27 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Апел за помош за гаснење на пожарот кој се шири од с. Мало Рувци кон село Штавица

Голем пожар попладнево пламна во близина на прилепското село Мало Рувци. Зафатена е голема површина со сува трева, а наместа гори и борова шума. Пожарот се шири кон селото Штавица, па од црковниот одбор на црквата „Рожденство на Пресвета Богородица“ упатија апел за помош до сите граѓани кои се во можност да дојдат и да помогнат во гаснењето.

-Повик до сите штавичани и прилепчани кои се во можност да помогнат во гаснење на пожарот, кој се шири од с. Мало Рувци, кон село Штавица. Секој кој може нека помогне! – стои во апелот за помош.

Во големиот пожар кој избувна во 16,оо часот во с. Мало Рувци , според искази на жители, изгореле две куќи и трпезаријат од селската црква. Командирот на ТППЕ -Прилеп,христијан Момироски изјавил дека станува збор за огромна огнена стихија која се обидуваат да ја ставата под контрола,а во кој апомагаат и пожарникари од Битола и вработени до Јавните претрпијатија од Прилеп.

Би можело да ве интересира

Прекин во водоснабдувањето на повеќе улици во Прилеп

Концерт „Прилепски млади виртуози“ во црковниот храм „Света Петка“ во Точила

Пела Редакција

Мицкоски: Да, денеска и утре ќе бидат исплатени субвенциите за тутун

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе