7.3 C
Прилеп
вторник, 3 декември, 2024
Пела Радио

Јанески: додека јас бев директор на Водовод реконструирани беа повеќе од 25 км водоводна мрежа

Наводите од прес конференцијата на Игор Гулабоски, актуелен директор на ЈКП Водовод и канализација Прилеп, минатата недела, за состојбата на водоводниот систем во градот, колку км сеуште се од старата азбестна мрежа и можностите на претпријатието да продолжи со реконструкција, не престануваат да ја брануваат јавноста. По реакцијата на поранешниот градоначалник Марјан Ристески, објавена денеска, 23.06.2023, во колумната „Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем“ (45), денеска со реакција и екс директорот на ЈКП Водовод и канализација Прилеп, Емил Јанески. Ја објавуваме во целост:

„Читам и не можам да поверувам дека се изнесени вакви податоци кои не содеjствуваат на вистината. Прво, во Прилеп водоводната мрежа има должина околу 240 км. ( од кои нешто повеќе од 160 км, изнесува должината на примарната и секундарната мрежа, и околу 80 км куќни приклучоци).

За време од 12 годишното владеење на почитуваниот Ристески беа вкупно реконструирани околу 40 км примарни и секундарни линии, или заедно со куќни приклучоци околу 62- 63км вкупна водоводна мрежа. Оваа рекунструкција е направена со користење на кредитот од КFW од 10 000 000 евра (кои патем не ги обезбеди Ристески ), и со средства ЈКП Водовод и канализација Прилеп во период од 12 год.

За периодот пак од 4 год додека јас бев директор на Водовод реконструирани беа повеќе од 25 км, односно најмногу од сите водоводни претпријатија од државава, исклучиво со средства на претпријатието, собрани со наплата на сметките од граѓаните. Ако логиката на Ристески е правилна (да се реконструираат по 10км. секоја година ), тоа би значело дека за 12 год негов мандат само со средства од општината или јавното претпријатие требаше да се реконструираат 120км. Ако на ова ги додаме и средствата на KFW банка, цела водоводна мрежа во Прилеп за време на неговиот мандат требаше да биди реконструирана, според неговата логика. Сигурен сум дека и сегашното раководство на ЈКП Водовод има за цел да ги замени дотраените цевки со нови, но тоа зависи од финансиските можности на претпријатието. И на крајот морам да кажам дека бетонско азбестните цевки не се канцерогени ( во Виена 70% од мрежата е од бетонско азбестни цевки ), па граѓаните можат да бидат спокојни и слободно можат да ја користат водата од водоводната мрежа за своите потреби, стои во реакцијата на Емил Јанески, екс директор на ЈКП Водовод и канализација Прилеп .

Би можело да ве интересира

Прилеп: „Слобода на народот“ – протест во организација на ОК ВМРО ДПМНЕ

Гордана Цветаноска

Тутунарски протести: Бараме писмени гаранции за фер проценка, а не лажни ветувања!

Гордана Цветаноска

Прилеп пазарен ден и вода за минувачите од волонтери на Црвен крст -Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе