5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

„Промени го мислењето – остани надвор од маѓепсаниот круг“ Радио Пела во Северна Македонија ќе емитува радио драма за подигнување на јавната свест за спречување на трговија со луѓе

Радио Пела – Прилеп започна кампањата за подигнување на јавната свест за спречување на трговија со деца за присилни бракови. Проектот е поддржан преку грант доделен од страна на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа „Зајакнување на активностите против трговија со луѓе во Северна Македонија

Гордана Цветановска, Проект менаџерка во Радио Пела, вели дека акцијата насловена „Промени го мислењето – остани надвор од маѓепсаниот круг“ има за цел да ги поттикне релевантните институции да ги прогласат присилните бракови за противзаконски, а одговорните за тие дела да се казнуваат. Со ова би се придонело кон намалување на раните и принудните бракови, почитувањето на правата на децата, како и почитување и спроведување на постојното законодавство, т.е. да не се дозволуваат браковите на деца под 18 години. Целта на оваа иницијатива е да се согледаат и спречат  ризиците поврзани со трговијата со луѓе, со фокус на трговија со деца во форма на присилни бракови, каде жртви се најчесто девојчињата.

Како ќе ја доближиме оваа акција за спречување на трговијата со деца со присилни бракови, поблиску до заедницата?“ Гордана Цветановска истакнува дека идејата е да се постигне оваа цел преку соработка со младите, аматерската театарска група „Слободно театарче“ при СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп.

Веќе е договорено e креирањето на две интересни акции преку уметничка дијалошка и медиумска форма: театарска претстава и документирана радио драма – како специфичен драмски и радио вид, Како организатори, веќе имаме поддршка од локалните заедници во пелагонискиот регион и во тек се на креирање на мрежа на соработка со институциите и граѓанските здруженија.

„Особено сме среќни што работодавачите ја препознаа оваа акција, бидејќи веднаш добивме поддршка од Регионалната Стопанска Комора–Прилеп, образовните институции, медиумите, здруженијата на граѓани, и претставниците и носителите на одлуки во локалните заедници, кои не охрабрија заедно да ја реализираме и да придонесеме кон спречување  на трговијата со луѓе, особено трговија со деца преку присилни бракови“, истакна Гордана Цветаноска

Театарската и радио драмата се засноваат на вистински приказни, автентични изјави на девојки, жртви на присилни бракови, на кои Радио Пела веќе ги изработи како дел од проектот претходно поддржан од страна на Европската Унија и Советот на Европа  “Media reporting on trafficking in human beings in North Macedonia”.

 

 

Би можело да ве интересира

Преку интегрирано делување до намалување на дискриминацијата

Елизабета Филипоска

Нови клупи во училишниот двор во средното училиште во Крушево

Гордана Цветаноска

В сабота пред саатот – промоција на активностите на клубот на млади при ОО на Црвениот Крст Прилеп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе