17.1 C
Прилеп
сабота, 26 април, 2025
Пела Радио

ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје

Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје, утре на 2 декември, 2022 организиран ОТВОРЕН ДЕН за идните бруцоши. Отворениот ден се организира во следните термини: од 10 часот и од 12 часот, со физичко присуство на секој од факултетите. Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, Центарот за кариера..

Тоа е можност да се запознаат  одблиску професорите и асистентите, заинтересираните да ги прашаат сè во врска со студиските програми, можностите за стипендирање. Исто така може да се слушнат искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, како да се дознае повеќе за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности.

Оние што за прв пат ќе го посетат Универзитетот ќе можат да прошетаат низ факултетите на УКИМ, да се запознаат со просторните капацитети, амфитеатри, лаборатории…

Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје е високообразовна институција со најдолга традиција во нашата Македонија.

Би можело да ве интересира

Средното образование,темел за иднината на младите

Елизабета Филипоска

Прв школски час за 715 првачиња

Елизабета Филипоска

Се одбележуваат 154 години од раѓањето на Ѓорче Петров во Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе