9.3 C
Прилеп
недела, 27 април, 2025
Пела Радио

Македонската армија ќе вработува 150 професионални војници

Министерството за одбрана денеска го објави Јавниот оглас за прием на 150 професионални војници на служба во Армијата на Република Македонија.

Рокот за пријавување на кандидатите е 15 дена вклучувајќи го и денот на објава.

– Да се државјани на Република Северна Македонија; да се полнолетни; да имаат завршено најмалку средно образование; да не се постари од 25 години на денот на завршување на огласот за прием и да се здравствено и физички способни, се условите за пријавување на лицата на јавниот оглас.

Платата на идните професионални војници од моментот на склучување на договор, информираат од министерството, ќе изнесува над 31.000,00 денари со дополнителни над 10.000,00 денари – средства за станбено обезбедување.

Кандидатите за професионални војници својата пријавата може да ја поднесат на неколку начини: – по електронски пат заедно со потребните документи на следниот е-маил: [email protected]; – до Одделенијата за одбрана во или блиску до местото на живеење, заедно со потребните документи.

Во постапката за избор, кандидатите за професионални војници ќе подлежат на тестови за физичка подготвеност и на здравствени прегледи спроведени од посебни комисии.

Би можело да ве интересира

Прилепски Комуналец ја зголемува опфатноста со канти за селекција на отпад

Гордана Цветаноска

Службите во општина Прилеп подготвени за првиот снег

Граѓаните повторно затекнати, градежни работи на патoт Прилеп-Крушево

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе