11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

МОН објави нов повик за финансиска поддршка на ученици, пријавените во декември не треба да конкурираат

Министерството за образование и наука објави нов повик за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта, на кој можат да се пријават сите ученици кои ги исполнуваат условите, а не се пријавиле на првиот повик од декември, лани. Станува збор за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари, како дел од деветтиот пакет антикризни мерки. Рокот за пријавување е продолжен поради зимскиот распуст и трае од 5 до 16 јануари годинава.

Јавниот повик е достапен на следниот линк:  Јавен повик за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари (mon.gov.mk)

Основците и средношколците што се пријавиле на првиот повик минатиот месец, не треба повторно да конкурираат.

Исплатата на паричната поддршка по првиот јавен повик ќе се изврши во следните неколку дена. Учениците од основните училишта ќе добијат 1.200 денари месечно а средношколците 1.800 денари. Оваа помош е дел од 9.пакет антикризни мерки на Владата, со цел обезбедување подобри материјални услови за учениците на кои им е потребна социјална заштита во услови на повеќе испреплетени кризи. Јавниот повик ќе се објавува секој нареден месец, а заклучно со мај 2024, стои во соопштението на официјалната страна на Министерството за образование и наука .   

Би можело да ве интересира

Прилеп – празнување на 11 ти Октомври!

Гордана Цветаноска

Прилеп домаќин на шаховскиот камп за млади-за популаризација на оваа игра

Елизабета Филипоска

Потребни се средства за малиот борец Лука да продолжи да се радува на животот

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе