1.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

За полуматурантите на располагање 1 800 места во 5 те средни училишта во Прилеп

Прилепски 600, односно околу 800 ученици, вклучувајќи ги полуматурантите од соседните две општини Долнени и Кривогаштани, се можни потенцијални средношколци во петте средни училишта во Прилеп. За претстојната 2018/2019 година средните училишта во Прилеп имаат место за над 1800 ученици. Најголема бројка за новозапишани средношколци има на располагање , СОУ „Ристе Ристески Ричко“, каде се предвидени 408 места, во повеќе профили и струки , а најмалку во Гимназијата „Мирце Ацев“, 306 места.
– За жал во стручните училишта се намалува интересот за упис, иако се нудат квалитетни струки кои понатаму во иднина обезбедуваат и формираат стручни кадри кои што би биле конкурентни на пазарот на трудот. Една препорака до сите основци добро да размислат за варијантата во иднина да се запишуваат во стручно училиште за да можат да се квалификуваат како конкурентен кадар, вели Јасмина Мицкоска, советникот за образование на Општина Прилеп
Традиционално се очекува интересот за запишување да биде насочен кон понудата за упис во прилепската гимназија, но и во медицинското училиште. Но, од оваа година во СОУ „Орде Чопела“, во рамките на фармерската струка ќе се понуди уште и „тутунски техничар“. Веќе е доставен предлогот до Министерството за образование и наука, а Стопанската комора ја поддржува иницијативата зашто има потреба од вакви кадри во реалниот бизнис сектор, со оглед на зголемениот интерес за тутунопроизводство и двете нови фирми за откуп на тутун.
– Даден е предлог до МОН за преформулирање на фармерскиот техничар да стои и тутунски техничар, за што има поддршка од Стопанската комора од каде што се нудат и финансиски средства за поттикнување кои што ќе учат таму во вид на стипендии или пак финансирање на училиштето. Целта е учениците кои ќе завршат на оваа струка тутунски техничар Стопанската комора би им понудила и вработување со што ќе биде решено едно од најважните животни прашања за младите, вели Мицкоска.
Огласите за запишување на учениците во прва година во средните училишта за тековната 2017 / 2018 година се во тек. Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со две пријавувања во месец јуни. Првото пријавување и запишување е на 18-ти и 19 јуни, а ранг листите со резултатите ќе бидат објавени на 20 јуни.

Би можело да ве интересира

Младите во Прилеп ќе учат вештини за полесно да се вработат (ВИДЕО)

Пела Редакција

Обуки за градење здрави навики за исхрана во прилепските детски градинки

Хуман гест за почит и наклон – донирани средствата од театарските влезници за нова дограма во Дневниот центар за деца со посебни потреби “Ѕуница“

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе