Пишува: Зоран Момироски
- ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОВЕТОТ ДЕЈАН ПРОДАНОСКИ ПО ПОСЛЕДНАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ, ПОРАЧА ДЕКА ГРАДЕЖНАТА ОФАНЗИВА ВО ПРИЛЕП КОНЕЧНО ЌЕ ЗАПОЧНЕ ДО ГОДИНА И ТОА НА ПРОЛЕТ, ПА ДЕКА ЌЕ ИМА ПЛАНИРАНА ДИНАМИКА ДО 2025. И ТОА НАВИСТИНА НЕ Е НИКАКОВ ПРОБЛЕМ. ЧОВЕКОТ СУПТИЛНО ПРИЗНА ДЕКА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА НА ОВОЈ ПЛАН ЦЕЛА ГОДИНА ОД МАНДАТОТ СИ ЈА ПРЕСПА. ЕВЕ СО АЛАЛ НЕКА МУ Е! АМАН САМО НЕКА ПОЧНЕ НЕШТО ДА СЕ ПРАВИ. НО, МАЛКУ МИ СОЗДАВААТ ЗАБУНА ТОА ДЕКА ПЛАНОТ ТРЕБА ДА ЗАВРШИ ВО 2025 ГОДИНА. А МАНДАТОТ Е ДО 2024 ГОДИНА. НЕ МОРА ДА ЗНАЧИ, НО МИСЛАМ ДЕКА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОК НА ВМРО-ДПМНЕ УШТЕ ПОСУПТИЛНО ПРАЌА ПОРАКА ДЕКА ПАРТИЈАТА НА ВЛАСТ НА ЛОКАЛНО НИВО СИ ПЛАНИРА ДА СИ ,,КРЦКА“ УШТЕ ЕДЕН МАНДАТ, А ОВИЕ ОД СДСМ ДА НЕ СЕ МАЧАТ ОТИ НЕМА ШТО ДА КРИТИКУВААТ И ДА СЕ НАДЕВААТ НА СЛЕДНИТЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ. МИСЛАМ ДЕКА ОВАА ПОРАКА ТРЕБА СЕРИОЗНО ДА ГИ ЗАГРИЖИ ОВИЕ ОПНАТИВЕ ОД ОО НА СДСМ. АМА, БИДЕЈЌИ СЕ ЛЕТНАТИ НА СЕДМО НЕБО, ТЕШКО ДЕКА БИ РАЗБРАЛЕ ШТО МУ ВЕЛИ ДЕЈАН ДЕКО. ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ – ЦАКИО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОО НА СДСМ Е ВО СВОЈ ФИЛМ.
- МИЛЕ ТАЛЕВСКИ СИ ТЕРА АГЕНДА ЗА УШТЕ ЕДЕН ПРАТЕНИЧКИ МАНДАТ. ПА ТОЈ КУТРИОТ ИЗГОРЕН ЗА УШТЕ ЕДЕН МАНДАТ, ТОЛКУ МНОГУ ЗАБЕГАЛ, ШТО ПРЕКУ ФБ ГО ПОВИКУВА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ НА ДУЕЛ. ЧИТАМ И НЕ МОЖАМ ДА СИ ПОВЕРУВАМ ДО КАДЕ МУ ЗАМИНАЛ ПАМЕТОТ! АБРЕ МИЛЕ КАКВА ВРСКА ИМА ГРАДОНАЧАЛНИК СО ПРАТЕНИК?! ДА МУ БЕШЕ ПРОТИВКАНДИДАТ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ПАК ДРЖИ МЕСТО. ДА СИ СОВЕТНИК, КООРДИНАТОР НА СОВЕТНИЧКА ГРУПА СОСЕМА СИ ВО ПРАВО. ДА ПОВИКАШ НА ДУЕЛ НЕКОИ ОД ТВОИТЕ КОЛЕГИ ПРАТЕНИЦИ ОД ВМРО-ДПМНЕ ОД ПРИЛЕП РАЗБИРАМ. ЈАВНО ДА ИЗЛЕЗЕШ СО СВОИ СТАВОВИ ЗА СОСТОЈБИТЕ ВО ГРАДОТ И ТОА Е ВО РЕД, АМА ДУЕЛ БОРЧЕ И МИЛЕ Е ТОА СЕ СЕРИОЗНИ ИЗМЕСТЕНИ СИСТЕМСКИ И ЧОВЕЧКИ ВРЕДНОСТИ! И, НА КОЈА ЛОКАЛНА ТЕЛЕВИЗИЈА ВО ПРИЛЕП ГО ПОВИКУВАШ КОГА ГРАДОТ ОСТАНА БЕЗ ТВ КОГА ВИЕ БЕВТЕ НА ВЛАСТ??? ДРУГИВЕ ПАК, КОИ СЕ ВО РАКОВОДСТВОТО НА СДСМ ГИ ГЛЕДАМ БЕЗГРИЖНО СИ ШЕТААТ КАКО ,,ПАУНИ“ НИЗ ЧЛЕНСТВОТО И ГРАЃАНИТЕ КАКО СЕ’ ДА Е ВО НАЈДОБАР РЕД. И ГЛЕДАМ ВООПШТО УВО НЕ ГИ БОЛИ. ПА СИ ВЕЛАМ – АЛАЛ ДА ВИ Е, ТАКА МОЖЕБИ Е НАЈИСПРАВНО!!!
- ЗА ДА МУ ДАДЕ ПОГОЛЕМА ТЕЖИНА И ПО ВПЕЧАТЛИВ ИЗГЛЕД НА ДЕЛОТ ОД ИНФРАСТРУТУРНОТО УРЕДУВАЊЕ ДЕЈАН ПРОДАНОСКИ ВЕЛИ ЌЕ БИДАТ АСФАЛТИРАНИ 68.000 МЕТРИ КВАДРАТНИ. МИСЛАМ ДЕКА ЌЕ БЕШЕ УШТЕ ПО БОМБАСТИЧНО АКО ГИ КАЖЕШЕ ВО САНТИМЕТРИ, А ВО МИЛИМЕТРИ, ВЕРУВАЈ, ТОА СЕ БРОЈКИ ОД КОИ БОЛИ ГЛАВА! ВО НЕДЕЛА ЌЕ ИМАЛО БЕСПЛАТЕН ГРАДСКИ ПРЕВОЗ ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ, АМА ДЕКИО НЕ КАЖУВА ДЕКА ТОА ЌЕ ВАЖИ САМО ДО 11.00 ЧАСОТ, МУДРО ТОА ГО ПРЕМОЛЧУВА. АМА НАЈМНОГУ МЕ ИЗНЕНАДИ И ,,ПРИЈАТНО“ МЕ ИЗНЕНАДИ МОНТАЖНА КАТНА ГАРАЖА НА ПРОСТОРОТ МЕЃУ КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА И ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА. ВО ИНТЕРЕС НА ВИСТИНАТА, ОВАА ЛОКАЦИЈА Е АКТУЕЛИЗИРАНА И ПИКИРАНА УШТЕ ОД МИНАТАТА ЛОКАЛНА ВЛАСТ НА СДСМ. КАКО ШТО ВЕЛИ НАРОДОТ: БУБРЕГ МЕСТО!!! ЗА ОВА ШТО СПОМЕНУВАМ – ЛОКАЦИЈАТА, НАЈУБАВО ЗНАЕ ЛОКАЛНАВА ГРАДЕЖНА МАНГУПАРИЈА. ДРУГИТЕ, КОЈ ПОМАЛКУ КОЈ ПОВЕЌЕ. И ТОА НЕ Е ПРОБЛЕМ БИДЕЈЌИ ,,ПРИКАЗНАТА“ СИ СЕ ВРТИ ПОЛЕКА, НО СИГУРНО И ТОА СО ГОДИНИ НАНАЗАД. МОЖЕБИ НЕ ТРЕБА ДА МИ БИДЕ ЈАСНО МЕНЕ НО, СИГУРНО ТРЕБА ДА ЗНААТ И ДА ИМ БИДЕ ЈАСНО НА ГРАЃАНИТЕ – КОЈ ИЗВРШИЛ ПРОМЕНА НА УРБАНИСТИЧКИОТ ПЛАН ЗА ОВОЈ ДЕЛ ОД ПРИЛЕП ? И, КОЈ Е ТОЈ ,,ГЕНИЈАЛЕЦ“ ШТО ПРОЕКТИРАЛ И ПЛАНИРАЛ ДА ОПНИ МОНТАЖНА ГАРАЖА ЗА ПАРКИРАЊЕ ВО СТРОГИОТ ЦЕНТАР, ВО НАЈУБАВИОТ ДЕЛ ОД ПРИЛЕП!!! ОД МЕСТО КАДЕ СЕ ГЛЕДААТ И ОД КАДЕ МАРКОВИТЕ КУЛИ МУ ДАВААТ ПОСЕБЕН ШМЕК, А ОСТАВААТ И ПОСЕБЕН ВПЕЧАТОК НА ТИЕ ШТО ГО ПОСЕТУВААТ ПРИЛЕП. СЕГА ИЗНЕНАДУВАЊЕ И УБАВИНА !!! СЕ ВРТИШ ЛЕВО ГО ГЛЕДАШ БИЗНИС ЦЕНТАРОТ,,РЕМЕК ДЕЛО“ КОЕ ПРОПАЃА, СЕ ВРТИШ ДЕСНО СПОМЕНИК АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ, СО ПОЗАДИНА МОНТАЖНА ПАРКИНГ ГАРАЖА, ТОП ЦЕЛИНА НА ПЛОШТАД МЕТОДИЈА АНДОНОВ – ЧЕНТО.
- КИРЕ СТАНКОСКИ ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОР НА ТУТУНСКИ КОМБИНАТ ЗЕМАЛ ПЛАТА ОД 2.000 ЕВРА. ОВОЈ СПИН НА ФБ ГО ОБЈАВУВА ЦВЕТАН ТРИПУНОВСКИ !!! НЕ ДЕН ПРЕД, ИЛИ ДЕН ПОТОА, ТУКУ КОГА ЗАПОЧНА ОТКУПОТ НА ТУТУНОТ. НАРАЧКАВА СЕ МИ СЕ ЧИНИ ДЕКА НЕ Е СЛУЧАЈНА, ПА ОДИ ОД СДСМ ПРЕКУ ВМРО-ДПМНЕ ДО СТАНКОСКИ. А ПОРТАЛИВЕ СИ СИ ЈА ОБЈАВУВААТ КАКО ТОП ВЕСТ! ЗОШТО И ДА НЕ, КОГА НИТУ ЗНААТ, НИТУ ИМАЛЕ ПОЈМА ДЕКА ПРЕТХОДНИЦИТЕ НА СТАНКОСКИ, СИТЕ ОД ДРУГИ ГРАДОВИ ВО МАКЕДОНИЈА (ОТИ ВО ПРИЛЕП НЕМАШЕ ЧОВЕК ЗА ДИРЕКТОР) НЕ ЗЕМАА ПО 2.000 ЕВРА,ТУКУ ОД МОИТЕ ДОЛГОГОДИШНИ СЕРИОЗНИ НОВИНАРСКИ ИСТРАЖУВАЊА СИ ЗЕМАА СЕКОЈ МЕСЕЦ НАД 20.000 ЕВРА!!! СИ ИМАА СЛУЖБЕНИ ЗЛАТНИ ВИЗА КАРТИЧКИ БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊА, А СКАПИТЕ ЕГЗОТИЧНИ МЕСТА СО СЕМЕЈСТВАТА СИ ГИ ПОСЕТУВАА КОГА ЌЕ ПОСАКАА, СЕ’ НА СМЕТКА НА КОМБИНАТОТ. ЗА ЛИЧНИТЕ ОБЕЗБЕДУВАЊА, ИНАКУ ПОГОЛЕМИ И ОД ЕКС ПРЕМИЕРИТЕ ГЕОРГИЕВСКИ, ЦРВЕНКОВСКИ И ГРУЕВСКИ НЕ СПОМЕНУВАМ, А ЗА ШВЕРЦУВАЊЕТО НА ИЛЈАДНИЦИ ТОНИ ЦИГАРИ ПО КРИМИНАЛНИ МЕЃУНАРОДНИ КАНАЛИ ЗНАМ ПРЕМНОГУ. ЗА ТОЈ ДЕЦЕНИСКИ ГРАБЕЖ НА КОМБИНАТОТ И ТУТУНАРИТЕ И ЗА СИТЕ ОВИЕ АФЕРИ ЈАВНО МНОГУ СУМ ПИШУВАЛ НА ТВ КАНАЛ 5. ЗА ОВА ЗНААТ И ДОБРО СЕ СЕЌАВААТ И МНОГУМИНА ОД КОМБИНАТОТ, МОИ КОЛЕГИ И ВАЖНИ МЕЃУНАРОДНИ ИНСТИТУЦИИ. АМА ОВОЈ ТРИПУНОВСКИ НИТУ ТОГАШ НИТУ СЕГА АБЕР ИМА !!! ОСОБЕНО НЕ – ШТО Е КОМБИНАТОТ И ТУТУНОПРОИЗВОДСТВОТО ЗА ПРИЛЕП. ЕДИНСТВЕН ИНТЕРЕС Е ДИРЕКТОРСКАТА ФОТЕЉА, И НОРМАЛНО, ПОГОЛЕМА ПЛАТА, ПОГОЛЕМА ОД СЕГАШНАТА НА СТАНКОСКИ. АБЕ ЕДНАШ БИДЕТЕ МАЖИ И ЈАВНО КАЖЕТЕ ВИЕ ОД СДСМ КОЕ МАЖЕ ВО ВАШИТЕ КРУГОВИ СИ ГО ТОКМИТЕ ЗА ДИРЕКТОР И ДА БИДЕ ЈАСНО ЧИЈА ПОРАЧКА Е ФБ СПИНОТ НА ТРИПУНОВСКИ И КОЈА Е ЦЕЛТА!!!
- СВЕШТЕНСТВОТО НА МПЦ-ОА ОВАА ГОДИНАВА РЕШИ ДА ЈА ПРЕКИНЕ ВЕКОВНА ВЕРСКА И КУЛТУРНА ТРАДИЦИЈА, ВО КУЌА ЗА ДОМАШНА СЛАВА ПОП ДА НЕМА. ДОКОЛКУ ДОМАЌИНИТЕ САКААТ ДА ЈА ЗАДРЖАТ ТРАДИЦИЈАТА И ДА ИМААТ СВЕТЕНО ЛЕПЧЕ, ПЧЕНИЦА И КРСТЕНА ВОДА ТРЕБА ДА ОДАТ ВО ЦРКВА. ТАМУ СЕ ПЛАЌА 300 ДЕНАРИ И СЕ ДОБИВА БРОЈЧЕ, АМА НЕ ДВОЈЧЕ, И ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ВЕЧЕРНАТА БОГОСЛУЖБА ДЕЖУРНИОТ СВЕШТЕНИК ПЕЕ, НА ЕДНА МАСА ЗА ПОЧИНАТИТЕ ТАМУ СЕ БЛУДЦИТЕ И ПАРАСТАСИТЕ, НА ДРУГА МАСА СЕ ЛЕПЧИЊАТА И ПЧЕНИЦАТА ЗА ДОМАШНАТА СЛАВА. А, ТИ ИМАЛО И ТРЕТА – БРЗА ИЛИ ЕКСПРЕС МАСА ЗА ОНИЕ КОИ ЌЕ ЗАДОЦНАТ. НА ОВАА ОДЛУКА НА СВЕШТЕНСТВОТО ПРАВОСЛАВНИВЕ ВЕРНИЦИТЕ СЕ ПРОТИВАТ. ТИЕ СИ САКААТ ТРАДИЦИОНАЛНИОТ ВЕРСКИ РИТУАЛ ДА ГО ПРАВАТ ВО ЦРКВА. БИДЕЈЌИ, СЛАВАТА Е ЗА СЕМЕЈСТВОТО ЗА ДОМОТ И ЗА ФАМИЛИЈАТА, А НЕ Е ОД ЦРКВАТА. ЛУЃЕТО САКААТ ,,ЧИСТ“ ПОП ВО КУЌАТА МОЛИТВА ДА ПЕЕ, ЗА ДОМОТ ДА ИМ СЕ РАДУВА, И ВОДА ДОМА ДА ИМ СЕ КРСТИ. А НЕ, ОД ЦРКВА КРСТЕНА ВОДА ДОМА ДА НОСАТ?! ГИ СЛУШАМ РЕАКЦИИТЕ НА НАРОДОТ И СИ ВЕЛАМ: И ТАМУ КАДЕ ШТО НЕМАЛО ПРОБЛЕМ ПОПЧИЊАВА ТИ ИЗМИСЛИЛЕ ПРОБЛЕМ!!! И ТОА ВО ИМЕТО НА БОГА И ОД ,,ГОЛЕМА“ ГРИЖА ЗА ВЕРНИЦИТЕ И НИВНИТЕ ПРОБЛЕМИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ФИНАНСИСКАТА КРИЗА.
- АБЕ ПОПЧИЊА МИЛИ, ТАКВИ КАКВИ ШТО СТЕ, ЖИВИ БОГА!!! ЗОШТО НА НАРОДЕЦОВ ЈАСНО И ГЛАСНО НЕ ИМ КАЖЕТЕ: ЛУЃЕ, ЧЕДА БОЖЈИ НАШИ, ЗА 300 ДЕНАРИ ДА КОРИСТИМЕ АВТОМОБИЛ И ДА ГО ПОСЕТИМЕ ВАШИОТ ДОМ НЕ СЕ ИСПЛАЌА !!! ТОА СЕ МАЛКУ ПАРИ, ОВАА ЦЕНА НЕ НИ ГИ ПОКРИВА ТРОШОЦИТЕ, ЗА ПОВИСОКА ЦЕНА НАРОДОТ ПАРИ НЕМА, ЗАТОА МИЛИ ЧЕДА БОЖЈИ ВИЕ ДОЈДЕТЕ СИ ВО ЦРКВА !!! И ТАМУ РАБОТАТА ЌЕ БИДЕ ЗАВРШЕНА. СЕГА ПРИЛЕПСКИОТ МАЈТАП ДОБИВА ИНСПИРАЦИЈА И, НЕКОИ ПРЕДЛАГААТ И ПОПОВИТЕ ТЕХНИЧКИ И ТЕХНОЛОШКИ ДА СЕ ОСОВРЕМЕНАТ – ДА ВОВЕДАТ ОНЛАЈН ПОСЕТА ВО ДОМОТ ПО ПРЕДЛОГОТ НА АКТЕРОТ САШКО КОЦЕВ НА ,,ЗЛАТНА БУБА МАРА НА ПОПУЛАРНОСТА“. ПЛАЌАШ ОНЛАЈН СО ВИЗА ИЛИ МАСТЕР КАРТИЧКА 300 ДЕНАРИ И КЛИКНУВАШ: МОЛИТВА ЗА СЛАВА, И ПОПОТ ПЕЕ, ПОТОА МОЛИТВА ЗА БЛУДЕЦ ИЛИ ЗА ПАРАСТАС, И ПОП СИ ПЕЕ… АМА ОВИЕ ЗА ВЕНЧАВКА, КРШТЕВКА И ЗА ПОГРЕБ НЕ МОЖЕ, БИДЕЈЌИ БОГАМИ ТУКА ЦЕНАТА Е ДОБРА И ТИЕ ПАРИ НЕ СЕ ЗА ФРЛАЊЕ. НО, СЕГА ЕДНО НЕ Е ЈАСНО – КАКО ЌЕ БИДЕ ЗА СВЕТИ НИКОЛА?! ТОА Е ГРАДСКА СЛАВА НА ПРИЛЕП И ДОМАШНА НА ПОЛОВИНА ПРИЛЕПЧАНИ, АКО СИТЕ ТРГНАТ СПОРЕД ОДЛУКАТА НА СВЕШТЕНСТВОТО 50 ЦРКВИ МАЛКУ ЌЕ БИДАТ…
- НОВИТЕ ,,ПОДЕБЕЛИ“ СМЕТКИ ОД ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА И ЈКП КОМУНАЛЕЦ ВЕЌЕ СЕ РАСПРЕДЕЛЕНИ НА ДОМАЌИНСТВАТА. Е, СЕГА ТИЕ ТРЕБА ДА СЕ ПЛАТАТ. НАСКОРО ЌЕ ДОЈДАТ И НОВИТЕ ОД ЕСМ . ЗА ОНИЕ ОД ПРОДАВНИЦИТЕ И МАРКЕТИТЕ НЕ СПОМНУВАМ. НАЈДОБРО ЌЕ БИДЕ БЕЗ ИСКЛУЧОК ПРЕД ДА ПОЧНЕМЕ ДА ПРЕСМЕТУВАМЕ КОЛКУ ПАРИ МЕСЕЧНО ЌЕ ТРЕБА ДА СЕ ДАВААТ ПОКРАЈ КАЛКУЛАТОРИТЕ ДА СИ ИМАМЕ ПО ЕДНА ЧАША ВОДА ЗА НЕ ДАЈ БОЖЕ!!! ЗАБЕЛЕЖЛИВА Е И ЕДНА ,,ФИНТА “ ВЕЛАТ ГРАЃАНИТЕ. ЧЕСТО СМЕТКИТЕ НА ЈП КОМУНАЛЕЦ ВО ОПРЕДЕЛЕНИ ДЕЛОВИ ОД ГРАДОТ ДА СЕ ДОСТАВУВААТ ОКОЛУ 17ти, А РОК НА ПЛАЌАЊЕ Е 15ти ВО МЕСЕЦОТ. БИДЕЈЌИ, НЕ МОЖЕ ДА СЕ ДОКАЖЕ ДЕНОТ НА ДОСТАВУВАЊЕ НА СМЕТКИТЕ, СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ ИМА И ПРЕСМЕТАНА КАМАТА..
- ФУДБАЛЕРИТЕ ШТРАЈКУВААТ, А ТРЕНЕРОТ БАБУНСКИ НАМЕСТО НА ТРЕНЕРСКОТО МЕСТО СИ СЕДЕЛ НА ТРИБИНИ. АД ФК ПОБЕДА ТИ ОСТАНАЛА БЕЗ ПАРИ ОД ЈУНИ. ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ЗА ГОЛЕМИОТ ФУДБАЛСКИ КЛУБ ВО ГРАДОВ, АМА И ЗА ПРИЛЕП. НО, ЗА ОВА СИТЕ МОЛЧАТ, ОД ПУСТИ СТРАВ СИТЕ ,,ПОД ЈОРГАН ПЛАНИНА“ СЕ НАПИКАНИ. ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СИТЕ РАМЕНИЦИ И РАЦЕ КРЕВААТ НЕ БАРЕ СЕ ГИМНАСТИЧАРИ. А, ЦЕЛИОТ ПРОБЛЕМ ИМА ДРУГА ПОЗАДИНА И СОСЕМА ДРУГИ ИНТЕРЕСИ. ПРИЛЕПСКИОТ ГОДИШЕН БУЏЕТ Е ОКОЛУ 25 МИЛИОНИ ЕВРА, А, ЗА СПОРТОТ ВО ГРАДОТ СЕ ПРОЕКТИРАНИ САМО 65.000 ЕВРА. ВО СОСЕДНА БИТОЛА СПОРТИСТИТЕ ПОД ПЕЛИСТЕР ГОДИШНО НА РАСПОЛАГАЊЕ ИМААТ ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА. ВО ШТИП ЗА БРЕГАЛНИЦА КОЈА Е ИСТО КАКО ПОБЕДА ПРВОЛИГАШ, ОПШТИНАТА МЕСЕЧНО ИЗДВОЈУВА 16.000 ЕВРА. ТОЛКУ КОЛКУ ШТО ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА ГОДИШНО КОРИСТИ ОПШТИНСКИ ПАРИ. А ОПШТИНА НОВАЦИ ТИ Е ПРИМЕР САМ ЗА СЕБЕ: НА ФУДБАЛСКИОТ КЛУБ МУ ДАЛА 120.000 ЕВРА ЗА НИВНИОТ КЛУБ ДА МОЖЕ ОД ТРЕТА, ДА СЕ ПЛАСИРА ВО ВТОРА ЛИГА ! А, ПАРИТЕ ШТО ГИ ИЗДВОИ СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА ВАРДАР, НЕ ТРЕБА ДА СЕ СПОРЕДУВААТ И ДА СЕ СПОМЕНУВААТ.