Македонија и Франција утре ќе го отворат континенталниот собир со мечот на „Меркур Шпил Арена“ во Диселдорф.Ние импресионирани од континуитетот на учества во завршницата на европските собири , а французите сигурно да ја продолжат доминацијата во своите беспрекорни ракометни настапи.Во пресрет на оваа историска пресметка нашите репрезентативци сакаат да играат пред полни трибини , а од овие пополни сигурно и нема да имаат видено.За едни тоа е желбата а за други пак едноставно глетката во Дизелдорф кога ќе истрчаат да ги бранат боите на нацијата пред 50 000 ракометни фанови.
Состав на Македонија за ЕП: Никола Митревски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ, Филип Талески, Филип Кузмановски, Томислав Јагуриновски, Мартин Велковски, Давид Савревски, Иван Џонов, Марко Митев, Игор Ѓорѓиев, Никола Маркоски, Жарко Пешевски, Милан Лазаревски, Едвин Омерагиќ, Ненад Костески, Никола Костески, Петар Атанасијевиќ.
Судии на овој историски натпревар ќе бидат Швеѓаните Мирза Куртагиќ и Матијас Ветервик, а делегати ќе биде Словакот Владимир Ранчик и Данецот Јан Капман.
Натпреварот меѓу Македонија и Франција ќе се игра пред повеќе од 50.000 гледачи на стадионот во Диселдорф, а ќе започне во 18:00 часот.
Подоцна во вториот термин на првиот ден од Европското првенство од 20:45 часот ќе играат домаќинот Германија и Швајцарија.