-0.3 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

Осуммесечно бебе починало при транспорт од прилепската болница до Скопје

Осуммесечно бебе почина при транспорт со возило на Брза помош од Прилеп до Скопје. Тоа вчера било донесено во многу тешка состојба од страна на неговата мајка во болницата во Прилеп, по што било одлучено исто да биде испратено во  Скопје

Педијатарот веднаш одлучил да го испрати во Скопје зашто станувало збор за бебе кое на 8 месечна возраст тежело само 3 килограми. Но, за жал бебето не го издржало транспортот и починало на пат за Скопје.

Бебето е донесено вчера во многу тешка здравсвена состојба. За неговата состојба и лекарката веќе има дадено изјава пред инспекторите, а освен тоа не било ниту заведено во матична книга на родените. Било болно и неухрането, тежело само три килограми, а имало осум месеци. Се е превземено во прилепската болница и веднаш е испратено со Брза помош за Скопје. Но, за жал пред да стасат на Клиника починало. Лекарите во Прилеп и екипата на Брза помош по пат се направија, но за жал не успеја да издржи. Вчера го донела неговата мајка. Го прегледал лекар педијатар и веднаш го испратил во повисока установа, изјавила за ММС директорката на прилепската болница, Кети Смилевска.

Бебето немало извод од родените и затоа случајот е пријавен во полиција ,а врз неговото тело ќе биде извршена и обдукција.

Би можело да ве интересира

Рано утринава уште едно опожарено возило во Прилеп

Се судрија трактор и автомобил кај Лажани

Елизабета Филипоска

Уште еден крадец фатен на дело, оперирал во угостителски објект

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе