3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Според народната: „Реков- одреков – важи- не важи!“- одлуките на Советот на Општина Прилеп!

Советот на Општина Прилеп денеска донесе одлука да ја повлече одлуката за покачување на наемнината за закуп на тезги за продажба на земјодeлски производи во неколку маалски дисперзирани пазарчиња во Прилеп, како и одлуката за поскапување на услугите за продажба на земјоделски производи од камиони.

А, само , пред еден месец на 5 април, на седница на Совет на Општина Прилеп, оваа одлука од ЈП Пазари за покачување на цената од 500 на 3000 денари за закуп на тезга и двојна повисока цена за „камионџиите“, беше усвоена од советниците на СДСМ. Опозицијата тогаш гласно говореше дека  одлуките се на штета на граѓаните и  на т.н бавчанџии  и гласаше против.

„Ова е лекција за демократија“ истакна пред советниците  Претседателот на Советот  на Општина Прилеп  Миле Талевски при повторното вклучување на советниците од опозицијата на оваа тема. Па,по седницата тој изјави:

“ Јас истакнав и на првата седница дека Советот на Општина Прилеп ќе биде храм на демократијата, местото каде што ќе се носат одлуки врз основа на убедување и дебатирање на сите советнци, врз основа на она што ќе биде донесено од страна на директорите, градоначалникот и граѓаните. Со оглед на тоа што се преиспитаа последиците кои би биле на штета на граѓаните на Прилеп со донесување на овие одлуки за покачување на цената на улугите од ЈП „Пазари“ ,градоначалникот донесе одлука за запирање на извршување на тоа решение, и затоа денеска ние како Совет, донесовме одлука за запирање на извршување на овие одлуки, се со една цел да им излеземе во пресрет на граѓаните.“- рече Талевски

 

        Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, иритиран од ваквиот однос на власта, по завршувањето на седницата потенцира дека оваа власт мора што побрзо да си замине и да дојде власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ, „која знае како се работи во интерес на граѓаните и како да се работи во интерес на градот и државата“ рече тој и изјави:

 

 „На претходната седница, ние како советници од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, со аргументи им се спротивставивме за донесувањето на одлуката за покачување на цените за давање на закуп на тезги на дисперзираните пазари во градот, од страна на ЈП „Пазари“. Но, тогаш директорот и советниците не ги послушаа нашите аргументи и ставови и изгласаа одлука за поскапување од цели 500% на услугите. Имено, од 500 денари на 3.000 денари за месечен наем на тезга. ВМРО-ДПМНЕ одржуваше прес-конференции, контактираше со граѓаните и со засегнати лица и на оваа седница гледаме, под притисок на јавноста, градоначалникот донесе решение за повлекување на претходната одлука, која советниците на СДСМ на минатата седница ја донесоа. Значи ова е апсолутно неконзистентно и правење на циркус од Советот на Општина Прилеп. Уште не стапена одлуката на сила, тие сега ја поништуваат, не сакајќи да ги слушаат тогаш, добронамерните сугестии и аргументи од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Со ова како што кажав, се покажа дека ниту имаат концепт, ниту знаат како да владеат на локално и централно ниво“, истакна Ристески.

 

        На денешната седница советиците донесоа одлука, 3 милиони денари од средствата на Буџетот на Општината  да бидат наменети за привремените вработувања, беше усвоен финасискиот тримесечен извештај од 2018 год. и систематизацијата на работни места на  ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески Платник“, усвоен финсискиот извештај и план за работа на ЈУ Градска библиотека “Борка Талески“… Советниците донесоа одлука и го прифатија предлогот – Општина Прилеп да се збратими со Општина Источно Сараево, по предлог на двајцата градоначалници и амбасадорот на Б и Х во Р. Македонија, Лепа Бабиќ, како и одлука за  прифаќање на проектот за изработка на урбанистички план субвенциониран од Програмата за регионален развој за нас.места Крстец  и Оревоец.

На седницата беше верификуван и мандатот на новиот член на Советот на Општина Прилеп, Зорица Кочоска, од редовите на СДСМ, која е на местото на неодамна починатата советничка, Весна Англеска,на која советниците на почетокот на денешната седница и оддадоа почит со едноминутно молчење.

Би можело да ве интересира

Топлото време неповолно за развојот на земјоделските култури

Пела Редакција

Полицијата апелира да не се палат стрништа, поднесени 8 кривични пријави

Гордана Цветаноска

Македонски фестивал за храна во Мелбурн, ќе се игра најдолгото македонско оро

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе