11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Седница на Совет: Пивофест ќе има, но организаторот е променет

ПИВОФЕСТ 2018 наместо невладината Центар за граѓанска иницијатива (ЦГИ), која со години наназад се јавуваше како организатор на оваа манифестација, сега ќе го организира ЕНТФИНИТИ ДООЕЛ Скопје, фирма, која, како што рекоа советниците од власта е реномирана за вакви манифестации и со која, Општината потпишува меморандум за соработка. Но,токму оваа беше тема на дебатата.
Опозицијата сакаше да знае, колку е финансиската конструкција која ја понудил организаторот? Кое е портфолиото на организаторот? Дали фирмата има организирано вакви, големи манифестации како што е Пивофестот 2018? Дали фестивалот би бил безбеден со нив ? Сомнежот е поголем, бидејќи како што рекоа, материјалот од оваа дополнителна точка на дневниот ред ја добиле 5 минути пред почетокот на Советот?

„Врз основа на транспарентна постапка Советот донесе одлука за соработка на Локалната самоуправа со организаторот ЕНТФИНИТИ ДООЕЛ Скопје за настанот кој ќе биде од грандиозно значење, ПИВОФЕСТ 2018. Досега тоа го правеше некоја невладина организација и во претходниот состав на Советот, ние, како опозиција немавме никаква информација за реализирањето на претходните пивофести. За да не шпекулираме со бројки колку чини финасиската конструкција на овој проект од страна на организаторот ќе бараме комплетната финансиска конструкција, за спроведување на манифестацијата, да ја добијат сите советници кои побараа од мене одговор ќе добијат писмено за целата организација, со што и јавноста ќе биде запознаена“-рече, претседателот на Советот на Општина Прилеп, Миле Талевски.

Опозицијата истакна дека се сомневаат во транспаретноста на целата организација на Пивофестот,

„На денешната седница беа донесени неколку такви одлуки,за кои советниците на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ , беа против и воздржани. Околу одржувањето на манифестацијата ПИВОФЕСТ 2018, околу изборот на организаторот, односно на компанијата која ќе ја врши организацијата,околу вклучениот меморандум за соработка, на минута пред стартот на Советот, ни беше доставен тој предлог, апсолутно не транспаретно: ниту која е оваа компанија, ниту како и избрана, дали имало јавен оглас, повик, конкурс или на кој начин баш оваа компанија е избрана. Треба да прашаме како дојде ЕНТФИНИТИ ДООЕЛ Скопје да биде организатор на оваа реномирана манифестација и затоа гласавме против меморандум за соработка, бидејќи немавме доволно информации. Да се разбереме, ние како советничка група, го поддржуваме одржувањето на ПИВОФЕСТ-от, со која навистина Прилеп доби да биде презентиран насекаде во едно убаво издание низ сите овие години, но, сме против носењето на вакви не транспаретни одлуки“ – рече координаторот на советничката група на ВМРО- ДПМНЕ, Петар Ристески.

Советниците донесоа одлука и за намалување на цената за паркинг при одржување на Пивофестот од 100 на 50 денари – со цел што повеќе посетители од надвор да го посетат Фестивалот на пивото.

„Со тоа очекуваме една сериозна бројка на граѓани кои ќе дојдат да го посетат овој грандиозен настан. Жалам што советничката група не го поддржа овој предлог што ќе ја нуди ЈП за ПУП и гласаше воздржано.“ рече претседателот на Советот.
Советниците донесоа одлука од блок дотациите кои не се искористени од минатиот период, да се прераспределуваат во проекти за реконструкција на училиштата. Одлука за правото на користење на просторот позади старата општина, која му припаѓаше на ЈКП Водовод, да се пренемени на користење на ЈКП Комуналец, но нема да се отселува нути една НВО организација, која има простории во тој комплекс.
Советот, едногласно донесе одлука и за ослободување на МПЦ, Пелагониска епархија, од плаќањето надомест за уредување на градежното земјиште за изградба на црковна трпезарија и административен простор во храмот „Св.Петка“ , како и одлука за зголемување на користењето на јавни површини за угостителските објекти, кои поставуваат урбана опрема, наместо од 4,5 м, како што беше досега, на можност за користење од 6 метри.

Би можело да ве интересира

Утре, премиерот и министерот за здравство во Прилеп

Гордана Цветаноска

Кузманоски со апел до спортистите за собирање донации за потребите на здравствените работници

Елизабета Филипоска

Нов асфалт за „Самоилова“ и „Војводинска“ во населба Точила

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе