7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ВО ПРИЛЕП НЕМА ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ! (11)

Пишува: Зоран Момироски

  • ВИСОКИ ПАРТИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ОД СКОПЈЕ НА СРЕДБА СО СЕГАШНИ И ПОРАНЕШНИ ФУНКЦИОНЕРИ ОД СДСМ – ПРИЛЕП. ОСОБЕНО, ПО ЖЕСТОКИТЕ РЕАКЦИИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО НА ПРИЛЕПСКОТО ГРАЃАНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ,,ЗА НАШИТЕ ГРАЃАНИ“ . НЕЗАДОВОЛСТВОТО СЕ ЗАСИЛИ ОТКАКО СЕ ДОЗНА КОИ ЧЛЕНОВИ ОД СДСМ СЕ ВО ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР НА ОВА ЗДРУЖЕНИЕ, И ТОА НАЈЗАДОВОЛНИТЕ ОД ,,ДРУЖИНАТА “ НА ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ. НА СРЕДБАТА ЈОВАНОСКИ СЕ БРАНЕЛ И ВО МАЈКА СЕ КОЛНЕЛ ДЕКА НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО ОВА ЗДРУЖЕНИЕ. НО И ДЕКА МУ СУГЕРИРАЛ НА НЕГОВИТЕ ДА НЕ ГО ПРАВАТ ТОА. ВО ОВАА ,,ПРИКАЗНА“ НА ЈОВАНОСКИ МАЛКУ КОЈ ОД ПРИСУТНИТЕ МУ ПОВЕРУВАЛЕ. ЗОШТО – НЕЗНАМ! ПОРАДИ ТОА, ИДЕЈАТА Е – ТОЈ ЈАВНО ДА ИЗЛЕЗЕ И ДА СЕ ОГРАДИ ОД СИТЕ КОИ СЕ ЧЛЕНОВИ ВО ОВА ЗДРУЖЕНИЕ, ИНАКУ ДОВЧЕРАШНИ НЕГОВИ ВЕРНИ ПОСЛУШНИЦИ И СОРАБОТНИЦИ. ВО СПРОТИВНО, ТОВАРОТ ЌЕ ПАДНЕ НА СЕГАШНОТО РАКОВОДСТВО НА СДСМ-ПРИЛЕП И НА ДРУГИТЕ СЕГАШНИ ФУНКЦИОНЕРИ НА СДСМ.

 

  • ДВЕ МОМЧИЊА ОД ВМРО ДПМНЕ ДЕНОВИВЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ ДРЖАТ СПОРЕД НИВ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ. НИКАКО ДА РАЗБЕРАТ КУТРИВЕ ОД ПАРТИИВЕ ДЕКА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Е ЕДНО, А ИЗЈАВИ СОСЕМА ДРУГО. ПРВИОТ ОД ГОВОРНИЦИВЕ ГО КАРА ПРЕМИЕРОТ ДИМИТАР КОВАЧЕСКИ ШТО БИЛ НА ТРАДИЦИОНАЛНА ПАРТИСКА МАНАСТИРСКА ПРОСЛАВА ВО СЕЛЦЕ. ГО КАРА СО СЕТА СЕРИОЗНОСТ И ДУРИ МУ ВЕЛИ: НЕ ВО СЕЛЦЕ, ТУКУ ДА СЛЕЗИ ВО ПРИЛЕП, ДА СЕ СРЕТНИ СО ГРАЃАНИТЕ, СО ТУТУНОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ, СО ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ, ДА ИМ КАЖЕ ШТО ВЛАДАТА ПРЕЗЕМА ЗА ОВОЈ СИРОМАШЕН И НАПАТЕН НАРОД! ГО СЛУШАМ И СИ ВЕЛАМ: БРАВО МОМЧЕ, ГО РАСТУРИ?!? ПО ОВА, НА ЧОВЕКОТ НЕ МУ ОСТАНУВА НИШТО ДРУГО ОСВЕН ДА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА. ВТОРИОТ, ОСТРО, ОНАКА РЕТОРИЧКИ, МУ ПРЕПОРАЧУВА НА ОНИЕ ОД СДСМ ДА МОЛЧАТ ЗА ПРИЛЕП. ОТИ ТИЕ СЕГА ЌЕ РЕАЛИЗИРААТ СЕ’ ШТО ВЕТИЛЕ . ДЕМЕК ГРАДОТ ИМА ОДГОВОРНА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА. УШТЕ ДА РЕЧЕ АКО НЕ ГО ОСТВАРИМЕ ВЕТЕНОТО ВО ОВОЈ МАНДАТ ЌЕ ПОБАРАМЕ МАНДАТ ОД ГРАЃАНИТЕ ЗА УШТЕ НОВИ ЧЕТИРИ ГОДИНИ!!! ЈАС ВИ СУГЕРИРАМ – ДА, УШТЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ!!! И ТОА ВЕ МОЛАМ СО ИСТИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ.

 

  • БИДЕЈЌИ ПРЕТХОДНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ НИ ЗБОР НЕ КАЖАА ШТО ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ ЌЕ ПРЕЗЕМААТ ЗА УБЛАЖУВАЊЕ НА КРИЗАТА ЗА СВОИТЕ ГРАЃАНИ ОНИЕ КОИ ,,ПАТОС” ГО НАПРАВИЈА СДСМ НА ПОСЛЕДНИТЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ. ОСВЕН ПОВИСОКИ СМЕТКИ ЗА ВОДА И КОМУНАЛИИ ПО РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ. ОВИЕ ОД СДСМ ВЕЛАТ НАМЕНСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ПАРИ ОД 20 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ОД БУЏЕТОТ СЕ ПРЕНАМЕНУВААТ ЗА ,,ПАРАЛЕЛНАТА” ЛОКАЛНА АДМИНИСТРАЦИЈА, НАД 300.000 ЕВРА…НЕМА ПАРИ ЗА ПАТАРИНА, ЗА ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ, ЗА НАБАВКА НА ТЕРЕНСКИ ВОЗИЛА ЗА ПОЖАРНИКАРИТЕ И ЗА ДРУГО.

 

  • НЕ Е ПРОБЛЕМ ШТО ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ НА ГОЛЕМО СЕ ПОДГОТВУВААТ ДА ГО РЕВИДИРААТ ОДАНОЧУВАЊЕТО НА ОБЈЕКТИТЕ ВО ПРИЛЕП И ОКОЛНИТЕ ИЗЛЕТНИЧКИ МЕСТА И СЕЛА. ВИСТИНСКИОТ ПРОБЛЕМ Е ШТО СО ГОДИНИ НЕКОЈ ПЛАЌАЛ ДАНОК НА ИМОТ НА СУПЕР ВИКЕНДИЧКИ ОД 150 ДЕНАРИ…ПА ЕДНО КАФЕ СО ОБИЧНА ЧАША ВОДА Е ПОСКАПО ОД ЦЕНАТА, А ДАНОК НА ИМОТ ЗА СУПЕР ВИКЕНДИЧКА, ДА НЕ РЕЧАМ ХАЦИЕНДА…

 

  • ПОКРАЈ БИТКАТА ЗА ДИРЕКТОР И ОНАА КОЈА ЈА ОТВОРИ СИНДИКАТОТ ЗА НЕДЕЛНИТЕ ДЕЖУРСТА, НОВА БОРБА СЕ СПРЕМА ВО ГРАДСКАТА ОПШТА БОЛНИЦА СО ПРОШИРЕНА ДЕЈНОСТ. ВО ОВАА ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА СО ДОГОВОРИ, РАБОТАТ ОКОЛУ 120 ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ И ДРУГ ПОМОШЕН ПЕРСОНАЛ. ПОТРЕБА ИМА ВЕЛАТ ВО БОЛНИЦАТА ЗА СИТЕ. НО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОДОБРИЛО ОКОЛУ 60. КОНЕЧНАТА ОДЛУКА СЕ ЧЕКА И ЌЕ БИДАТ РАСПИШАНИ ОГЛАСИ. И ТОА НЕ Е ПРОБЛЕМ. ПРОБЛЕМ ЌЕ БИДЕ КОЈ ОД ОВИЕ 60 ЌЕ ,,НАБИЕ ЗА ДА ДОБИЕ” !!!

 

  • ДЕНОВИВЕ РЕЧИСИ СЕКОЈ ПРИЛЕПСКИ ПОРТАЛ ОБЈАВИ ДЕКА ИМАЛО ПОЖАР ВО ОБЈЕКТ ОД ПОРАНЕШНАТА ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА ВО СОПСТВЕНОСТ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА И ДЕКА ЕКИПИ НА ПРИЛЕПСКАТА ПРОТИВПОЖАРНА ЕДИНИЦА УСПЕАЛА ДА ГО ЛОКАЛИЗИРА ОГНОТ. ИНФОРМАЦИЈАТА НЕ Е ПРОБЛЕМ. ПРОБЛЕМ Е ШТО ВО ОВОЈ ИСКЛУЧИТЕЛНО СЕНЗИТИВЕН МОМЕНТ НИКОЈ НЕ СПОМНУВА ДЕКА ОБЈЕКТОТ ИМА ИСКЛУЧИТЕЛНО ГОЛЕМО ИСТОРИСКО ЗНАЧЕЊЕ БИДЕЈЌИ БИЛ: КОМАНДАНСТВО НА ФАШИСТИЧКА БУГАРСКА ПОЛИЦИЈА. ТУКА СЕ ВРШЕНИ ГОЛЕМИ ИЗМАЧУВАЊА И УБИСТВА НА УЧЕСНИЦИ ВО НОБ. ИСТОРИЧАРИТЕ ТВРДАТ ДЕКА ОД НИВНИ АСПЕКТ ЗА ВРЕМЕ НА ОКУПАЦИЈАТА ОВОЈ ОБЈЕКТ МОЖЕБИ ИМА ПОГОЛЕМО ИСТОРИСКО ЗНАЧЕЊЕ И ОД УЧАСТАКОТ БИДЕЈЌИ ОДЛУКИТЕ ЗА АПСЕЊЕ, АКЦИИ И МРЕЖАТА НА КОДОШИТЕ БИЛА ТОКМУ ВО ОВОЈ ОБЈЕКТ. ПРЕТХОДНО ОВОЈ ОБЈЕКТ БИЛА КУЌАТА НА ЈОВАН ШАЈКАРЕВИЌ ПРАТЕНИК ВО СОБРАНИЕ НА КРАЛСКА ЈУГОСЛАВИЈА. МИНАТАТА И СЕГАШНАТА ЛОКАЛНА ВЛАСТ НЕМААТ ПРЕЗЕМЕНО НИШТО ЗА ЗАШТИТА НА ОВОЈ ОБЈЕКТ, ВО КОЈ ШТО БЕА СМЕСТЕНИ БИБЛИОТЕКАТА, ПА ПОДРАЧНАТА ЕДИНИЦА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ, ПА ИНСПЕКТОРАТОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ … ЗА СЕГА, ОБЈЕКТОТ ДА Е СОБИРАЛИШТЕ НА НАРКОМАНИ. ДУРИ СО НЕКОИ ПОНОВИ УРБАНИСТИЧКИ РЕШЕНИЈА Е ПЛАНИРАНО ОВАА КУЌА ДА СЕ РУШИ ЗА ОТВОРАЊЕ НА УЛИЦА.

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Дали власта требаше да се меша?!

СВЕТЛАНА МИШЕВА ОВЕНЧАНА СО „ЗЛАТЕН ПТОЛОМЕЈ“ НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ВО ХОЛАНДИЈА

Пела Редакција

Поетот на клавишите: Шопен и младите таленти-нов концерт во храмот „Св. Петка“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе