2.6 C
Прилеп
понеделник, 11 ноември, 2024
Пела Радио

ВЕВЧАНИ ШТЕДИ ЕНЕРГИЈА СО ФОТОВОЛТАИЦИ НА ПРОЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА ЗА ОТПАДНИ ВОДИ

Општина Вевчани имплементираше иновативен проект за заштеда на електрична енергија преку инсталација на фотоволтаичен систем на прочистителната станица за отпадни води. Овој проект има повеќекратна корист за локалното население затоа што придонесува за поекономичен третман на отпадните води, производство на енергија од обновливи извори, а со тоа и намалено негативно влијание врз животната средина. Вевчани е една од вкупно 10 општини од Западен Балкан кои реализираа иницијативи за енергетика, транспорт и климатски промени во рамки на проектот „ЕУ за енергетска транзиција: Пакт на градоначалници во Западен Балкан и Турција“.

„Секој проект кој придонесува за заштита на животната средина има огромно значење за нас како општина.

Поставувањето фотоволтаичен систем на прочистителната станица е особено важно затоа што претставува континуитет на нашите напори да ја подобриме енергетската ефикасност на јавните објекти, но и да го зголемиме нивото на искористеност на обновливите извори на енергија“, изјави Спасе Кочовски, градоначалник на Вевчани.

Фотоволтаичната централа е со инсталирана моќност од 19,8 киловати и се очекува на годишно ниво да произведува помеѓу 20 и 25 MWh електрична енергија. Од аспект на заштита на животната средина, проектот ќе придонесе за намалување на емисиите на стакленички гасови во атмосферата.

„Имплементацијата на ваков тип проекти има големо значење за локалните заедници бидејќи придонесува за намалување на енергетската сиромаштија, заштита на животната средина, подигнување на свеста на граѓаните и подобрување на условите за живот и работа.

Со цел да се отиде чекор понатаму во овие предизвици, неопходен е сеопфатен пристап на централната и локалната власт кој меѓу другото ќе опфати и формирање Фонд за енергетска ефикасност“, вели Ивана Серафимова од Здружението на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС)

.

Проектот „ЕУ за енергетска транзиција: Пакт на градоначалници во Западен Балкан и Турција“ обезбедува техничка поддршка, зголемување на капацитетите, можности за вмрежување и поддршка на мали проекти во насока на развој, имплементација и мониторинг на Планот за одржлива енергија и климатска акција (SECAP). Во проектот, покрај Вевчани, од земјава е вклучена и Општина Кочани во која се реализираше проект за „паметно“ улично осветлување кој ќе придонесе за заштеда на електрична енергија и побезбедни јавни простори. Проектот „ЕУ за енергетска транзиција: Пакт на градоначалници во Западен Балкан и Турција“ е кофинансиран од Европската Унија и од Германското сојузно министерство за економска соработка и развој (BMZ), а го имплементира Германското друштво за интернационална соработка (GIZ).

 

Би можело да ве интересира

Сега до полесен и побрз начин за пријавување на проблем во вашето маало

Пела Редакција

Постхумно промовирана книгата „Чест и вест“ од бардот на македонското новинарство Тачко Локвенец

Гордана Цветаноска

Итен апел за одбрана на манастирот Св.Никола во с. Прилепец

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе