3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Еурокомпозит доби директор на одредено време

Еурокомпозит 11 Октомври доби нов вршител на должност генерален директор. На оваа раководна позиција назначен е Гоце Јагуриноски долгогодишен вработен во Еурокомпозит од 1984 година, работел како референт, а од 2002 до 2008 г како финансиски директор, и е добар познавач на состојбите во компанијата Како што истакна на денешната прес конференција тој е назначен за ВД вршител на должност генерален директор до наредното собрание кое ќе се одржи во наредните месец дена односно на 21 мај. Јагуриноски остварил средба со работниците на која било одлучено вработените да ги стават во мирување блокадите и протестите, но производниот процес е стопиран до исплата на плата, за што најавите се дека ќе биде подмирена во наредниве неколку дена.
– Утрово разговорав со работниците и тие сакаат да добијат плата, па потоа да започнат со работа. И сега овие неколку дена бидејќи ветувањето е дека ќе има средства за исплата в среда или во четврток – дотогаш протестите ќе бидат во мирување. Луѓето прифатија да доаѓаат во фирмата, да бидат на работа до исплата на личниот доход, а ако до среда или најдоцна до четврток нема исплата, тие ќе ги преземат старите мерки – протести и блокади на патиштата, вели ВД генералниот директор Јагуриноски во врска со протестите на работниците.
Според новиот менаџер на Еурокомпозит единствениот загубар во целосно државна сопственост, решението за опстанок на компанијата треба да се бара во две насоки:
– Или во склучување на нови договори со двете министерства и Еурокомпозит да ги опслужува министерствата за внатрешни работи и министерството за одбрана, или пак каков што е случајот со Влечната служба на Македонски железници, да бидеме сервис директно под едно од министерствата и да ги сервисираме или да произведуваме за двете министерства, по завршувањето на процесот за намалување на бројот на вработените како технолошки вишок, вели Јагуриноски, кој потенцира дека ќе се интензивираат настојувањата за решавање на проблемот со исплатата на заостанатите придонеси за пензиско.
Инаку, основниот проблем со кој се соочуваат вработените е исплата на бруто плата, што подразбира подмирување на заостанати побарувања на вработените од 2012 година. Работниците здравствено се осигурани само на два часа од работното време, а државата им должи исплата на 16 заостанати плати.

Би можело да ве интересира

Од денеска полесно за работа во Германија. Ќе влијае ли тоа врз македонскиот бизнис?!

Станкоски: 150 години Тутунски Комбинат АД Прилеп – историја со предизвици и големи успеси

Од утре поскапува храната !Нов ценовен шок за граѓаните

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе