11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

За нефункционалните спортските сали во Прилеп Ковачевски посочи: Вашиот градоначалник да си ги засука ракавите и заедно со локалната самоуправа да го сработи тоа што го има ветувано  на граѓаните

Прилеп започнува со подоготовка на традиционалниот турнир во мал фудбал „Св.Никола 2022“, а спортска сала за негово одржување, е сеуште под знак прашање. Организаторите, во желба ,традицијата да продолжи како понуда ја поставија  училишната сала на ООУ Добре Јованоски. Но, реакциите  на љубителите на спортот, фудбалот, и желната прилепска публика да следи , навива и да го поддржува фудбалот, едноставно не се согласува со тој предлог и бара од власта да најдат начин прилепските спортски сали „Универзална „ или „Македонија„ да бидат ставени во функција.

На прашањето на новинарот на радио Пела, „зошто државата не изнајде решение за ставање во функции на спортските салите во Прилеп ?„ премерот, Ковачевски ,  со своето, очигледно скромно познавање на оаа проблематика ( бидјеќи, Универзалната сала во Скопје,  е концертна сала и сала за манифестации, а не сала за спорт ) објасни вака:

„Вашиот градоначалник да си ги засука ракавите и заедно со локалната самоуправа да го сработи тоа што го има ветувано  на граѓаните.  Јас на неколку пати кажава јавно , и на трибините кои ги држам секојдневно низ државата,  дека се’ она што Владата може да направи за било која општина, без разлика од која партија е градоначалникот ,  бидејќи јас не ги делам општините од која партија е градоначалникот,  бидејќи Претседател на Влада е Претседател за сите граѓани во држават ,  се она што можеме, во рамки на Буџетот , во рамки на можностите што се во надлежност на Владата да направиме, тоа и ќе го направиме. Еве, гледате министерот Пенов и министерката Костадинова веќе беа во градот Скопје, таму има Универзална сала  која стои , не се реализира и секаде каде што можеме треба да помогнеме.„  беше одговорот на прашањето зе нефункционалноста на двете спортките сали во Прилеп.

(Радио Пела ( 27 мин. од видеото поставено на нашиот сајт:) https://radiopela.mk/%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%bc%d0%b8%d0%b5%d1%80%d0%be%d1%82-%d1%81%d0%b5-%d0%bf%d0%be%d1%84%d0%b0%d0%bb%d0%b8-%d0%be%d0%b2%d0%b0-%d0%b5-%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%be%d1%80%d0%b8%d1%81%d0%ba%d0%b8/

Инаку, Универзалната спорска сала , ( со прекини),  беше во полна функција до 2013/2014  година кога во неа активно тренираше  и играа натпревари ЖРК некогашниот ,„Жито Прилеп„ , а потоа освен повремено што се оджуваше турнирот во мал фудбал во декмври,  салата остана затворена , за да биде кратко пуштена на радост на сите вљубеници на  спортот ,само три недели, во ноември 2019, кога се одигра и мечот помеѓу РК Прилеп и Еурофарм Работнички.  Оттогаш спортската салата е нефункционална, иако како што велат локалните власти ти побарале од централната власт  таа да и биде остапена на општината. Универзалната сала во Прилеп е под надлежност, односно сопственост  на ЈП за  стопанисување со станбен и деловен простор.

Што се однесува до салата “Македонија„, која според ветувањата на власт во Прилеп, требаше да стане спортско – рекреативен центар со затворен базен, сеуште стои како нем споменик за некогашните спортски подвизи и случувања во неа и се бори со забот на времето. Во неа повеќе никој не гледа можност за рехабилитирање и обновување.

Би можело да ве интересира

Прилеп одбележува 79 години од ослободувањето

Пела Редакција

Витаминка доделува четири стипендии на студенти запишани на додипломски студии на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје

Никола Димески

Костоски од Левица: „До кога планирате да бидете слепи за дрвократците во Прилеп?„

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе