7.3 C
Прилеп
вторник, 3 декември, 2024
Пела Радио

Апасиев од Прилеп: Очекуваме над 80 илјади гласови за 8 до 10 пратеници

Партијата Левица вечерва одржа митинг во киното Мис Стон во Прилеп каде беше презентирана програмата на партијата.  За парламентарните избори очекувањата на Димитар Апасиев, претседател на Левица и кандидат за пратеник се дека партијата ќе освои 80.000 гласови и двоцифрен број пратеници.

– Очекуваме во изборната единица 4 да влезат минимум двајца, а може и трет пратеник. Резултатот од првиот круг, реално, беше очекуван, ако споредиме со изминатите парламентарни избори кога имавме 37.000, а сега имаме 42.000 гласови. Очекуваме над 80.000 гласови на парламентарните избори што би донело 8 до 10 пратеници. Во програмата имаме 13 поглавја кои го опфаќаат секој аспект од општественото живеење. Главната порака до граѓаните е да го заокружат бројот 5 на гласачкото ливче и да дозволат млади неподмитливи луѓе да ги застапуваат, бидејќи доста ни е од веќе видени пратеници и од веќе видено гласање за помалото зло. На тој начин ќе спречиме многу штетни политики – рече Апасиев.

Носителот на кандидатската листа на пратеници во четвртата изборна единица Сашко Јанчев рече дека главните негови заложби се насочени во земјоделството и стопанството, заговарајќи договорно, сигурно земјоделско производство и отворање државни профитабилни фирми. Се нудат реални, но радикални мерки зашто без нив нема промени.

– Земјоделството мора да биде планско. Планираме да се пополнуваат стоковите државни резерви строго со домашно производство, со однапред склучени договори за земјоделците да имаат некаква сигурност во производството. Планираме фиксни откупни цени, државни откупни центри за да не можат прекупците да ја местат цената како што ним им одговара, ладилници за складирање на произведената храна од кои ќе се снабдуваат Армијата, градинките, училиштата, болниците. Мерките, генерално ни се насочени кон државна интервенција во земјоделството, а не да биде оставено стихијно. Во стопанството планираме рестартирање или отворање државни профитабилни фирми во секоја стратешка стопанска гранка – рече Јанчев при претставувањето во Прилеп.

ИЗВОР: МИА

Би можело да ве интересира

Од 15 ти ноември започнува обврската за носење зимска опрема

Пела Редакција

Своето демократско право на глас го оствари Јовчески и Проданоски кои предупредија на бојкот на ДУИ и повикаа на излезност

Пела Редакција

Прилепските училишта ќе носат забрана за користење на мобилни телефони за ученици и наставници?!

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе