2.3 C
Прилеп
понеделник, 23 декември, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО) Впечатливо отворање на 58 от МТФ „Војдан Чернодрински„- Вечерва претставата „Иванов“ на МНТ – Скопје

Синоќа, со изведбата на претставата „Хеда Габлер“ на Драмскиот театар и со доделувањето на наградите за животно дело на Мими Таневска – Србиновска и на Јордан Витанов, започна 58 издание на МТФ „ВОјдан Чернодрински“. Прилеп веќе живее во духот на театарската уметност со слоганот „Промени се, Промени се’“.  На отворањето на фестивалот, Ана Стојаноска, уметнички директор на МТФ „Војдан Чернодрински“ рече

– Промената е најискрената потрага по сопствениот креативен потенцијал. Промената е и првата победа во битката со конформизмот, старите навики, инертните или наследени ситуации. Промената е во секој од нас, ние сме промената! Педесет и осум пати во овие педесет и девет години овде во Прилеп почнувал фестивал кој влијаел, влијае и ќе влијае на сите нас.“



Фестивалот започна пред влезот на Центарот за култура,кога публиката ја пречекаа веселите скомраси и живите статуи.

Задржувајќи ја симболиката на слоганот на фестивалот „Промени се, промени сѐ“ учесниците на програмата „Чернодриснски за деца“, дадоа свој придонес во отворањето, секој споделувајќи што за него е промената , а фестивалот за отворен го прогласи токму најмалиот учесник меѓу нив, Антониј Кузманоски.

Градначлнкиот на Прилеп, Борче Јовчески,кој ги додели наградите за животно дело задржувајќи се на слоганот на годинашното издание на фестивалот„Промени се,Промени се’ “рече

„Платформата „Враќање дома“, која е дел од четиригодишниот план на фестивалот, ни ја отвора можноста да се вратиме кон корените, да ги прифатиме нашите традиции, и да ги искористиме за да изградиме посветла иднина“.

Вечерва во 19:30 часот во ЦК„Марко Цепенков“ на фестивалот е претставата „Иванов“ во режија на Зоја Бузалковска на Македонскиот народен театар. Денеска е отворена и Детската зона на фестивалот, а во 11 часот во киното „Мис Стон“ гостуваа младите актери од Актерската школа на Весна Петрушевска.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела од „Мал Битолски Монмартр“

Пела Редакција

Вечерва, премиера на „Глембаеви“

Гордана Цветаноска

Во прилепскиот театар се подготвува „Хамлет“ во режија на Бранко Брезовец

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе