-1.4 C
Прилеп
недела, 23 февруари, 2025
Пела Радио

На репертоар во Прилеп театарската претстава “Аудиција“

В петок и в сабота, љубителите на театарот од 19,30 мин , ќе можат повторно да ја гледаат театарската претстава “Аудиција“ од Алекандар Галин, во режија на Владимир Милчин,  на сцената од театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Преводот е на Сузана Киранџиска, изборот на музиката на режисерката Ема Маркоска Милин, сценографијата е на Крсте С. Џидров и костимографијата на Марија Пупучевска.

Станува збор за горчливата комедија  напишана во 2000 година која зборува за копнежот по малку подобар живот, кој е можен само подалеку од провинцијата и татковината. Мајсторски напишаната пиеса е со динамичен развој на дејството, полно со пресврти. „Битката за подобар живот ги дроби и изобличува ликовите, кои се фрлени да пливаат во казан во кој нема да потонат само оние што ќе се откажат од човечноста„  изјави  режисерот Владимир Милчин,  за преставата која премиерно беше прикажана во мај 2023 година во Прилеп.

Во претставата играат: Марија С. Илијеска, Даниела Иваноска, Ангела Наумоска, Сара Спиркоска, Јасмина Мицовска Станкоска, Наташа Ачански, Илија Волчески, Александар Тодески, Игор Трпчески, Зоран Иваноски и Михајло Миленкоски.

 

Би можело да ве интересира

Претставата „Бура“ вечерва на репертоар на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“

Елизабета Филипоска

Претставата „Аудиција“ на репертоар на театарот „Војдан Чернодрински“

Прилепскиот театар со „Дупло дно“ гостува во Ниш

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе