24.8 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Општина Прилеп: „Во Прилеп од денеска до четврток , по втор пат, ќе се прска против комарци„

Во Прилеп од денеска,  понеделник 17.07 до четврток 20.07,   ќе се спроведува „втора фаза на дезинсекција со цел уништување на комарци“ -информираат од Општина Прилеп !
Прскањето ќе се одвива  во периодот од 22 до 05 часот на територијата на општина Прилеп од страна на екипа од Центарот за јавно здравје – Прилеп, каде ќе се спроведува втората фаза од адултицидната теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарци.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени сите урбани заедници во градот Прилеп како и во населените места, а ќе се изведува со УЛВ-апаратура за ладно замаглување поставена на пикап возило со претходница на друго возило означено со ротационо светло.
Во случај на неповолни временски услови дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден,информираат од Општина Прилеп

Би можело да ве интересира

Утрово нов земјотрес почуствуваа жителите на Битола-Прилеп

Тунески: Што се случува со греењето во прилепската болница?

Технички преглед АВТО КОНТРОЛ – Превентивна акција за зимска опрема на Плетвар

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе