11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (49)

Пишува Зоран Момироски

  • ДЕНОВ Е МНОГУ ЗНАЧАЕН. ТОЛКУ МНОГУ, КОЛКУ ШТО Е ЗНАЧАЕН ЗА ПРВАЧИЊАТА, ЗА НАСТАВНИЦИТЕ, НО И ЗА РОДИТЕЛИТЕ. ЗА ОРГАНИЗАТОРИТЕ  НА НОВО ИЗМИСЛЕНАТА МАНИФЕСТАЦИЈА  ,,ПИВО ВИКЕНД“, ЗА НЕЈЗИНИТЕ  УЧЕСНИЦИ, ЗА ОНИЕ КОИ ЌЕ ОДЛУЧАТ ДА ЈА ПОСЕТАТ,  АМА СЕ ЧИНИ НАЈЗНАЧАЕН Е  ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ  БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ. АГЕНДАТА  ДЕНЕСКА ТОЛКУ МУ Е НАJБИTНА ШТО НЕ ЗНАМ КАКО ВООПШТО ЌЕ УСПЕЕ ЧОВЕКОТ ДА ЈА РЕАЛИЗИРА. ПРВО НА ФБ ИМА МНОГУ ПОКАНИ: ДРАГИ И МИЛИ ПРВАЧИЊА И НАШИ ДРАГИ И МИЛИ РОДИТЕЛИ, ДЕНЕСКА ЌЕ СЕ ОДРЖИ СВЕЧЕН ПРИЕМ НА ПРВАЧИЊАТА НА КОЈ ЌЕ ПРИСУСТВУВА И  БОРЧЕ. НА ПРВ ПОГЛЕД,  АКО ДОВОЛНО НЕ СЕ ОБРНЕ ВНИМАНИЕ,  ЧОВЕК ОДМА ЌЕ  ДОБИЕ  ВПЕЧАТОК  ДЕКА И БОКИО ЌЕ БИДЕ ,,ПРВАЧЕ“. А, ЗОШТО И ДА НЕ?! ОСОБЕНО СЕГА, КОГА  БРОЈОТ Е НАМАЛЕН ЗА ПОВЕЌЕ ОД 300 УЧЕНИЦИ. ПО ОВА, БОКИО И МАЦИО, КОНКУРЕНТСКИ ЌЕ СЕ ЏЕЗИРААТ. ЗА СОСЕМА НА КРАЈ  ЈОВЧЕСКИ ОД ЏЕЗИРАЊЕ  ДА УДРИ НА ЗАБАВА И ДА ГО ОТВОРИ  НОВОТО ФЕСТИВАЛЧЕ, ВО СПОРЕДБА СО ОНОЈ КОЈ ГО ЗНАЕМЕ ОД МИНАТОТО – ПИВО ФЕСТ. МЕЃУ ПИВО ВИКЕНД, ЏЕЗ ФЕСТИВАЛОТ И ДРУГИТЕ ,,ТРАКАТАНЦИ“ СЕПАК НАЈВАЖЕН Е ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА. ВО ОВА ВРЕМЕ – НЕВРЕМЕ, СЕПАК, НАЈДОБРА РАБОТА И КАКВА-ТАКВА ПОМОШ Е ШТО ГОДИНАВА ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ СЕ ОДВАЖИЈА ДА ОБЕЗБЕДАТ НЕКАКОВ  ДНЕВЕН  ОБРОК – ЗДРАВА ХРАНА. ПРИМЕР: ВО ПЕТОК ПО ЕДНА БАНАНА И ЈАБОЛКО. ВО СРЕДА ПРВАЧИЊАТА ЌЕ ЈАДАТ ЖИТНА ЦЕЛОЗРНЕСТА ПЛОЧКА, А ВО ПОНЕДЕЛНИК И ЧЕТВРТОК ЃЕВРЕЧЕ И КРОАСАН. ГО ЧИТАМ МЕНИТО И СИ ВЕЛАМ, АБЕ ЕПТЕН МНОГУ  ЌЕ ГИ ПРЕЈАДИТЕ ДЕЧИЊАВА?! ДЕЦА  ЛИ СЕ ОВИЕ ИЛИ ВРАПЧИЊА. АМА НАРОДОТ ВЕЛИ ПОВЕЌЕ БИЛО ОД ИЧ. ВО ОВАА ПРИЛИКА САКАМ ДА ПРАШАМ И ДА ПОТСЕТАМ: НЕЛИ ВО ИЗБОРНАТА ПРОГРАМА ОБРОК БЕШЕ ВЕТЕН И ЗА СИТЕ ДРУГИ УЧЕНИЦИ  ДО ЧЕТВРТО ОДДЕЛЕНИЕ? НЕ МОЖАМ ДА РАЗБЕРАМ ВО 21 ВЕК И ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ ВО ИЗБОРНИТЕ ПРОГРАМИ  СИ ПИШУВААТ И СИ ВЕТУВААТ  СЕ’ И СЕШТО. И ТОА ШТО МОЖАТ РЕАЛНО ДА ИСПОЛНАТ И ТОА ШТО НЕ МОЖАТ. А, НАРОД ЧИТА, ВЕРУВА, ИЗБИРА И ВЕДНАШ ЗАБОРАВА.

 

  • ИЗГУБЕН  ВО  БЕЗИДЕЈНОСТА,  А ПОД ПРИТИСОК  НА ГЛАВНИТЕ ВО СКОПЈЕ КОИ ЗАГОВАРААТ  БРЗИ ИЗБОРИ,  БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРИЛЕП,  РЕШИЛ  ДА ПРАВИ КРУЖЕН ТЕК НА РАСКРСНИЦАТА  КАЈ  ДЕВЕТОКАТНИЦАТА. ЗА ОВАА ИДЕЈА ЈАВНОСТА СЕ УШТЕ НЕ Е ОФИЦИЈАЛНО  ИНФОРМИРАНА, НАЈВЕРОЈАТНО, БИДЕЈЌИ ЦЕЛАТА КООРДИНАЦИЈА ЈА ВОДАТ ПРЕТПОСТАВЕНИТЕ  ПАРТИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ОД ЦК НА ВМРО ДПМНЕ. ПОРАДИ ОВИЕ ПРИЧИНИ ДОБРО УПАТЕНИ ВЕЛАТ ДЕКА ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ЕДНА ПОЗНАТА ПРИЛЕПСКА ГРАДЕЖНА ФИРМА БИЛЕ  НА ,,ПОКЛОНЕНИЕ“ НА  ЌУТУК. МИЦКОСКИ ГИ ПРИМИЛ КАКО ШТО ДОЛИКУВА И, МЕЃУ  ДРУГОТО ГИ ПРАШАЛ ЗА МИСЛЕЊЕ: КАКО ВО ИЗМИНАТИВЕ СКОРО ДВЕ ГОДИНИ ОД  МАНДАТОТ ,,ИКЕБАНАВА“ РАБОТИ ?!? НЕ БАРЕМ ТОЈ САМИОТ НЕ ЗНАЕ КАКВА ,,УТКА“ НАПРАВИ,  И КАКО ЛИДЕР НА ПАРТИЈАТА, И КАКО ПАРТИЈА ВО ЦЕЛИНА,  СО КАНДИДАТУРАТА  И НЕГОВИОТ ИЗБОР ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК. ВО РАЗГОВОРОТ, МИЦКОСКИ  ЗАБЕЛЕЖАЛ ДЕКА ПОСТОИ ВОЗДРЖАНОСТ КАЈ ПРИЛЕПСКИТЕ БИЗНИС СОГОВОРНИЦИ,  ПА ГИ ОХРАБРИЛ  ЗА ОТВОРЕНО ДА  МУ ГО КАЖАТ НИВНОТО  МИСЛЕЊЕ. А, ТИЕ, ВО ПРИЛЕПСКИ МАНИР, НАВОДНО МУ РЕКЛЕ: ПРЕТСЕДАТЕЛЕ, КОГА ЗНАЕТЕ  ПОУБАВО ОД НАС, КАКО И ШТО СРАБОТИ ЗА ДВЕ ГОДИНИ ЈОВЧЕСКИ, НЕ ТРЕБА  ДА ПРАШУВАТЕ !!! ОЦЕНКАТА ВИ Е МНОГУ ТОЧНА !!!

 

  • ИАКО, ПРИЛЕПСКАТА ОПОЗИЦИЈА СДСМ СИ МОЛЧИ КАКО НИШТО ДА НЕМА ШТО ДА КАЖЕ, И НА ШТО ДА РЕАГИРА, СОСЕМА Е ИЗВЕСНО ДЕКА ОД ГОЛЕМАТА ГРАДЕЖНА ОФАНЗИВА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА УЛИЦИТЕ ВО ГРАДОТ,  МНОГУ МАЛКУ Е РЕАЛИЗИРАНО. ОД ВЕТЕНИТЕ 60  КИЛОМЕТРИ  ГРАДСКА УЛИЧНА МРЕЖА ДОСЕГА ТИ БИЛЕ РЕАЛИЗИРАНИ САМО 6 КИЛОМЕТРИ. КОЛКУ ОД ВЕТЕНИТЕ И НАЈАВЕНИ КИЛОМЕТРИ И УЛИЦИ ЌЕ БИДАТ РЕАЛИЗИРАНИ ДО ИЗБОРИТЕ,  ВРЕМЕТО ЌЕ ПОКАЖЕ.

 

  • ОД ИЗБОРНОТО ВЕТУВАЊЕ  НА ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ ДЕКА НА ПРИЛЕП МУ ТРЕБА И БРЗО ЌЕ БИДЕ ИЗРАБОТЕН НОВ ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН, АМА БАШ НЕМА НИШТО. НО,  РАБОТАТА ДА НЕ БИДЕ  ЕПТЕН  НИШТО, НА ПОСЛЕДНАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ, МНОЗИНСТВОТО  УСВОИ НЕКОЛКУ НАЦРТ ИЗМЕНИ НА СЕГАШНИОТ ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН, ДОНЕСЕН  УШТЕ ЗА ВРЕМЕТО НА ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРЈАН РИСТЕСКИ. И, ТОА ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ СТАНУВА ЗБОР ЗА ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ОПФАТ ЗА ПЕРИОД ОД 2011 ГОДИНА, ДО 2021 ГОДИНА. ЗНАЧИ, СЕГА, ВО 2023 ГОДИНА, СОВЕТОТ  ВРШИ  НАЦРТ  ИЗМИНИ  НА ГЕНЕРАЛНИОТ УРБАНИСТИЧКИ  ПЛАН КОЈ ЗАВРШИЛ ВО 2021 ГОДИНА. И, ТОА СИОТ ОВОЈ ЦИРКУС СЕ ПРАВИ САМО ЗА  ДА ИМ СЕ  ЗАДОВОЛАТ ,,АПЕТИТИТЕ“ НА, КАКО ШТО ГИ ВИКААТ ВО ГРАДОВ ,,КОЛБАСАРИТЕ“ КОИ, ЕТЕ, НАШЛЕ НАЧИН И УСПЕАЛЕ ДА СЕДНАТ СЕ’ ,,МРТВО И ЖИВО“ ВО СВОЈОТ СКУТ.

 

  • САМО ПРЕД НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ, ДВАЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ ОД ЖИТОШЕ, ИНАКУ НА РАБОТА ВО ПОЛИЦСКАТА СТАНИЦА ВО КРИВОГАШТАНИ, МЕЃУСЕБЕ СЕ СТЕПАА. СТРАМОТ ЗА УНИФОРМАТА И ПОЛИЦИЈАТА БЕШЕ ОБЕЛОДЕНЕТ НА ФБ ПРЕКУ СНИМКА НАПРАВЕНА ОД МОБИЛЕН. ДЕНОВИВЕ ПАК, НА ИСТ НАЧИН, ФБ КОРИСИЦИТЕ,  А ПОТОА И ПРЕКУ МЕДИУМИТЕ ГЛЕДАВМЕ КАКО КОМАНДИР НА ПС РОПОТОВО НА СЕМЕЈНА ПРОСЛАВА ВО ДЕБРЕШТЕ ОПНАЛ АВТОМАТСКА ПУШКА И ПУКА ДАЛИ ПУКА ВО ВОЗДУХ БЕЗ ОКО ДА МУ ТРЕПНЕ ДЕКА МОЖЕ ДА ПОВРЕДИ НЕКОЈ ОД ЗАЛУТАН КУРШУМ, А ДА НЕ СПОМЕНУВАМ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНО ОРУЖЈЕ КОЕ СЕ КОРИСТИ ПОД СТРОГИ И УТВРДЕНИ КРИТЕРИУМИ. ВНАТРЕШАТА КОНТРОЛА НА МВР И ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЕКСПРЕСНО И СООДВЕТНО РЕАГИРАА, БИДЕЈЌИ УГЛЕДОТ НА ПОЛИЦИЈАТА Е ПРЕД СЕ’ И НАД СЕ’. БЕЗ РАЗЛИКА НА ПОВОДОТ И ПРИЧИНИТЕ ГРАЃАНИТЕ СОСЕМА ОПРАВДАНО РЕАГИРААТ И ПРАШУВААТ: КОЈ, КАКО И ПО КОЈ КРИТЕРИУМИ ДОБИВА ЗНАЧКА, ПИШТОЛ СЛУЖБЕНА ЛЕГИТИМАЦИЈА И ПЕНДРАК? ОД ЕДНА СТРАНА ЧЕСНИ ПОЛИЦИЈЦИ ИЛИ СЕ КАЗНЕТИ ИЛИ РАБОТА ЌЕ  ЗАГУБАТ ЗА ПРЕКУМЕРНА УПОТРЕБА НА ФИЗИЧКА СИЛА ПРИ ФАЌАЊЕ НА ДЕЛО И ПРИВЕДУВАЊЕ НА НАСИЛИЦИ И КРИМИНАЛЦИ. ЧЕСТО САМ ПРЕД СЕБЕ СИ ГО ПОСТАВУВАМ ПРАШАЊЕТО: КАКВО Е ТОА ДЕЛО ИЛИ ПРЕКРШОК – ПРЕКУМЕРНО УПОТРЕБЕНА СИЛА?! И, КАКО СЕ МЕРИ: СО КИЛОГРАМИ, СО МЕТРИ ИЛИ СО САНТИМЕТРИ И СО ВРЕМЕ?!? ПОЗНАВАЧИТЕ НА ОВИЕ ПРИЛИКИ МЕ УВЕРУВААТ ДЕКА ТОА ТИ БИЛО ФИНТА НА КРИМИНАЛЦИТЕ ПРОТИВ ПОЛИЦАЈЦИТЕ. АДВОКАТИТЕ ГИ ПОДУЧУВАЛЕ ПРИ ПРИВЕДУВАЊЕ, КРИМИНАЛЕЦОТ НАЈЧЕСТО МУ ПСУЕ НА ПОЛИЦАЕЦОТ, АМА МНОГУ ТИВКО, ЖЕНА, МАЈКА, СЕСТРА, ЗА ОВОЈ ПОВРЕДЕН ДА УПОТРЕБИ ПРЕКУМЕРНА СИЛА, ПА НАМЕСТО КРИМИНАЛЕЦОТ ГО ,,КРКА“ ПОЛИЦАЕЦОТ.

 

  • ШТО НАРОД ЌЕ БЕВМЕ?!? ПОЛИЦИЈАТА ПРИ СООБРАЌАЈНА КОНТРОЛА ВО БИТОЛА ТИ ОТКРИЛА ПИЈАН ВОЗАЧ КОЈ ТРГНАЛ СО СВОЈОТ АВТОМОБИЛ ЗА ПРИЛЕП. ПРИТОА ДРЕГЕРОТ ПОКАЖАЛ АЛКОХОЛ ОД 5,1% АЛКОХОЛ. ЛЕКАРИ СЕ ЧУДАТ КАКО СО ТАКОВ ПРОЦЕНТ НА АЛКОХОЛ КОНЦЕНТРИРАН ВО КРВТА БАТКАВА СЕДНАЛ, ПА УШТЕ РЕШИЛ И ДА ВОЗИ. ИМАМ ДА ПОСТАВАМ УШТЕ ЕДНО КЛУЧНО ПРАШАЊЕ ЗА СООБРАЌАЈНАВА ПОЛИЦИЈА: АКО ЧОВЕК ВОЗИ СО АВТОМОБИЛ И РАЗГОВАРА НА МОБИЛЕН ВЕДНАШ  ЌЕ БИДЕ САНКЦИОНИРАН СО 300 ЕВРА КАЗНА, А ЌЕ ОСТАНЕ И БЕЗ ВОЗАЧКА ИЗВЕСНО ВРЕМЕ. КОЛКУ ЗНАМ И ПЕШАЦИТЕ СЕ РАМНОПРАВНИ УЧЕСНИЦИ ВО СООБРАЌАЈОТ. КОГА ПРЕМИНУВААТ ПРЕКУ ПЕШАЧКИ КОГА КОЛОНА АВТОМОБИЛИ ГИ ПРОПУШТА И ЧЕКА ,ТИЕ МОЖАТ СЛОБОДНО ДА СИ РАЗГОВАРААТ НА МОБИЛЕН?!? ПА, УШТЕ И ДА ПОДЗАСТАНАТ – ДЕМЕК КОЈ ВЕ ,,Е..“ ВАС МИСЛИ НА ВОЗАЧИТЕ, ДОЛЖНИ СТЕ ДА ЧЕКАТЕ!

 

  • ГОРАН СУГАРЕСКИ  ДЕНОВИВЕ ВО ЕДЕН ПОЗНАТ ПРИЛЕПСКИ РЕСТОРАН СОБРАЛ ДРУГАРИ ОД ДЕТСТВОТО, АМА НАЈМНОГУ ИМАЛО НЕГОВИ  ПАРТИСКИ ДРУГАРИ. ОВА, ЗА ДА ГО ПРОСЛАВИ СВОЈОТ  50  ГОДИШЕН РОДЕНДЕН, КАКО И 30 ГОДИШНАТА ПОЛИТИЧКО ФУНКЦИОНЕРСКА  КАРИЕРА. ВКУПНО ИМАЛО 160 ГОСТИ. ОНИЕ ШТО БИЛЕ НА ОВАА ЗАБАВА, КАДЕ ШТО СЕ ЈАДЕЛО И ПИЕЛО ДО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ, ВЕЛАТ ДЕКА ГЛАВЕН НА ЗАБАВАТА И НАЈВЕСЕЛ ТИ БИЛ  ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ –МУЦЕТО, СО НЕГОВАТА СОПРУГА, ЛЕТКА, КОЈА ОД СРЕЌА „ЛЕТАЛА“. ТАМУ, МУЦЕТО ТИ БИЛ ПОГЛАВЕН ДУРИ И ОД СЛАВЕНИКОТ, АМА И ОД ВАЖНИТЕ  ГОСТИ: ЦО НА СДСМ, ОЛИВЕР СПАСОСКИ, ЦВЕТАНКА  ИВАНОВА, ЕМИЛИЈАН СТАНКОВИЌ  И ДРУГИ. НА ЗАБАВАТА БИЛ ПОКАНЕТ, АМА НЕ ПРИСУСТВУВАЛ,  ПРАТЕНИКОТ  МИЛЕ ТАЛЕВСКИ, ОТИ МИКИО ТИ КОРИСТЕЛ ГОДИШЕН ОДМОР ВО СТРАНСТВО. АМА, ПРИСУСТВУВАЛ  ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОО НА СДСМ,  ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ-ЦАКИО. НА ЗАБАТА, ОД ПО МАРКАНТНИВЕ, НЕ БИЛ ПОКАНЕТ ХАРИ ЛОКВЕНЕЦ , НИ КИРЕ СТАНКОСКИ-СТАНКО. БИЛ ПОКАНЕТ, АМА  ПОРАДИ ОДМОР НЕ ПРИСУСТВУВАЛ НА ЗАБАВАТА ЕКС ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ, А АКТУЕЛНИОВ ИМАЛ СЛУЖБЕНИ ОБВРСКИ ВО БЛЕД. ПАРТИСКИВЕ СЕИРИЏИИ, НА РОДЕНДЕНСКАТА ЗАБАВА ВЕЛАТ СУГАРЕ ОД КУТРУАЗИЈА ГО ПОКАНИЛ  МУЦЕТО ОТИ  БИЛ ВО ЛА ПЈАЦА КОГА СЕ ДОГОВАРАЛА РОДЕНДЕНСКАТА ПРОСЛАВА. АМА ОВОЈ, НИ СТРАМ НИ ПЕРДЕ ТРУП, ГЛАВЕН ДО СПАСОСКИ. ИНТЕРЕСНО ЌЕ БЕШЕ ВЕЛАТ АКО ДОЈДЕШЕ ЗАЕВ, ОТИ ЕПТЕН  МНОГУ  СЕ ,,ПОЧИТУВА“ И ГО ,,САКА“ МУЦЕТО. ОСОБЕНО ОТКАКО СУГАРЕ НАМЕСТО СО 2.500 ГЛАСА РАЗЛИКА ЗАГУБИ ОД БОРЧЕ ЈОВАНОСКИ СО 7.500 ГЛАСОВИ. ЗА ДА БИДЕ ОВАА ЗАБАВА КОМПЛЕТНА, АКО СУГАРЕ  ГИ ПОКАНЕШЕ  И ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРЈАН РИСТЕСКИ И АКТУЕЛНИОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ, ПРВИОТ КАКО НЕГОВ ПОРАНЕШЕН И СЕГАШЕН КОЛЕГА ВО РАБОТАТА И ПОЛИТИКАТА , А ВТОРИОТ КАКО СЕГАШЕН  АКТУЕЛЕН,  НИВНИ ШЕФ-РАБОТОДАВАЧ, ЗАБАВАТА ЌЕ БЕШЕ ПОГОЛЕМА И  СОДРЖИНСКИ ПОБОГАТА.

 

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Советниците „заглавија“ по точката за измена и дополнување на Генерален урбанистички план за Град Прилеп

Пела Редакција

Откупната цена на тутунот започна да се зголемува за првата класа (ВИДЕО)

Гордана Цветаноска

Хуманитарна велигденска акција во прилепските храмови за социјалните семејства

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе