11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилеп по 18 пат ќе го слави патрониот празник Св Никола чии домаќин по втор пат е Комфи Ангел

По 18-ти пат, Прилеп ќе го одбележи својот патрон празник „Св Никола„ кој го има како свој заштитиник на градот.Подготовките привршува за годинашното чествувањето на Градската слава „Св. Никола“ чии домаќин по втор пат, е компанијата Комфи Ангел.

На денот на празникот, во центарот на Прилеп, на отворено ќе биде поставена посната светиниколска трпеза,а покрај празничниот ручек, домаќинот најави и неколку новини.

Организирани сме со неколку „балони“ каде што ќе бидат поставени маси и столици за да може секој достоинствено да си седне и да може да проба од славската храна. Она што е ново, после Литрургијата утрото во црквата, ќе правиме и Литија, ќе настапува и хорот на нашата црква, а ќе имаме и естрадни ѕвезди , меѓу кои и Калиопи ,што ни преставува особена чест “ – откри, Ирена Јакимоска, манеџер на компанијата “Комфи Ангел“ и годинешен домаќин на градската слава „Св. Никола“ во Прилеп

Ги поканувам сите наши сограѓани да излезат на денот на нашиот Патрон. Тоа го организраме пред Камената бина и ги поканувам и во име на нашата општина, и во име на домаќинот“, – покани градоначалник на Прилеп, Борче Јовчески

Светинкилоските сарми , кои изминатите години најчесто ги подготвуваа женските здруженија, традиционално и со голема љубов, овој пат нема да бидат вклучени до подготовката , „поради важноста, храната да биде подготвена по ХАСАП систем“ велат организаторите, за што домаќинот организира кетерниг компанија за подготовка на светиниколската трпеза.

Здруженијата на жени од Прилеп некокогаш ги подготвуваа светиниколските сармички не поголеми од еден сантиметар
Здруженијата на жени од Прилеп некокогаш ги подготвуваа светиниколските сармички не поголеми од еден сантиметар

 

Инаку, „Св.Никола“ стана патрон на Прилеп во 2005-та година со одлука на тогашната локална власт, бидејќи речиси половината од градот, овој светец го слави како куќна слава. Три години подоцна, подготовката на уникатните и единствени прилепски светниколски сармички, Прилеп, за прв пат ги внесоа во Гинис со „џиновската“ порција од сармички која броеше 80.191 сармиче изработена од прилепските женски здруженија. Досега, кумови на овој настан биле многу познати бизнисмени, но и високи функционери, под покровителството на ЛС Прилеп.

 

Би можело да ве интересира

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем!(45)

Пела Редакција

Во националната стратегија за справување со насилен екстремизам се вклучува и локалната заедница

Најавен протест пред Општината и патна блокада на надвозникот Прилеп – Витолиште

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе