11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Услуга помош и нега во домот-успешна приказна во Прилеп, Долнени и Кривогаштани

Трите општини Прилеп, Кривогаштани и Долнени пред 4 месеци се вклучија за воведување на нова социјална услуга ПОМОШ И НЕГА ВО ДОМОТ. Проектот дава позитивни резултати на задоволство на примателите на услугите при помош за лица во трето доба (над 65 годишна возраст), за лица со попреченост, а воедно во трите општини се вработија 40 сертифицирани негователи кои претходно добија обука за услугата. Услугата вкупно 153 корисници во регионов ја добиваат бесплатно со претходна проценка од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа каде се врши прием на барањата, одредување на видот и времетрањето на социјалната услуга во координација со матичните лекари. Како фунционира овој нов систем востановен во природната средина, во домот да им се пружа помош и нега во домот на лицата во трето доба или со попреченост:

 

Центарот за едукација и развој го реализира проектот во соработка со Министерството за труд и социјална политика, со финансиска поддршка од Светската банка. Марина Тошеска, координатор на активностите од проектот, во програмата „Радио што се гледа“ рече дека се зголемува бројот на баратели бидејќи потребата за услугата нега и помош во домот е реална со оглед на миграцијата, начинот на живот… Новата социјална услуга е резултат на законските измени во областа на социјалната сфера од 2019 година. Услугата за помош и нега во домот влезе во системот на социјалните права на граѓаните и прерасна во обврска на ресорното министерство. Во иднина, децентрализацијата со префрлување на одредени ингеренции од социјалниот сектор на локалните самоуправи, услугата за помош и нега во домот – општините ќе ја преземат иницијативата обезбедувајќи финансиски средства и координација на спроведување на системот рече Дејан Тошески, директор на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Прилеп.

Во рамките на одбележувањето на „Неделата на грижа на стари лица” (20 – 26 ноември) денеска, негувателите од општина Прилеп вклучени во проектот имаа средба со градоналникот Јовчески кој ги посети домовите кои се вклучени како приматели на услугата.

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Витаминка меѓу водечките компании во кондиторската индустрија на саемот ISM во Келн

Пела Редакција

Изборите да се спојат – порача Мицкоски од Прилеп

Крушево е подготвено за Новогодишните и за Божиќни празници

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе