29.9 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Прилепска Пиварница донираше комунално возило за почист град

„Прилепска Пиварница“ донираше ново возило -машина за метење улици за Општина Прилеп кој од денеска е ставен на располагање на ЈКП „Комуналец“. Генералниот директор на „Прилепска Пиварница“ Сашо Самарџиоски истакнува дека ќе ја продолжи соработката со Општина Прилеп, зашто само со успешна соработка и взаемно разбирање може да се даде максимален придонес за развој на компанијата, а во исто време и на заедницата.
Градоначалникот Јованоски, заблагодарувајќи се на „Прилепска Пиварница“, ги повикува и другите претпријатија коишто имаат одреден фонд за помош на заедницата да го дадат својот придонес за поубав Прилеп.
„Прилепска Пиварница со овој чин ја демонстрираше својата општествена одговорност. А, ефектот го имаат сите граѓани. Ставајќи ја оваа автомобил машина на располагање на ЈКП ‘Комуналец’, пиварницата станува пример, како може средствата од овој фонд да се искористат за доброто на сите граѓани, за целата заедница“,рече градоначалникот Јованоски.

Би можело да ве интересира

Витаминка донира товарно возило за ТППЕ Прилеп

Дали власта требаше да се меша?!

Прогласена е кризна состојба во земјава од 30 дена поради зголемeна појава на пожари

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе