3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (66)

Пишува Зоран Момироски

  • СЕНКИ НАД БАЛКАНОТ ОД ДРАГАН БЈЕЛОГРЛИЌ, ФИЛМСКА СЕРИЈА ВО ДВЕ СЕЗОНИ, КОЈА ГО ОБРАБОТУВА И ПРЕКУ ФИЛМСКАТА УМЕТНОСТ ГИ ДОЛОВУВА ДО ГЛЕДАЧИТЕ КРИМИНАЛНО-ПОЛИТИЧКИТЕ ЗДРУЖУВАЊА ВО ВРЕМЕТО НА КРАЛСКА ЈУГОСЛАВИЈА СЕ’ УШТЕ ГИ ИМА ВО МАКЕДОНИЈА, А ТИЕ СЕРИОЗНО НАДВИСНАЛЕ И НАД ПРИЛЕП.  УРБАНАТА МАФИЈА СО ПОДДРШКА НА КРИМИНАЛНО-ПОЛИТИЧКАТА ЕЛИТА ОД ПРИЛЕП СЕРИОЗНО И’  СЕ ЗАКАНУВААТ НА ОПШТИНАТА И ГИ ЗАГРОЗУВААТ НОРМАЛНИТЕ ТЕКОВИ ЗА ПРАВИЛЕН И ПЛАНСКИ РАЗВОЈ НА ГРАДОТ. ДОДЕКА ПОВЕЌЕ ГРАДЕЖНИ ФИРМИ И СЕРИОЗНИ КОМПАНИИ ЧЕКААТ НОВИ СООДВЕТНИ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДБИ И ДОГРАДБИ КАКО БИ ГИ ПРОШИРИЛЕ НИВНИТЕ ПРОИЗВОДСТВЕНИ КАПАЦИТЕТИ,  А СО ТОА НОРМАЛНО БИ СЕ ПОЛНЕЛ БУЏЕТОТ И  НА ОПШТИНАТА И НА ДРЖАВАТА, ФИРМА НА ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ МУЦЕТО ЕКСПРЕСНО ПРЕКУ ТАНГЕ-ФРАНГЕ ЗДЕЛКИ И „ДОГОВОРИ ПОД МАСА“ СО НОВ ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ТРЕБАЛО ДА ГРАДИ ОБЈЕКТИ ВО БЛИЗИНА НА ПАРКОТ НА РЕВОЛУЦИЈАТА. ИЗМЕНИТЕ НА УРБАНИСТИЧКИОТ ПЛАН БИЛЕ ГОТОВИ. И БИЛЕ ПРЕДЛОЖЕНИ ДА БИДАТ УСВОЕНИ НА ПОСЛЕДНАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ГРАДОТ. ОТКАКО СЕ РАЗБРАЛА УЈДУРМАТА И ЖЕЛБАТА ОВА ДА СЕ ,,ПРОТНИ НА МАЛА ВРАТА“ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОВЕТОТ ДЕЈАН ПРДАНОСКИ ПОБАРАЛ ОБЈАСНУВАЊЕ ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ. БОКИО „КАКО ПАДНАТ ОД МАРС“ ВО СВОЈ СТИЛ СЕ БРАНЕЛ ДЕКА ПАК НЕКОЈ МУ ПОДМЕТНУВА ИСТО КАКО СО ОНА ФАМОЗНО РЕШЕНИЕ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ЗГРАДАТА НАСПРОТИ СОЛИДНОСТ. ДА НЕ ПУКА СТРАМОТ ДО КРАЈ ДЕКИО НАШОЛ „СОЛОМОНСКО“  РЕШЕНИЕ – ОВАА ТОЧКА ОД ДНЕВНИОТ РЕД  ДА ЈА ПРЕПРАВИ ВО ЗАПИРКА, ПА ОВОЈ НОВ ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ДА НЕ БИДЕ НА ДНЕВЕН РЕД,  А НА БОКИО МУ ОСТАВИЛ ПРОСТОР ДА РАЗМИСЛИ ЗА ОВАА ОРТОПЕДСКА ,,ЛОНГЕТА“ КОАЛИЦИЈА.

 

  • АМБИЦИИТЕ НА ,,КЛЕПТОКРАТОТ“ МУЦЕТО, ОДНОСНО НА БЛИСКАТА НА НЕГО ФИРМА-НЕ ЗАПИРААТ.  СЕ ЧИНИ ДЕКА ПОДРЕДЕНИ  МУ СЕ И ДЕЛ ОД НОВАТА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА, АМА И ОПРЕДЕЛЕНИ ,,МАФИЈАШКИ“ СТРУКТУРИ И ОД ВМРО ДПМНЕ И ОД СДСМ, СО КОИ ЗАЕДНО ДЕЛАТ И МНОЖАТ. СЕГА СЕ СПРЕМАЛ НАЦРТ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН И ЗА ПРОСТОРОТ КАДЕ ШТО ПОРАНО БЕШЕ СМЕСТЕНА БРЗА ПОМОШ. ОД ПООДАМНА ОВАА ЛОКАЦИЈА Е ПИКИРАНА ОД ,,АПАШИТЕ“ И ЗАТОА УШТЕ ВО НЕГОВО ВРЕМЕ КАКО ГРАДОНАЧАЛНИК СЕ ИНСИСТИРАШЕ БРЗА ПОМОШ ДА СЕ ДИСЛОЦИРА КАКО УРГЕНТНА БРЗА ПОМОШ ВО ОПШТАТА ГРАДСКА БОЛНИЦА ВО ПРИЛЕП. МЕЃУ ДРУГОТО ПРЕКУ ,,ЛОНГЕТА КОАЛИЦИЈАТА“ ЈА ТУРКА ОВАА ИДЕЈА СО НАМЕРА ВО ОВОЈ КОМПЛЕКС ДА ИМА И БЕНЗИНСКА СТАНИЦА. ПРИТОА  ДА ГО ПРАШАМ  БОКИОТ: ТИ ДАДЕ МУЦЕТО НАПАТСТВИЈА ШТО СО ДУЌАНИТЕ ПОД ТРИБИНИТЕ НА ГРАДСКИОТ СТАТИОН? ИЛИ ПОСЛЕ НОВА ГОДИНА ЌЕ СЕ ДОГОВОРИТЕ?!

 

  • ГО ЧИТАМ ГРАДНОЧАЛНИКОВ БОРЧЕ-ИКЕБАНАТА ПРЕДНОВОГОДИШНО СЕ ОБРАЌА ПРЕКУ СВОЈОТ ФБ ПРОФИЛ ДО ГРАЃАНИТЕ И ВЕЛИ ЦИТИРАМ „СО ОДГОВОРНО И ЧЕСНО РАБОТЕЊЕ ПОСЛЕ ДВЕ ГОДИНИ, НАСЛЕДЕНИОТ ДОЛГ НА ОПШТИНАТА ОД МОЈОТ ПОЧИТУВАН И САКАН ПРЕТХОДНИК МУЦЕТО ОД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА Е НАМАЛЕН НА ОСУМСТОТИНИ ИЛЈАДИ ЕВРА, ПРИТОА РЕАЛИЗИРАВМЕ ОГРОМЕН, ОГРОМЕН БРОЈ НА ПРОЕКТИ!!!“ КОИ ОГРОМНИ ПРОЕКТИ ПРАШУВАМ ЈАС!? КОЈ Е НЕГОВИОТ КРИТЕРУМ И ВРЗ ОСНОВА НА КОИ НОРМИ ГИ КВАЛИФИЦИРА ПРОЕКТИТЕ КАКО ОГРОМНИ?!  ЕДНАШ СУГЕРИРАВ, СЕГА СУМ ДЛАБОКО УБЕДЕН ДЕКА Е НЕОПХОДНО – СИТЕ НАСЛЕДНИЦИ НА АЛ КАПОНЕ ДА ДОЈДАТ НА ДОПОЛНИТЕЛНА НАСТАВА И СПЕЦИЈАЛИЗАЦИЈА ВО ПРИЛЕП. БИДЕЈЌИ ГЛАСОТ НА НАЈГОЛЕМИТЕ ВИКАЧИ КАКО НА ПРИМЕР НА ОНИЕ ОД ТЕРАКОТА, ДЕКА ПОРАДИ ДЕТАЛНИОТ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ГРАДЕЖНИШТВОТО Е ДОВЕДЕНО ВО ПРАШАЊЕ СЕ ЕПТЕН ТИВКИ. НЕ СЕ ТАКТИЧКИ, МНОГУ СЕ НАИВНИ, ПА ДУРИ И БЕСПРЕДМЕТНИ. НО, ИСТОВРЕМЕНО СТАВЕНИ НА КОЛЕНА, ЗА ДА МОЛЧАТ И ЗА ДА МОЛАТ. ИСТО КАКО ШТО ЧЕКААТ И МНОГУ ДРУГИ ФИРМИ ОД ПРИЛЕП, А ПОРАДИ ОВА ГО ИМААТ  ЗАКОЧЕНО СВОЈОТ ПЛАНСКИ РАЗВОЈ. А НЕ КАКО ШТО ЧЕСТО СЕ ПРАВДААТ И ГЛАСНО ГОВОРАТ ОТИ НЕМАЛО СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ И ИНВЕСТИЦИИ. ПОРАДИ ВАКВИОТ СТАВ ,,ЛИДЛ“ НАМЕСТО ВО ПРИЛЕП СО ДОПОЛНИТЕЛНИ НАПОРИ ОБЕЗБЕДИ И ПИКИРА НОВА ЛОКАЦИЈА ВО БИТОЛА.

 

  • ЧИТАМ НА ЕДЕН ПОЗНАТ ПРИЛЕПСКИ ПОРТАЛ ПОВЕЌЕ НА ШЕГА ОТКОЛКУ СЕРИОЗНО НАЈАВУВААТ ДЕКА КРИВИЧНИТЕ ПРИЈАВИ НА ОК НА ВМРО ДПМНЕ ПО РЕВИЗОРСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ГИ ЗАКОЧИЛЕ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ. НЕЛИ ПРЕД НОВА ГОДИНА ТРЕБА ДА СМЕ РАСПОЛОЖЕНИ,  А НЕ УПЛАШЕНИ. ЈАС МИСЛАМ ДЕКА ИСТОТО ВАЖИ И ВО СДСМ. КОЛАЦИЈАТА ВМРО ДПМНЕ И СДСМ ВО ПРИЛЕП ОДЛИЧНО ФУНКЦИОНИРА. ШТО БИ РЕКОЛ И ПОДОБРО ОД ОЧЕКУВАЊАТА. ПА АКО СЕ НАДОВРЗАМ НА ОВАА ШЕГА КОЈА МНОГУ ГОВОРИ ЗА ВКУПНИТЕ СОСТОЈБИ ПО ОВА ПРАШАЊЕ, ТОГАШ СИГУРНО ДЕКА ПРВАТА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ОВИЕ ОД ВМРО ДПМНЕ  ЗА МОВЧЕТО ,,СТОЧЕН ПАЗАР“ ЌЕ ЈА ПОДНЕСАТ ВЕДНАШ ВО ПРВИОТ РАБОТЕН ДЕН ПО НОВА ГОДИНА. ВТОРАТА ЗА ДЕМОЛИРАНИОТ И ОБЕЗЛИЧЕН ОБЈЕКТ ЗА ПОДРАЧНОТО УЧИЛИШТЕ ВО НАСЕЛБАТА ,,СТОЧЕН ПАЗАР“ НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ БИДЕ ПОДНЕСЕНА ПРЕД КОЛЕДЕ.  ТРЕТАТА ЗА КОЈА ВМРО ДПМНЕ УРЛИКАШЕ ЗА ПРЕСКАПАТА ВЕРТИКАЛНА СИГНАЛИЗАЦИЈА  ЗА ПРЕСКАПИТЕ ЗНАЦИ ЌЕ БИДЕ ПОДНЕСЕНА ПОСЛЕ „СТАРА НОВА ГОДИНА“ , А ЗА ЧЕТВРТАТА, ЗА НОВАТА ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО ТОЧИЛА, ВРЕМЕ НЕМА ДА ИМА. ПРВО, БИДЕЈЌИ СИТЕ ПРАЗНИЦИ ЌЕ СЕ ПОМИНАТИ, ВТОРО БИДЕЈЌИ ВЛЕГУВАМЕ ВО СЕРИОЗНА ПРЕДИЗБОРНА КАМПАЊА. ПОРАДИ ОВА, И ОД СТРАНА НА СДСМ  МЕЃУ ДРУГОТО, КРИВИЧНА ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ВРЗ ОСНОВА НА ИЗВЕШТАЈОТ ОД ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА НЕМА ДА ИМА. ЗОШТО? ОТИ ИМ СЕ МОЖИ БЕ!!!

 

  • АКО СИ ПОДНЕСУВАА КРИВИЧНИ ЕДНИ НА ДРУГИ, ПА И УШТЕ АКО ИМАШЕ ИСТРАЖНИ ОРГАНИ И СУД ДА ПРЕСУДИ, НИТУ МУЦЕТО ЌЕ БЕШЕ ГРАДОНАЧАЛНИК И СЕГА СКРИЕН БИЗНИСМЕН, НИТУ ЦАНКО ЌЕ БЕШЕ ТОА ШТО Е, НИТУ БОКИО ЌЕ БЕШЕ ГРАДОНАЧАЛНИК, ДА НЕ РЕЧАМ БИЗНИСМЕН, НИТУ ХАРЧО НАШ ОД ЛОКВЕНИ ЌЕ БЕШЕ БИЗНИСМЕН И ПОЛИТИЧАР.  АМА НИТУ ДЕРКО ЌЕ БЕШЕ ПОЛИТИЧАР И БИЗНИСМЕН!!! НИТУ СЕЉАЦИТЕ ОД ОБРШАНИ  ЌЕ БЕА БИЗНИСМЕНИ, НИТУ СУГАРЕ ЌЕ БЕШЕ ТОА ШТО Е!!! НИТУ ИЗОФАС ЌЕ БЕШЕ ТОА ШТО Е, НИТУ МАРФИЛ ЌЕ БЕШЕ ТОА ШТО Е СЕГА. АМА И КУЛИ НЕМАШЕ ДА БИДЕ ТОА ШТО Е И УШТЕ МНОГУ КАКО ОВИЕ.

 

  • МИНАТАТА КОЛУМНА, МЕЃУ ДРУГОТО, СПОМНАВ ДЕКА ДЕКИОВ ЈА СОБРАЛ ДРУЖИНАТА ВО О.К. НА ВМРО ДПМНЕ И СПОРЕД РЕДОТ ГИ ОПСЕРВИРАЛ НАЈАМБИЦИОЗНИТЕ ЗА МОЖНИ ИДНИ ПРАТЕНИЦИ ВО СЕВЕРНО МАКЕДОНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ. ТИЕ ПРВО ЌЕ ОДАТ НА АНКЕТА ЗА ДА ИМ СЕ ИЗМЕРЕЛ РЕЈТИНГОТ  А НЕ, СПОСОБНОСТА И МОЖНОСТА ДА СЕ ОДГОВОРИ НА ПРЕДИЗВИКОТ. ПА ТАКА, ВО ПАРТИЈАТА ГЛАСАЛЕ ЧЛЕНОВИТЕ НА ОПШТИНСКИОТ КОМИТЕТ И ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА МЕСНИТЕ КОМИТЕТ. И ИЗГЛАСАЛЕ ЗА ДЕЈАН ПРОДАНОСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО ДПМНЕ, ПА ЗА БИЛЈАНА КУЗМАНОСКА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ЖЕНИ. МНОЗИНСТВОТО ГЛАСАЛО И ЗА СОВЕТНИКОТ ВО СОВЕТОТ НИКОЛА ЗЛАТЕСКИ, ЗА ДИРЕКТОРКАТА НА МЕДИЦИНСКОТО УЧИЛИШТЕ ЖАНЕТА ВИДЕСКА, ОД МЕСНАТА ЗАЕДНИЦА ВИШНЕ АЛЕКСАНДАР АЛЕКСОСКИ И ЗА ДИРЕКТОРКАТА НА ГРАДИНКИТЕ ХРИСТИНА ТРПЧЕСКА. ОВИЕ НЕ БИ БИЛЕ ПРЕДЛОЗИ АКО НЕМАЛО ПРЕДЛОЗИ ОД БОКИ. ТОЈ ПАК ВО СВОЈОТ ХРАБАР И РЕШИТЕЛЕН СТАВ ГИ ПРЕДЛОЖИЛ АНАСТАСИЈА ИЛИЕСКА ОД УЈП И ГОЦЕ БУМБАРОСКИ СОВЕТНИК И БЛИЗОК И ЧОВЕК ОД ДОВЕРБА НА БОКИО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ. АМА ОД СИТЕ ПРИСУТНИ ПОСЛЕДНИВЕ ДВАЈЦА, ПРЕДЛОЗИТЕ ОД БОКИО ДОБИЛЕ САМО ПО ЕДЕН ГЛАС. ВО ПРАТИЈАТА ВЕЛАТ КОЛКУ БЕЗ ИЧ.

 

  • НЕ Е ПРОБЛЕМ ИНСТИТУЦИИТЕ ДА СЕ СПРАВАТ СО КОРУПЦИЈАТА СО ИЗМАМИТЕ И СО ПЕРЕЊЕТО НА ПАРИ. ТУКУ Е ПРОБЛЕМ КОЈ ГО ПОТТИКНУВА ТОЈ КРИМИНАЛ. И КОЈ КОГО ГО УБЕДУВА ДЕКА ВО ОВАА ДРЖАВА НИКОЈ НА НИКОГО НЕ МУ МОЖЕ. И КОЈ Е ТОЈ ПОЕДИНЕЦ КОЈ САМ СЕБЕ СИ СЕ УБЕДИЛ ДЕКА ДРЖАВАТА ТОА СУМ ЈАС. ЕДЕН ТАКОВ ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН ПРЕКУ СВОЈОТ ПОЗНАТ БРЕНД БУТИЦИ СО СВОЈА МАЛА ЕКИПА ПРЕКУ ТОП ШЕМА СИ ЈА ЦИЦАЛ КАСАТА НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО. УПРАВАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА, КАКО РЕЗУЛТАТ НА ПОВЕЌЕ МЕСЕЧНА ИСТРАЖНА ПОСТАПКА ПОД КОДНО ИМЕ „ЦИЦАЧ“ ДО ОСНОВНОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ЗА ГОНЕЊЕ НА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ И КОРУПЦИЈА ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ПОВЕЌЕ ФИЗИЧКИ И ДВЕ ПРАВНИ ЛИЦА, ПОРАДИ ОСНОВАНО СОМНЕНИЕ ЗА СТОРЕНИ КРИВИЧНИ ДЕЛА ЗА ИЗМАМА И ПЕРЕЊЕ ПАРИ СО ШТО Е ПРЕДИЗВИКАНА ШТЕТА НА ФОНДОТ  ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ ВО ИЗНОС ОД  35.551.472 ДЕНАРИ.

 

  • ДА НЕ ИСПАДНАМ НЕКОРЕКТЕН СПРЕМА ГЕНЕРАЛОТ НАД ГЕНЕРАЛНИТЕ- ЦАКИОТ, БИДЕЈЌИ ПЛАЧИ КАКО БЕБЕ И РОНИ БУЧИНСКИ СОЛЗИ, КАКО ОД БУЧИНСКИ КРОМИД  ДЕКА ВО СКОРО СЕКОЈА КОЛУМНА НЕОСНОВАНО ГО КОМЕНТИРАМ, САКАМ ДА ГО ПОТСЕТАМ И ЛИЧНО МУ СЕ ОБРАТАМ: ЦАКИ, КОГА ТИ БЕШЕ РАКОВОДИТЕЛ НА ПОДРАЧНАТА ЕДИНИЦА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ, А ЈАС УРЕДНИК ВО ИНФОРМАТИВНАТА РЕДАКЦИЈА НА КАНАЛ 5, СЕКОЈ ТВОЈ ЈАВЕН НАСТАП ГО СЛЕДЕВ И ГО ОБЈАВУВАВ ВО ВЕСТИТЕ НА ОВАА НАЦИОНАЛНА ТЕЛЕВИЗИЈА. ТАКА ЦЕНТРАЛАТА НА СДСМ СЛУШНА ЗА ТЕБЕ. ЈАС РАБОТАМ ПРОФЕСИОНАЛНО И ТАКА ЌЕ ПРОДОЛЖАМ. АКО ИМАШ ЗАБЕЛЕШКИ ТОА Е ТВОЈ ПРОБЛЕМ И НЕ МОЖАМ ДА ТИ ПОМОГНАМ. А НЕ МОЖАТ НИ БОКИО НИ НЕГОВИОТ МЕНТОР ОТИ СЕПАК ТИЕ СЕ ОРТОПЕДИ.

 

  • ВО ОВОЈ ПРЕД НОВОГОДИШЕН АМБИЕНТ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГРАДОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ПОКРАЈ НОВОГОДИШНИОТ БАЗАР ШТО Е ВО СТАРАТА ПРИЛЕПСКА ЧАРШИЈА НА СВОЈОТ ФБ СТАТУС ПРЕКУ СЛИКИ СЕ ПОФАЛИ КОЛКУ МНОГУ И КОЛКУ УБАВО БИЛ ПРЕДНОВОГОДИШНО УКРАСЕН ПРИЛЕП. И ВО ТОА НЕ Е ПРОБЛЕМОТ. КАКО ШТО НЕ Е ПРОБЛЕМ  ДЕКА ГРАЃАНИТЕ ЗНААТ – КОЛКУ И КАКО Е УКРАСЕН ГРАДОТ. ВИСТИНСКИОТ ПРОБЛЕМ Е: ВО ТОА ШТО БОКИО САМ СИ ВЕРУВА И Е УБЕДЕН ДЕКА ГРАДОТ КАКО НИКОГАШ ДОСЕГА Е ПРЕМНОГУ УБАВО УКРАСЕН И ИМА ДОБИЕНО ЕКСТРА ПРЕДНОВОГОДИШЕН АМБИЕНТ.

      СРЕЌНА НОВА И БОГ ДА НИ Е НА ПОМОШ ВО 2024 ГОДИНА!!!

 

 

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

ЛАГ Агро Лидер – одбележа 10 години успешна работа

Пела Редакција

Во тек подготовките за Водици 2024 во Прилеп – пријавувањето на 11ти и 12ти јануари

Пела Редакција

СВЕТЛАНА МИШЕВА ОВЕНЧАНА СО „ЗЛАТЕН ПТОЛОМЕЈ“ НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ВО ХОЛАНДИЈА

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе