16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Гореше трева кај ООУ „Блаже Конески“ Прилеп

И, покрај врнежите од дожд од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека се уште има пожари на отворено . Деновиве, возач на  патот Прилеп- Битола, регистрира горењето на стрниште, што престауваше опасност за движење по тој пат и напиша:

„Километри и километри долги огнени јазици од запалените ниви во Пелагонија вечерва (8ми февруари 2024 година) создадоа густи облаци чад во пелагониската котлина и предизвикаа силно загадување на воздухот. Камерата на „Пари“ забележа дека пламенот на места доаѓаше и до самиот регионален пат Прилеп – Битола„ пишува на ФБ страната

Праксата на палење на сламата и стрништата на нивите, за жал е честа појава во земјоделските региони во државава и покрај постојаните апели на надлежните за штетноста на оваа постапка, како и поради опасноста пожарот да се прошири и да предизвика материјална штета, па дури и да загрози човечки животи.

А, вчера пожар избувна и во близина на ООУ Блаже Конески -Прилеп. Двајца пожарникари од ТППЕ Прилеп вчера од 12:02 до 12:20 часот со едно противпожарно возило  интервенирале на запалена ниска вегетација кај ООУ „Блаже Конески“ во Прилеп, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Единствениот број за вакви итни случаи е 112

 

Би можело да ве интересира

Фатен директор за примање мито од 50 000 евра

Комбинатот започна со откуп на тутунот

Невреме и силен ветар со брзина од 150 км/ час во Пелагонија – откорнат кров од зграда

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе