7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Попоски: Градоначалникот да го одржи предизборното ветување за намалување на старата цена на водата!

Цената на услугите на ЈКП Водовод и канализација Прилеп и предизборните ветувања на градоначалникот Јовчески беше во фокусот на денешната прес конференција на Филип Попоски, член на Управниот одбор на ова јавно комунално претпријатие и претставник на ОО на СДСМ Прилеп. Од локалната опозиција бараат исполнување на ветувањето:

Конечно, Управниот одбор на ЈКП „Водовод и канализација“ смогна сили да одговори на барањето на СДСМ и ја врати цената на водата на нивото од пред нејзиното покачување на 22 септември.Тоа беше единството логично решение, откако Владата предводена од СДСМ ја намали цената на струјата за јавните претпријатија за водоснабдување и пречистителните станици на 95 евра за мегават – час.

Меѓутоа, ова не е и не смее да биде конечната одлука на менаџментот на јавното претпријатие и општинската власт, по прашање на цената на водата.

Да потсетиме: Во својата изборната програма, Борче Јовчески и ВМРО-ДПМНЕ ветија намалување на сметките за вода и канализација, потенцирајќи дека тоа било РЕАЛНО ОСТВАРЛИВО.

Од тие причини, го повикуваме градоначалникот Јовчески да го одржи ветувањето и да побара намалување на цената на водата.

Истовремено, наместо да измислува непостоечки работни места за вдомување на партиски војници и блиски роднини на функционери на ВМРО-ДПМНЕ, апелираме до директорот на „Водовод и канализација“, Игор Гулабоски, јавно да ја поддржи таквата иницијатива и да му предложи на Управниот одбор да донеси Одлука за намалување на сметките за вода.

Само на тој начин ВМРО-ДПМНЕ, Јовчески и неговиот другар Игор Гулабоски ќе покажат дека ги штитат интересите и се грижат за стандардот на граѓаните на општина Прилеп.

Секоја друга одлука освен исполнување на даденото ветување и намалување на цената на водата, ќе биде уште еден доказ за лицемерието и бесрамните лаги на Борче Јовчески, посочи Филип Попоски, член на Управниот одбор на ова јавно комунално претпријатие и претставник на ОО на СДСМ Прилеп.

Би можело да ве интересира

Миле Талевски повторно ја доби довербата на членството

Елизабета Филипоска

Се очекува Прилеп да добие двајца заменици министри

Пела Редакција

Конгресот на СДСМ одложен за општинските организации да се произнесат за Извештајот за претседателските и парламентарните избори

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе