1.6 C
Прилеп
сабота, 18 јануари, 2025
Пела Радио

Прилеп борец, херој хуманитарец – хуманитарен концерт за лицата со цистична фиброза (ВИДЕО + ФОТО )

По иницијатива на локалната самоуправа а во соработка со асоцијацијата за цистична фиброза во центарот на Прилеп се одржа хуманитарен концерт , под мотото “Прилеп борец , херој хуманитарец” , на кој  свој настап имаше прилепската група  ” The Hounds” “Овој настан е уште една можност се разбира во интерес за пациентите со цистична фиброза , да се биде гласен , да се подигне гласот во пресрет и на одбележувањето на европскиот ден за цистична фиброза 21 ноември а ваквите активност се важни за подигање на свеста и поддршката за пациентите со цистична фиброза, главно деца и млади.Треба перманентно да се потсетува дека цистичната фиброза треба да биде заедничка битка” , вели Елизабета Ангелеска – Атанасоска, член на асоцијацијата за цистична фиброза.Секоја активност , вели таа која е во интерес на децата и младите  со цистична фиброза заслужува и почит и внимание.

Во моментов во Македонија , само 12 пациенти го земаат лекот “трикафта” и неговата ефикасност не значи ништо за оние пациенти и семејства кои не го земаат лекот  во битката со оваа болест.Борбата останува иста , трикафта за сите , лек за сите велат од асоцијацијата за цистична фиброза.Во земјава се регистрирани околу 140 пациенти со цистична фиброза а од Прилеп се двајца, едниот од нив има 32 години.

 

 

Би можело да ве интересира

Градоначалникот Јовчески поканува на заедничко чествување: Прилеп е подготвен за патрон празникот Свети Никола

Гордана Цветаноска

Лајонсите донираа опрема за очното одделение во Градската болница

Шведски искуства за локално управување со отпад

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе