјоделци работат на соларна енергија! А во врска со соработката на МЗШВ со други здруженија на земјоделци,јасно стои во одговорот, дека немаат намера да соработуваат со никого освен со одбор на луѓе по нивни терк. Затоа ние новоформираните здруженија јавно прашуваме: Доколку министерот на МЗШВ не е институцијата која треба да ги решава проблемите на земјоделците ЗОШТО тогаш постои? Затоа Господине министре токму поради ова префрлање на одговорноста од еден на друг сме доведени на ова дереџе и ние како тутунопроизводители, но и севкупното земјоделие во државата. Господ нека ни е напомош во оваа реколта со ваква незаинтересирана влада и со ваков партизиран сојуз, стои во соопштението од петте новоформирани здруженија.

Би можело да ве интересира

Новогодишна програма -Прилеп.Што нуди градот за три дена?!

Елизабета Филипоска

Важна информација за сите возачи и фирми во Прилеп

Гордана Цветаноска

ССК: Не сме за задолжителна вакцинација и за вработените во приватниот сектор

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе