11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Детската желба од Миа се претвори во мала шумичка кај Селце

Деветгодишната Миа Шекероска заедно со своите другарчиња, ученици од ООУ „Кочо Рацин“ денеска засадуваше дрвца на опожарениот дел на планината Селечка во близина на манастирот Св. Димитрија кај с. Селце.  Детската желба на Миа за пошумување најпрво ја поддржа одделенската наставничка Анета Станкоска, а потоа и сите ученици од  IV до IX одделение од нејзниото училиште, наставници, претставници од компании, претставници од Општина Прилеп.

– Сакав да направам нешто добро за нас сите, идејата ја кажав кога се бираше претседател на нашиот клас. Ме поддржаа сите: мојата наставничка, моите родители и мојата директорка и мене ми се оствари мојата желба. Може и на други места да пошумуваме во друг град, за да имаме здрава природа и за да имаме кислород, рече малата Миа.

Над 300 деца се влучија во еко акцијата за пошумување која се одвиваше на површина од 5 хектари, а беа засадени 2.000 садници багрем и габер кои ги обезбеди ОOУ „Кочо Рацин“ во соработка со компанијата „Тила“ од Прилеп. Претходно, Јавното претпријатие „Македонски шуми“ од Прилеп го подготви теренот за ова пошумување, а  компанијата „Дар Дам градина“ од Прилеп ги едуцираше децата како се врши пошумување и што значи тоа  за животната средина. Превозот на учениците до локацијата го обезбеди ЈП ПУП при Општина Прилеп.

 

 

Би можело да ве интересира

Јовчески: Градинката во Точила наскоро можно е да биде пуштена – за кружниот кај Тинекс е поништен тендерот

Пела Редакција

„Убавите жени“, поетско пладне посветено на Блаже Конески во Градската библиотека

Гордана Цветаноска

Балканското првенство во џудо за пионери и пионерки со поддршка од Цевитана

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе