5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (29)

Пишува: Зоран Момироски

  • ,,НА ПОВИДОК МОЖЕН ГОЛЕМ СКАНДАЛ ВО СОУ ,,ОРДЕ ЧОПЕЛА,, ВО ПРИЛЕП“; „СЕКСУАЛНО ЗЛОСТАВУВАЊЕ ОД ХИГИЕНИЧАР ВО СОУ „ОРДЕ ЧОПЕЛА“ ВО ПРИЛЕП“, СЕ ДЕЛ ОД НАСЛОВИТЕ НА ТВ КЛАН И НА ПОВЕЌЕ ПОРТАЛИ. ТИЕ, СОСЕМА ОПРАВДАНО  СОЗДАДОА МНОГУ ДИЛЕМИ И ОСУДИ ВО ЈАВНОСТА. НО, И  ОПРАВДАНИ РЕАКЦИИ НА ПОЕДИНЦИ, А  И МНОГУ НЕГОДУВАЊА. СПРОТИВСТАВЕНИ СТАВОВИ ИМА И КАЈ НАДЛЕЖНИТЕ ВКЛУЧЕНИ ВО ИСТРАГАТА. НИКОЈ НЕМА ПРАВО ДА ГИ СОКРИВА ФАКТИТЕ И ВИСТИНАТА. ОБВИНИТЕЛСТВОТО Е НА СТАВ И БАРА ДО КРАЈ ДА СЕ РАСЧИСТИ ОВОЈ СЛУЧАЈ, А ПОТОА ЌЕ ОДЛУЧИ ДАЛИ ЌЕ ПОКРЕНЕ ОБВИНЕНИЕ ПРЕД НАДЛЕЖНИОТ СУД. ВО ЦЕЛИОТ ОВОЈ СЛУЧАЈ СЕ ПОСТАВУВА ПРАШАЊЕТО ЗОШТО СКОРО МЕСЕЦ  ЗА ОВА СЕ МОЛЧЕЛО  ВО ЈАВНОСТА, КАКО ОД СОУ „ОРДЕ ЧОПЕЛА“ ТАКА И ОД ИНВОЛВИРАНИТЕ ВО ОВОЈ СКАНДАЛ. ПА, ПРВО ТВ КЛАН, И ТОА  НЕ СЛУЧАЈНО, ДА ОБЕЛОДЕНИ ЗА ОВОЈ НАСТАН. И НА КРАЈ И ОНА ШТО Е НАЈВАЖНОТО, ЗОШТО ПОД ИЗГОВОР ДЕКА ИСТРАГАТА Е ВО ТЕК, МОЛЧЕЛЕ СИТЕ ОД ОВАА ОБРАЗОВНА ИНСТИТУЦИЈА?!? СПОРЕД НАШИ ИНФОРМАЦИИ, НАЈВЕРОЈАТНО СТАНУВА ЗБОР ЗА СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ, А НЕ ЗА СЕКСУАЛНО ЗЛОСТАВУВАЊЕ. СКОРО НЕДЕЛА ПО НАСТАНОТ СЕ БАРАЛО ДА БИДЕ ИНВОЛВИРАН И МЕЃУОПШТИНСКИОТ ЦЕНТАР  ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ И ТОА САМО ПОРАДИ ПОЕДИНЕЧНА НЕУПАТЕНОСТ И ПРЕТПОСТАВКА  ДЕКА СТАНУВА ЗБОР ЗА УЧЕНИЧКА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ. ВИСТИНАТА Е ДЕКА СТАНУВА ЗБОР ЗА УЧЕНИЧКА СО НАРУШЕНО ПОВЕДЕНИЕ, А НЕ СО НАРУШЕНИ ЗДРАВСТВЕНИ ПРОБЛЕМИ БИДЕЈЌИ КОМИСИСКИ И ЛЕКАРСКИ НАОД ЗА ВАКВА КВАЛИФИКАЦИЈА НЕМА. НО И ПОКРАЈ ВАКВИОТ ЗДРАВСТВЕН СТАТУС МЦСР ГИ ИМА ПРЕЗЕМЕНО СИТЕ МЕРКИ КАКО ДА СТАНУВА ЗБОР ЗА ДЕТЕ СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ. НАШИ ИЗВОРИ ОД УЧИЛИШТЕТО ТВРДАТ ДЕКА ИМАЛО  НЕКАКОВ СЛУЧАЈ ЗА КОЈ СО ДЕНОВИ  СЕ МОЛЧЕЛО  ПРЕД ЈАВНОСТА. ВИСТИНА Е  ДЕКА РАКОВОДНИТЕ СТРУКТУРИ ВО ОВАА ОБРАЗОВНА ИНСТИТУЦИЈА  НАЈВЕРОЈАТНО ЧЕКАЛЕ ДА ЗАВРШИ ИСТРАГАТА. ПА ДУРИ ПОТОА ДА ДОНЕСАТ ОДЛУКА ЗА ДА СЕ ПРЕЗЕМАТ И СООДВЕТНИ ДИСЦИПЛИНСКИ МЕРКИ ПРОТИВ ХИГИЕНИЧАРОТ. ШТО ЗНАЧИ: НЕ БИЛЕ ДОВОЛНИ РЕАКЦИИТЕ НА УЧЕНИЧКАТА И НА НЕЈЗИНИТЕ РОДИТЕЛИ И НА НЕЈЗИНИ СООЧЕНИЦИ ?!? И ВО ОВОЈ, ТАКА  И ВО ПРЕТХОДНИОТ СКАНДАЛ  СО БОЛНИЦАТА, СЕ ПОСТАВУВА ПРАШАЊЕТО: КАДЕ НИ СЕ ЗАГУБИЈА МОРАЛНИТЕ И ЕТИЧКИТЕ НОРМИ И ВРЕДНОСТИ ?! АКО НЕ ПОВЕЌЕ, БАРЕМ НЕМАШЕ НИШТО ЛОШО ДА БИДЕ, А ВЕРУВАМ  И НИШТО ПРОТИВЗАКОНСКИ,  ДОКОЛКУ  ОСОМНИЧЕНИОТ БЛАГОВРЕМЕНО НЕ БЕШЕ ОТСТРАНЕТ ОД РАБОТА И ТОА  ДО ЗАВРШУВАЊЕ НА ЦЕЛАТА ПОСТАПКА. НА ТОЈ НАЧИН ЌЕ БЕА ЗАШТИТЕНИ УЧЕНИЧКАТА И НЕЈЗИНОТО СЕМЕЈСТВО, ОСОМНИЧЕНИОТ И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО, И НА КРАЈ, САМАТА ОБРАЗОВНА ИНСТИТУЦИЈА СОУ „ОРДЕ ЧОПЕЛА“.

 

  • ВТОРА НЕДЕЛА КАКО ГЛУВЦИ СЕ НАПИКАНИ ВО СВОИТЕ ДУПКИ ОВИЕ ОД ПРИЛЕПСКИОВ СДСМ. НИ СУРАТИ ЧОВЕК ДА ИМ ВИДИ НИ ГЛАС ДА ИМ СЛУШНЕ ПО СКАНДАЛОТ ВО ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА ПРЕДИЗВИКАН ОД ИНТЕРХОСПИТАЛНИТЕ ИНФЕКЦИИ. БЕЗ ГРАМ МОРАЛНИ ЧОВЕЧКИ И ХУМАНИ НОРМИ, САМО ПРЕКУ ДВЕ СООПШТЕНИЈА, ОД БОЛНИЦАТА КОМУНИЦИРАА СО ЈАВНОСТА. ПРВОТО ДЕКА СЕ ЧЕКААТ РЕЗУЛТАТИ ОД ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ  И ВТОРОТО  ДЕКА ПО НЕГАТИВНИТЕ НАОДИ ОД ИНСТИТУТОТ КОМИСИЈАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ИНТЕРХОСПИТАЛНИ ИНФЕКЦИИ ДОНЕЛА ОДЛУКА ПО СЕДУМ ДЕНА ОД ВТОРНИКОТ ДА СЕ ОТВОРАТ ОПЕРЦИОНИТЕ САЛИ, ДА СЕ ПРОДОЛЖИ СО ОПЕРАТИВНАТА ПРОГРАМА, НО ДА СЕ ПОЧИТУВААТ ПРИНЦИПИТЕ ЗА АСЕПСА , И, ДА СЕ ВРШИ ПОСТОЈАНА ДЕЗИНФЕКЦИЈА И СТЕРИЛИЗАЦИЈА. А, ЗА ТОА КОЈ Е ВИНОВЕН ЗА ДВАЈЦА ОД ТРОЈЦАТА ПОЧИНАТИ ДА ДОКАЖЕ И ПОКАЖЕ ИСТРАГАТА НА ОЈО-ПРИЛЕП.

 

  • ОВА ОД ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА МУ ДОАЃА КАКО НАРОДНАТА: ОПЕРАЦИЈАТА УСПЕШНА-ПАЦИЕНТОТ МРТОВ. ПРИТОА АКО СЕ АНАЛИЗИРА ОДЛУКАТА НА КОМИСИЈАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ПРЕВЕНЦИЈА ОД ИНТЕРХОСПИТАЛНИ ИНФЕКЦИИ ТОГАШ МНОГУ ЈАСНО СЕ БАРА: СО ОПЕРАТИВНИТЕ  ПРОГРАМИ ДА СЕ ПРОДОЛЖИ, АМА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ ПРОТОКОЛИТЕ ЗА ДА НЕ СЕ ПОЈАВИ  АСЕПСА ПРЕКУ ДЕЗИНФЕКЦИЈА И СТЕРИЛИЗАЦИЈА. ТОА ЗНАЧИ ДЕКА ПРЕТХОДНО НЕ СЕ ВОДЕЛО СООДВЕТНА  ГРИЖА ЗА ОВИЕ ПРАВИЛА И ПРОТОКОЛИ?! И, КОЈ ТОА НЕ ВОДЕЛ КОНТРОЛА И СООДВЕТНА ГРИЖА ЗА ОВА?! ПА, НЕЛИ ИМАТЕ ОДГОВОРНА СЕСТРА ВО БОЛНИЦАТА ЗА ИНТЕРХОСПИТАЛНИ ИНФЕКЦИИ. ИМАТЕ ГЛАВНИ И ОДГОВОРНИ СЕСТРИ ВО ОДДЕЛЕНИЈАТА. И, НИКОЈ ОД ОВИЕ НЕ Е ЗА НИШТО ВИНОВЕН?! НЕЗНАМ, АМА, САМО ПО СЕБЕ СЕ ПОСТАВУВА ПРАШАЊЕТО: СО ШТО ТОЛКУ ПАРТИЈАТА ГРАДОВ, ПА И ДРЖАВАВА ЗАДОЛЖИЛА ЕДНА ОСОБА, ПА ДА СЕ МАРГИНАЛИЗИРА ВАКОВ СКАНДАЛ??? АКО НЕ ПОВЕЌЕ, ОД МОРАЛЕН АСПЕКТ, ТРЕБАШЕ НЕКОЈ ДА ПОНЕСЕ ОДГОВОРНОСТ И ВЕДНАШ ДА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА. КОЛКУ ПАМЕТАМ, ДУРИ И НОСИТЕЛИТЕ НА ПАРТИЗАНСКА СПОМЕНИЦА 1941 ГОДИНА ДОДЕЛЕНА ОД ТИТО, НЕ БЕА ПОШТЕДЕНИ ОД ОДГОВОРНОСТ. АМА ДОЈДЕ ВРЕМЕ ЕДНА МАРГИНАЛНА ЛИЧНОСТ ДА БИДЕ ПОВРЕДНА, ПОЗНАЧАЈНА „БЕСЦЕНЕТА“ И НЕДОПИРЛИВА ОД ДВАЈЦА. А МОЖЕБИ И ОД ЧЕТИРИ ЧОВЕЧКИ ЖИВОТИ?!? ЕТЕ, ОВОЈ ИЛИ СЛИЧНИ НА ОВИЕ СЛУЧАЕВИ ПОКАЖУВААТ НА КОЕ НИВО СЕ СИМНАТИ  ЧОВЕЧКИТЕ, МОРАЛНИТЕ И ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВРЕДНОСТИ. ГИ СЛУШАМ ОВИЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ, ПРЕКУ ИЗЈАВА, БАРААТ ОСТАВКА ОД ДИРЕКТОРКАТА КЕТИ СМИЛЕСКА. НЕ ДЕКА И ТАА НЕ ТРЕБА ДА ПОНЕСЕ ОДГОВОРНОСТ, НО МИСЛАМ ДЕКА ВРЕМЕ Е ДА БИДЕТЕ МАЖИЊА И ВИЕ, И ОНИЕ ОД СДСМ  И ДА СМОГНЕТЕ СИЛИ И БАРАЊАТА ЗА ОСТАВКИ ДА ГИ АДРЕСИРАТЕ  И НА ДРУГИ АДРЕСИ. АМА, ВИ Е СТРАВ,  ОТИ ТИЕ ДРУГИ АДРЕСИ СЕ ОД АРАМИИ И ОД ОБИЧНИ ХОШТАПЛЕРИ НА КОИ СО ГОДИНИ  ЗДРАВСТВОТО ИМ Е ИЗВОР ЗА ЕПТЕН УБАВА ЕГЗИСТЕНЦИЈА. А, ПАЦИЕНТИТЕ БРОЈКИ И ПАРИ ?!?!?

 

  • ДЕН ПРЕД ПРОЧКА, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ, БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ НЕГОВАТА „СЕНКА“ ИГОР  ГУЛАБОСКИ – ГУЛАБОТ И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОВЕТОТ, ДЕЈАН ПРОДАНОСКИ ВРШАТ УВИД НА САНИРАЊЕ НА УДАРНИ ДУПКИ СО ЛАДЕН АСФАЛТ  НА УЛИЦИТЕ ВО ПРИЛЕП. БИДЕЈЌИ Е ЗИМА АСФАЛТНИТЕ БАЗИ НЕ РАБОТАТ, А НАЈАВЕНАТА ГРАДЕЖНА ОФАНЗИВА ЌЕ ПОЧНЕ КОГА ЌЕ  СЕ АКТИВИРААТ АСФАЛТНИТЕ БАЗИ. ВОСХИТЕН ОД ОВОЈ ,,ГРАНДИОЗЕН“ ГРАДЕЖЕН ЗАФАТ ЈОВЧЕСКИ МЕЃУДРУГОТО ВЕЛИ: ОВА СЕ СЛУЧУВА ЗА ПРВ ПАТ ВО НАШИОТ ГРАД. МИСЛИ СО ЛАДЕН АСФАЛТ ДА СЕ САНИРААТ УДАРНИ ДУПКИ. ГИ ГЛЕДАМ ТРОЈЦАВА „МУСКАТАРИ“ И СИ ВЕЛАМ: ОВИЕ НАВИСТИНА КАКО ГУЛАБИ ЛЕТНАЛЕ ВО ОБЛАЦИ! САКААТ ДА СПИНУВААТ ИЛИ ДА СИ ГИ ПОКРИЈАТ СОПСТВЕНИТЕ ТРОШОЦИ ЗА 16 МЕСЕЧНАТА ЛЕЖАРИНА И, СЕ ОБИДУВААТ ДА НИ ЈА ПОТЦЕНАТ НАШАТА ГРАДСКА МЕМОРИЈА И ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА. ПРВО САНИРАЊЕ НА УДАРНИ ДУПКИ СО ЛАДЕН АСФАЛТ ВО ПРИЛЕП Е НАПРАВЕНО ЗИМАТА 2003 ГОДИНА КОГА ГРАДОНАЧАЛНИК БЕШЕ КОЛЕГАТА НА БОРЧЕ ОНОЈ ОД  ПЕТТИ  ДОКТОР САШО ПИРГАНОСКИ. НА ПРЕДЛОГ И СО ПОМОШ НА ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ  ИЛИЈА ДИМОСКИ-ШАТОРОТ  И, ТОЈ ОД ВМРО-ДПМНЕ КАКО ЈОВЧЕСКИ НА КОЈ ПРИЛЕПЧАНИ СЕГА МУ СТАВИЛЕ ПРЕКАР БОРЧЕ ,,ИКЕБАНАТА“ ТОГАШ, БЕШЕ НАПРАВЕНО ПРВОТО ЗИМСКО САНИРАЊЕ, А ВОЕДНО И ПРЕЗЕНТИРАЊЕ НА ЛАДНИОТ АСФАЛТ КОЈ МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ И НА – 50 СТЕПЕНИ. ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ЗАПОЧНА ОД „ШАРЕНА ЧЕШМА“ ДОЛЖ УЛИЦАТА „БРАЌА ЛАМЕСКИ“. И ТОА СО ПОВОД – НОВОГОДИШНА ПОСЕТА НА ГРАДОТ ОД СТРАНА НА  ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РМ БОРИС ТРАЈКОВСКИ. СЕГА САНИРАЊЕТО ГО ВРШАТ РАБОТНИЦИ ОД ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА, А ТОГАШ ОД ВП ,,СТЕРНА“. САКАЈЌИ ДА СЕ ПРОБИЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР, ТОЧНО ПРЕД 20 ГОДИНА КОГА ДЕКИО, БОРЧЕ И ГУЛАБOT НЕМАА ПОЈМА НИТУ ИМАЛЕ ПОТРЕБА ДА ЗНААТ  ШТО Е ТОА ЛАДЕН АСФАЛТ. МНОГУМИНА СЕ СЕЌАВААТ КОГА  АМЕРИКАНСКИОТ ПРОИЗВОДИТЕЛ ОД САН ФРАНЦИСКО СО СВОИ И ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ЗЕМЈАВА, ВРШЕА УВИД ВРЗ РАБОТАТА И ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА КАЈ ШЕРЕНА ЧЕШМА. ИМА УШТЕ ЕДНА РАЗЛИКА!!! ИАКО ОД ВМРО-ДПМНЕ ИЛИЈА ДИМОСКИ-ШАТОРО КАКО ГРАДОНАЧАЛНИК НЕ САМО ШТО СЕ ТРУДЕШЕ ДА БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОПШТИНАТА  НА СИТЕ ГРАЃАНИ,  ТУКУ ВО ЧАРШИСКИ И ГРАДСКИ МАНИР СЕКОГАШ ВО ИНТЕРЕС НА ПРИЛЕП, РАБОТЕШЕ И СЕ СРЕЌАВАШЕ И СО НАЈВИСОКИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ ВО РМ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ КИРО ГЛИГОРОВ ДО МИНИСТРИ И ЗАМЕНИЦИ МИНИСТРИ ОД СДСМ. ЕТЕ, ТОЈ, ИЛИЈА ДИМОСКИ-ШАТОРОТ, КОЈ МНОГУМИНА ГО ВИКАА „КОНДУКТЕРОТ“ ЗНАЕШЕ ДА ГИ ПРЕПОЗНАЕ  ПРИЛЕПСКИТЕ ИНТЕЛЕКТУАЛЦИ, ДА ГИ ОБЕДИНИ И ДА ГО ИСКОРИСТИ НИВИОТ ИНТЕЛЕКТУАЛЕН КАПАЦИТЕТ. ЗА НЕГО, НОВИНАРИТЕ БЕА СОВЕСТА И СВЕСТА НА ОПШТЕСТВОТО, А НЕ РЕКЕТАРИ!!! ОТИ КАКО ШТО ВЕЛИ ГРУБИ САМО РЕКЕТАР ГЛЕДА ВО ДРУГИОТ  ДЕКА Е РЕКЕТАР; САМО КЛЕПТОМАН МОЖЕ ДА МИСЛИ И ДА ЕТИКЕТИРА ДЕКА СИТЕ СЕ КЛЕПТОМАНИ; САМО АРАМИЈА ВО ДРУГИОТ ГЛЕДА АРАМИЈА. ПРИТОА КОГА СУМ КАЈ ШАТОРО НЕ ТРЕБА ДА СЕ ЗАБОРАВИ ДЕКА ВО  ВРЕМЕ НА ДИМОСКИ И СО НЕГОВА ПОМОШ ПРИЛЕП ЈА ДОБИ ПРВАТА НЕЗАВИСНА ТЕЛЕВИЗИЈА И ЦЕНТАРОТ ЗА ПЕЧАТ И РАДИО ДА СЕ ТРАНСФОРМИРА ВО ЦЕНТАР ЗА ПЕЧАТ РАДИО И ТЕЛЕВИЗИЈА. СО ГЛЕДАНОСТ ОД ПРИЛЕП ДО ЛЕРИН ВО СОСЕДНА ГРЦИЈА. И, ТОА ПРЕД ВО МАКЕДОНИЈА ДА СЕ ФОРМИРААТ И ДА ЕМИТУВААТ СОВИ ПРОГРАМИ  А1, СИТЕЛ, КАНАЛ 5, ТЕЛМА И АЛФА.

 

  • ВО НЕДЕЛА ГОЛЕМ ЦЕНТРАЛЕН  ОСМОМАРТОВСКИ МАРШ НА ФОРУМОТ НА  ЖЕНИТЕ ОД СДСМ ВО ПРИЛЕП. СПОРЕД НАЈАВИТЕ ТИЕ  РЕШИЛЕ ДА  МАРШИРААТ ОД ПАРКОТ НА РЕВОЛУЦИЈАТА ДО МЕМОРИЈАЛНИОТ МУЗЕЈ 11 ОКТОМВРИ – НЕКОГАШНИОТ БУГАРСКИ УЧАСТАК. А ШТО ДРУГО ПОПАМЕТНО БИ ПРАВЕЛЕ, ОСВЕН ДА МАРШИРААТ ВО ПАТИКИ НИЗ ГРАДОТ, БИДЕЈЌИ  В СРЕДА, КАКО И ДРУГИТЕ ЖЕНИ НА ШТИКЛИ ЌЕ МАРШИРААТ ВО КАФАНИ И РЕСТОРАНИ, А НЕ Е МАЛ БРОЈОТ НА ОНИЕ КОИ ЌЕ ОДАТ НА ДОЛГИ МАРШЕВИ ПРЕКУ ТУРИСТИЧКИТЕ АГЕНЦИИ НАДВОР ОД ЗЕМЈАВА. НА ОВОЈ ГОЛЕМ СОБИР НА ПАРТИСКИТЕ АКТИВИСТКИ НА СДСМ ЌЕ ПРИСУСТВУВА И НАЈВИСОКОТО РАКОВОДСТВО НА ПАРТИЈАТА ПРЕДВОДЕНО ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ПРЕМИЕР ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ. ТОЈ ОД ПРЕД МЕМОРИЈАЛНИОТ МУЗЕЈ  СЕ ОЧЕКУВА ДА УПАТИ И СЕРИОЗНИ, НО И СИЛНИ ПОРАКИ ЗА  ПАТОТ КОН ЕУ  И  ЗА РАЗВОЈОТ  НА НАШАВА ЗЕМЈА.

 

 

Би можело да ве интересира

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (68)

Пела Редакција

ВО ПРИЛЕП НЕ Е ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ!(20)

Пела Редакција

Во Прилеп нема проблем, а се’ е проблем! (36)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе