4.9 C
Прилеп
вторник, 28 јануари, 2025
Пела Радио

(Видео) На стадионот на Могила по седми пат Светски куп во трки со дронови

На спортскиот фудбалски терен во Паркот на Револуцијата два дена, вчера и денеска, се одржаше Светски куп во трки со дронови.  За најдобри резултати и за трофеи се натпреваруваат 13 учесници од Србија, Бугарија, Чешка и од Македонија. Организаторот, воздухопловниот клуб „Фил феникс“ од Прилеп, купот го одржува по седми пат и веќе ја етаблира Македонија  во светската воздухопловна федерација со овој спорт.

„Светските купови и првенства почнаа 2016 година, а ние првиот куп го организиравме наредната, 2017 година.  Ние сме во 10-те земји кои организираат и одржуваат светски купови. Реномето и на Прилеп, и на воздухопловниот клуб и на Македонија високо котира во меѓународната воздухопловна федерација.  Тоа е голема афирмација,како за градот така и за Македонија„ , вели Здравко Тодороски, организатор и претседател на клубот „Фил феникс“ од Прилеп, кој е воедно и меѓународен судија.

Трките со дронови бараат брзина, концентрација, виртуелно следење. На овие натпреварувања,најчесто се презенитира најновата и најактуелна технологија.

 

.

Досега на Светските купови во Прилеп учествувале околу 150 натпреварувачи во трки со дронови од цел свет. А, Светското првенство на трки со дронови ќе се одржи во Јужна Кореја.

Би можело да ве интересира

Натпревар вреден Прва лига

Гордана Цветаноска

Сениорките на КК Бонсаи најдобри во кати на Државното првенство

Гордана Цветаноска

Прилепчани повторно домаќини на државното првенство во воздухопловно моделарство

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе