11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

За случајот со сексуалното вознемирување на средношколка во СОУ „Орде Чопела„

Прилепското основно обвинителство почна да прибира потребна документација и почна со распит за проверка на наводите дека во средното училиште „Орде Чопела“ ученичка била сексуално вознемирувана од вработен во училиштето.

Јавниот обвинител Маријана Илиеска потврдилa дека сe прибираaт известувања, и се врши распит, па било побарано од полицијата да ги прибави видео-записите од камерите во училиштето.

– Започнавме со прибирање потребни известувања, а денеска имавме и распит, меѓу кои и на ученичката, а испрашани се директорката и социјален работник во училиштето. Поднесовме наредба до полицијата да ги прибави видеозаписите од училиштето. Психолог ќе вештачи за душевната состојба на ученичката за на крајот да решиме дали ќе се отвори предмет и дали ќе има кривично гонење, изјави за МИА, телефонски, јавниот обвинител, Маријана Илиеска.

Од СВР Битола соопштуваат дека случајот е пријавен во полицијата.

– На 14 февруари во 10:40 часот во полициската станица во Прилеп од вработена во средно училиште било пријавено дека малолетна ученичка кај неа пријавила дека била допирана по телото од вработен од училиштето. Полициските службеници презеле мерки и активности и за случајот е известен јавен обвинител, информираат од СВР Битола.

За пријавата на средношколка во СОУ „Орде Чопела” во Прилеп, која пријавила во училиштето дека маж, вработен како хигиеничар во училиштето, ја допирал по телото била запозната и директорката на училиштето, и Меѓуопштинскиот Центарот за социјални работи.

Прв медиум кој ја објави веста беше телевизија „Клан“, чиј новинар Фуркан Салиу алармираше дека случајот не бил пријавен навреме, „а човекот осомничен за ова дело не е суспендиран“.

Би можело да ве интересира

Опжарена трева, застрелан коњ, обид за убиство…

Елизабета Филипоска

45 шишенца со метадон пронадени кај Прилепченец кој патувал со автобус

Елизабета Филипоска

Физички нападнати жени од нивните татко и сопруг

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе