2.4 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

Одбележан 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба

Делегации од локалната самоуправа на општина Прилеп, претставници од Советот на Општината, претставници на политичките партии и граѓански здруженија, денеска положија свежо цвеќе пред спомениците на: Методија Андонов – Ченто, Ѓорче Петров, Пере Тошев, на гробот на Пере Тошев, кој се наоѓа во црквата Св.Благовештение, како и на гробовите на Никола Каранжулов и Методија Патчев. При оваа пригода градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески го истакна знaчењето на овој празник за македонскиот народ и ја потенцираше важноста од зачувувањето на идентитетот на Република Македонија.

Република Македонија го празнува 23-ти Октомври како државен празник. Празникот се празнува како ден кога во 1893 година, Иван Хаџи Николов, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев го формирале Македонскиот револуционерен комитет, од кој подоцна произлезегла Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО). Организацијата се борела за ослободување на Македонија.

Формирањето на ВМРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење , кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, а потоа и преку НОВ резултираше со создавање на модерна самостојна македонска држава.

 

Би можело да ве интересира

Примопредавање на градоначалничката функција во Општина Долнени

Гордана Цветаноска

Состојбата со коронавирусот во Прилеп, сабота 18-ти јули

Елизабета Филипоска

Земјоделците од прилепско добиваат дел од помошта за штетата од јулското невреме

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе