30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Отворена изложбата “Креации од ноќта-уметност инспирирана од соништата”

Во ликовната галерија во Прилеп беше отворена изложбата “Креации од ноќта-уметност инспирирана од соништата”, на која со свои дела се претставија 15 уметници,членови на ДЛУП и тоа:Анита Сотироска, Бојана А.Трпческа, Ферди Булут, Александар Џинго, Методија Исков, Лепа Милошевска, Маја Р.Миладиновски, Дарко Талески, Елена Димоска, Верче Николоска, Александра Богоеска, Викторија Димеска, Филип Јовески, Марта Макеска и Емил Солески.

Изложбата ја отвори Викторија Димеска, историчар на уметност, која истакна дека симболиката на сонот служела за одгатнување на психичката активност на потсвеста и начинот на којашто влијаела врз однесувањето на поединецот во секојдневието.

„Особен предизвик и инспирација за група современи уметници, односно членови на ДЛУП Прилеп е токму сонот. Имајќи ги во предвид нивните основни концепти и принципи, уметниците/учесници создадоа дела од сопствениот уметнички афинитет и со помош на различни техники и материјали“ – нагласи Димеска на отворањета на изложбата

Би можело да ве интересира

Како да се креираат позитивни модели на културни искуства преку нови медиуми?

Пела Редакција

Изложба на скулптури – “Скулптури на новото време 2019“.

Се подготвува претставата „Поблиску“ во театарот Војдан Чернодрински

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе