3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ВО ПРИЛЕП НЕМА ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ! (16)

Пишува: Зоран Момироски

  • ПОЛОВИНА ВЛАДА ДЕНОВИВЕ ИЗВРШИ ,,ИНВАЗИЈА“ ВО ПРИЛЕП. ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ И МИНИСТЕРОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ НИКОЛОВСКИ ВО ТУТУНСКИОТ КОМБИНАТ НА ОТКУПНИТЕ МЕСТА, И НА ОТКУПЕН ПУНКТ ВО МАЖУЧИШТЕ, МИНИСТЕРОТ ЗА ТРАНСПОРТ БОЧВАРСКИ НА ПАТОТ ПРИЛЕП – ГРАДСКО, А МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ОЛИВЕР СПАСОСКИ НА ТРИБИНА ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ. ИЗЛЕГУВА ВМРО-ДПМНЕ СО ПАРТИСКА ИЗЈАВА ВО КОЈА ОТКАКО ГО РЕДАТ НАВОДНИОТ НЕГОВ БИЗНИС СО ПУТЕР  МАРГАРИН УШТЕ МАСТ ТРЕБАШЕ ДА СПОМЕНАТ МУ ВЕЛАТ НА МИНИСТЕРОТ НИКОЛОВСКИ ,,ИШ“, ОДИ СИ – НЕМА ШТО ТИ ДА БАРАШ МЕЃУ ТУТУНАРИТЕ. АМА КОВАЧЕВСКИ НЕ ГО СПОМНУВААТ. ЗА БОЧВАРСКИ НЕ ВЕРУВАМ ДЕКА ЗНАЕЛЕ ДЕКА Е НА ПЛЕТВАР. А, ЗА СПАСОВСКИ НИ ЗБОР. ПО ОВА, ТИ ИЗЛЕГУВА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СДСМ ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ – ЦАКИО И ПРЕКУ ИЗЈАВА ВЕЛИ: ПОЛОВИНА  ВЛАДА ВО ПРИЛЕП, А ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ НИКАДЕ ГО НЕМА. УШТЕ ДА МУ РЕЧЕ КАДЕ СИ БОРЧЕ!!! ВО КОЈА ГЛУВЧИНА ДУПКА СИ ПИКНАТ !?! ВИКАШ И ЦИВКАШ ПРОТИВ ВЛАДАТА ОТИ НЕ ТИ ПОМАГА, А ПРЕМИЕРОТ СО ТРОЈЦА МИНИСТРИ ДОШОЛ ВО ПРИЛЕП !!! НО, ТЕБЕ ТЕ НЕМА!!! ЗА ДА МУ ОДГОВОРИ ЈОВЧЕСКИ ПРЕКУ СООПШТЕНИЕ  МУ ВЕЛИ: ЦАКИ НЕ ЛАЖИ ГО НАРОДОТ. НЕМАМ ПОКАНА, НЕ МЕ КАНИТЕ!!!   А, НЕ КАНЕТ ГОСТИН ЗНАЕТЕ КАДЕ СЕДИ !!!

 

  • ГО СЛУШАМ ЈОВЧЕСКИ И СИ ВЕЛАМ: ПОЛОВИНА  ВЛАДА ТИ ДОШЛА ВО ПРИЛЕП КАДЕ ШТО ТИ СИ ГРАДОНАЧАЛНИК, ТИ СИ ДОМАЌИН, А, ЧЕКАШ ПОКАНА?! АКО ДОЈДАТ ГОСТИТЕ ВО ТВОЈА  КУЌА И ДА ЧЕКАШ ТИЕ ДА ТЕ ПОКАНАТ,  Е ТОГАШ НАВИСТИНАТА РАБОТАТА Е ДАЛЕКУ ЗАМИНАТА!!! А, БЕ ГРАДОНАЧАЛНИЧЕ, ГРАЃАНИТЕ ТЕ ИЗБРАА ДА МУ БИДЕШ ТАТКО НА ГРАДОВ. ВО ИНТЕРЕС НА СЕМЕЈСТВОТО МИСЛАМ НА ГРАДОТ,  ГЛАВАТА НА ТОА  СЕМЕЈСТВОТО ПОКАНУВА. СЕКОЈ ШТО ДОШОЛ, ПА ДУРИ И ДА Е НАЈГОЛЕМ ДУШМАН, ЌЕ ПИЕ ДА ГО ПОВИКАШ НА ЕДНО КАФЕ. ЌЕ СИ ЈА КАЖЕШ МАКАТА И ПОТРЕБАТА, СВОЈОТ СТАВ И СВОЕТО МИСЛЕЊЕ, И ТОЛКУ! ВЕЛИШ ДЕКА НЕ СИ  ЗАДОВОЛЕН ОД БЕЗБЕДНОСНАТА СИТУАЦИЈА ВО ГРАДОТ. СИ РАЗГОВАРАЛ СО ПРЕТПОСТАВЕНИТЕ ВО ПРИЛЕПСКАТА ПОЛИЦИЈА. МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ ТИ ДОАЃА ВО ОПШТИНАТА, А ТИ БЕГАШ!? ДОАЃА ПРЕМИЕРОТ, ПОКАНИ ГО ЧОВЕКОТ  НА КАФЕ, НЕГОВ, НЕКА БИДЕ ГРЕВОТ И СРАМОТ, АКО НЕ ВЛЕЗЕ И НЕ САКА ДА ПИЕ КАФЕ ВО ТВОЈОТ КАБИНЕТ.  А НЕ ,,ТРОПАШ “, СИ ИМАЛ НАБИЕНА АГЕНДА, ПА НЕ СИ МОЖЕЛ ДА НАЈДИШ ВРЕМЕ ЗА СРЕДБА.

 

  • ВАКА ИСПАЃА РАБОТАВА ПАК СЕ СВЕДУВА НА ДОМАЌИНЛАКОТ НА ЦАКИОТ. НЕ БАРЕМ, ТОЈ Е ГРАДОНАЧАЛНИК!?! ДА КОНСТАТИРАМЕ: ЗНАЧИ ТОЈ ЛАЖЕ И МАНИПУЛИРА, ТОЈ ГО КРИТИКУВА ЈОВЧЕСКИ, А НЕ ГО КАНИ НА НАСТАНИ. ЗАТОА ВО ИДНИНА ВИЕ ОД РАКОВОДСТВОТО НА ОО НА СДСМ-ПРИЛЕП ВО ИДНИНА ДА БИДЕТЕ ПОВНИМАТЕЛНИ.. И, ПООРГАНИЗИРАНИ. ПОРАДИ БРОЈНИ АКТИВНОСТИ И МАКСИМАЛНО АНГАЖИРАЊЕ НАШИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ КОЈ ИМА ,,ЕПТЕН ГОЛЕМА“ И НАБИЕНА АГЕНДА  СИТЕ НАРЕДНИ ПОСЕТИ НА ПРЕМИЕР И МИНИСТРИ НА ПРИЛЕП,  ЌЕ ГИ НАЈАВУВАТЕ БАРЕМ МЕСЕЦ ПОРАНО ЗА ДА МОЖЕ ЈОВЧЕСКИ ДА ВЕ ВНЕСЕ ВО НЕГОВАТА АГЕНДА.

 

  • ОТКАКО БЕШЕ ОТСТРАНЕТ ГОЛЕМИОТ ДЕФЕКТ ПО СКОРО МЕСЕЦ, БОЛНИЦАТА ВО ПРИЛЕП ДОБИ ТОПЛА ВОДА ЗА ПАРНО И ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ПЕРСОНАЛОТ И ПАЦИЕНТИТЕ. А НЕРВНО ПСИХИЈАТРИСКОТО ОДДЕЛЕНИЕ НОВ НАЧАЛНИК. ПСИХИЈАТАРОТ Д-Р. САШО ПИРГАНОСКИ ПО ЗАГУБЕНАТА БИТКА ЗА ДИРЕКТОРСКАТА ПОЗИЦИЈА Е РАЗРЕШЕН ОД НАЧАЛНИЧКАТА ПОЗИЦИЈА ОД АКТУЕЛНАТА ДИРЕКТОРКА  КЕТИ СМИЛЕСКА. И ТОА НЕ Е ПРОБЛЕМ. ТАА ГО ИМА ПРАВОТО ЗА ИЗБОР НА ТИМ И ВО ИНСТИТУЦИЈАТА ДА ВОДИ КАДРОВСКА ПОЛИТИКА. ЗА МЕНЕ НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ Е КОГА ЌЕ ДОЈДЕ ВРЕМЕ УЧЕНИКОТ ДА МУ СУДИ И ДА МУ ПРЕСУДИ НА ПРОФЕСОРОТ. ТОА НЕ ГО МОЖЕ СЕКОЈ, ПА ДУРИ И ДА Е ПАРТИСКИ  ИЛИ ЛИЧЕН СТАВ. НЕ ДЕКА ПИРГАНОСКИ Е ,,ЦВЕЌЕ ЗА МИРИСАЊЕ,“ АМА ИСКРЕНО ВО ОВАА УСТАНОВА МЕЃУ ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ИМА МНОГУ ПООПАСНИ И ,,ПОРАСИПАНИ“ ОД МНОГУ ДРУГИ. ДУРИ ТИ ИМАЛО И ТАКВИ КОИ ЛАЖНО ИМ ВЕТУВАЛЕ НА ПОЕДИНЦИ НИВНИ КОЛЕГИ КОИ ЧЕКААТ ВРАБОТУВАЊЕ ВО БОЛНИЦАТА. ИМ СЕ ПРЕТСТАВУВАЛЕ  ДЕКА СЕ ГЛАВНИ ВО СДСМ И  ДЕКА СЕ ДЕЛ ОД КООРДИНАЦИЈАТА НА СДСМ. А КУТРИТЕ НА ,,КЛОЦА“ СЕ ДИГНАТИ И ОД ПАРТИЈАТА И ОД РАКОВОДНИТЕ СТРУКТУРИ НА ОО НА СДСМ.

 

  • ИГОР ГУЛАБОСКИ ДИРЕКТОРОТ НА ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА НАЈАВИ ДЕКА ,,ТАА ДУПКА НЕМА ДА БИДЕ ДУПКА“. ЌЕ ЈА ПОНИШТАТ НЕОДАМНЕШНАТА ОДЛУКА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ВОДАТА, ВЕДНАШ ОТКАКО ЌЕ ДОБИЈАТ ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ВЛАДАТА ДЕКА СТРУЈАТА ЌЕ БИДЕ СУБВЕНЦИОНИРАНА ОД ВЛАДАТА. НА СРЕДБА СО НОВИНАРИТЕ ПОТВРДИ ДЕКА НАЈГОЛЕМ ПОТРОШУВАЧ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА Е ПРОЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА И ДЕКА СЕ БАРААТ РЕШЕНИЈА ВО ИДНИНА САМОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ДА ГО РЕШИ ОВОЈ ПРОБЛЕМ СО ФОТОВОЛТАИЦИ И СО ПРОИЗВОДСТВО НА БИО-ГОРИВО. ВО СЕТА ОВАА РОШОМОНИЈАДА ОСТАНУВА ОТВОРЕНО ПРАШАЊЕТО: АКО ПРОЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ТРОШИ НАЈМНОГУ СТРУЈА И СЕГА ТОКМУ ТАА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ ЈА СУБВЕНЦИОНИРА ВЛАДАТА-ЗОШТО ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА ЈА ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА ЗА 20 ОТСТО НА ВОДАТА, А НЕ САМО СТАВКАТА ЗА ПРОЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА?! И НА КРАЈ, КАКО ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА ЌЕ ЈА НАМЛИ ЦЕНАТА НА ВОДАТА КОГА ТАКВА ОДЛУКА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НОСИ И ПОНИШТУВА СОВЕТОТ НА ГРАДОТ?!

 

  • ДЕСЕТЧАСОВНОТО ПАТУВАЊЕ  СО ВОЗ ОД СКОПЈЕ ДО ПРИЛЕП ОД ПРЕД ДЕСЕТИНА ДЕНА НЕ СЕ СИМНУВА ОД АКТУЕЛНИТЕ ТЕМИ  НА ПОРАТАЛИТЕ ВО ЗЕМЈАВА. ОСОБЕНО ШТО ЛОКОМОТИВАТА СЕ РАСИПАЛА ВО СЛЕПЧЕ. ИМЕВО НА СТАНИЦАТА Е ЈАКО И СЕ СОВПАЃА СО ВКУПНАТА СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ. ДА СЕ РАСИПУВААТ ВОЗОВИ И ПАТНИЦИТЕ ДА ОСТАНУВААТ СО ЧАСОВИ ВО ЛАДНИТЕ ВАГОНИ НЕ Е ПРВО И ПОСЛЕДНО, И ЗА МАКЕДОНИЈА НЕ Е НЕКОЈА НОВИНА ИЛИ ИЗНЕНАДУВАЊЕ ВО 21 ВЕК. ИАКО МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ Е ПОДЕЛЕНА НА МЖ ТРАНСПОРТ НА СТОКА И ПАТНИЦИ И НА МЖ ИНФРАСТРУКТУРА МНОГУ БИ БИЛО ИНТЕРЕСНО И КАКО ЕДНО ВАКВО ПАТУВАЊЕ БИ ГО ДОЖИВЕАЛ ДИРЕКТОРОТ НА МЖ ИНФРАСТРУКТУРА ХАРИ ЛОКВЕНЕЦ КОЈ СЕКОЈДНЕВНО ПАТУВА НА РЕАЛЦИЈА ПРИЛЕП-СКОПЈЕ И ОБРАТНО. Е ТОГАШ  ЌЕ БИДЕ НЕШТО НЕСЕКОЈДНЕВНО И ИНТЕРЕСНО – ХАРИ ДА ПАТУВА И ДА ОСТАНЕ СО  ВОЗ ВО ЗИМА НА ОТВОРЕНА ПРУГА!!!   И ТОА НЕ 10 ЧАСА  ДОСТА ЌЕ МУ БИДАТ САМО 5 ЧАСА.

Би можело да ве интересира

ВО ПРИЛЕП НЕМА ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ! (7)

Гордана Цветаноска

Нема повеќе правни пречки за рекламирање на општинските власти во приватните медиуми

Елизабета Филипоска

При онлајн купување проверете контакт податоци и намалете го ризикот!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе