Трите општини од пелагонскиот регион Прилеп, Долнени и Кривогаштани во декември 2022 г. склучија договор за реализација на нови социјални услуги наменети за повозрасните граѓани, над 65 годишна возраст. За проектот е задолжено Министерството за труд и социјална политика, а со поддршка на Светската банка. Се вклучува невладиниот сектор, локалните самоуправи на трите општини, а се вклучува и Министерството за здравство бидејќи преку матичните лекари ќе се утврдува на кои наши сограѓани од третото доба им е потребна помош. Планирано е работно да се ангажираат 40 негуватели кои претходно ќе поминат обуки за добивање на потребната стручност (доколку ја немаат) за пружање на услугите. Ќе бидат опфатени минимум 120 лица од трите општини.
„Реализацијата на проектот е во тек и наскоро ќе се распише јавен повик за негувателите, а веќе од втората половина на годинава ќе започне пружањето на социјалните услуги во домовите на лицата кои се пријавиле. Покрај локалните самоуправи, Центарот за социјална работа, има можност да се вклучи и бизнис секторот преку микро фирмите, занаетчиите бидејќи и нивните услуги ќе бидат потребни,“ рече Марина Тошеска, координатор за трите општини во проектот, во програмата „Радио што се гледа“ .
За какви социјални услуги станува збор, што може да очекуваат лицата на кои им е потребна помош, што ќе бидат задачи на негувателите, кои се обврските на сите вклучени страни – целиот разговор во продолжение: