12.8 C
Прилеп
вторник, 15 октомври, 2024
Пела Радио

Спонзорство за поддршка на Пивофест

Прилепските градски власти се оградуваат од активната вклученост во организирањето на „Пивофестот„. Нагласуваат дека тие се само поддржувачи на манифестацијата и дека ќе одвојат еден милион денари од парите од буџетот, од „Програма за култура“, за оваа манифестација, а кој ќе го организира „Пивофестот„, се уште не откриваат.

Ама, пред една/две недели прилепските дуќанџии добија летоци со БАРАЊЕ  (не, МОЛБА) за спонзорство на Пивофест. На летокот, со печат и потпис, стои „Здружение – Прв интернационален фестивал за Пиво и скара Пивофест 2003 – Прилеп„.

Во летокот, (кој го има и логото на општината, а се наведува дека покровител е општина Прилеп, Градоначалниот на Прилеп во сорабтка со Стопанскта комора – Прилеп (се мисли, по се изгледа на Регионалната стопанска комора – Прилеп), здружението,  бара од газдите на кафичи, кафулиња, ресторани, пицерии, сендвичари, менувачници, бутици за облека и обувки, бижутерии и стаклари, занаетчии и газди на бутици на детски играчки, облека и обувки , од прилепскиот еснаф,  да учествуваат со донација во висина од 3 илијади до 60 илијади денари „за спонзорирање и финансиска поддршка за одржување на Пифо фест 2023 Прилеп, во рамките на можностите„ се вели во летокот.

„Кажете ми, ако е овој организатор на интернационалната пивофест манифестација, да уплатам, да помогнам и поддржам, вели еден бизнисмен!“

Донаторот за тоа ќе добие маркетинг услуги од типот: промотивен банер поставен на видни места, неговото лого поставено на официјалните флаер, објава на социјалните мрежи за сите фестивалски денови и прикажување на логото на кајрон на фестивалската сцена.

Во летокот стои дека фестивалот е поддржан од Општина Прилеп, Градоначалникот на Прилеп , Јавните комунални претпријатија и Стопанската комора – Прилеп. И, пак, никој од градските власти не знае кој е организатор на фестивалот, 19ти по ред  (бидјеќи,  една година не се одржа,  имаше прекин во неговото одржување за време на пандемијата КОВИД 19) и не е 20-ти , јубилеен, како што е наведено во летокот.

Порталот Фокус, деновиве, напиша дека во понеделник ќе се одлучувало кој ќе гостува на Пивофест Прилеп.„Советот на фестивалот Пивофест Прилеп 2023 ќе одржи состанок со општинскиот Совет во понеделник во Прилеп, и тогаш ќе се знаат имињата на музичките гости кои ќе настапат на 20-годишниот јубилеј на манфестацијата и кои се челеновит на Советот на фестивалот. За јавноста и за медиумите точните информации ќе бидат достапни во вторник – за ,,Фокус” откриваат добро упатени извори од организацијата на настанот“, пишува порталот.

А, за волја на вистината се знае, манифестацијата ќе се одржи – од 13-ти до 16-ти јули!

Би можело да ве интересира

Претставата „Аудиција“ на репертоар на театарот „Војдан Чернодрински“

Обвинителството извршило увид, Ристески вели дека се работи за спрега од криминал и политика (ВИДЕО)

Гордана Цветаноска

Пожарите во Мариово под контрола – активен е сеуште пожарот с.Дрен – с.Смолани

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе