23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Од полноќ поевтинува дизелот

Освен дизелот, од полноќ поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство кое ќе се продава по цена од 80,5 денари за литар. Од вечерва на полноќ дел од горивата ќе се продаваат по намалени, а дел по непроменети цени, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според одлуката на РКЕ, од полноќ цената дизелот се намалува за 2,5 денари за литар, додека цените на бензините остануваат исти и нема да се менуваат.

Па така, литар дизел од полноќ ќе чини 82 денари, бензинот еуросупер БС-95 ќе се продава за 84 денари за литар, а литар бензин еуросупер БС-98 ќе чини 86 денари.

Освен дизелот, од полноќ поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство кое ќе се продава по цена од 80,5 денари за литар.

Би можело да ве интересира

Откупните цени ќе бидат пресудни за новата тутунска реколта

Жените земјоделки ќе може да аплицираат за грант од 3 000 евра

Човечките ресурси – цврст темел за развојот на Комфи Ангел

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе